5 прашања и 5 одговори
Балканот ќе нема напредок без ЕУ

Потпретседателот на Европската комисија, Гинтер Ферхојген, не знае дали наскоро ќе има датум за преговори за Македонија
Кнут Прис Дописничко биро на ВАЦ
Брисел - ЕУ не е многу задоволна од помладите членки Бугарија и Романија. Особено од Бугарите. Фондовите од Брисел се замрзнати, барањата за натамошни санкции се отворени.
Што се однесува до европските фондови, сега имаме политика на нулта толеранција за грешки. За да ги постигнеме тие цели, насекаде е потребно силно и ефикасно управување. Затоа специфично се бара и Романија и Бугарија да оправдаат зошто е создаден т.н. механизам на соработка и верификација во договорот за прием. Комисијата за откривање на грешките сега е сконцентрирана на поголема соработка.
За време на мојата посета на Бугарија забележав дека политичката елита, но исто така и обичниот народ, е длабоко погодена од острите коментари. На суштинските критики од Комисијата не е одговорено, но мора да го гледаме тоа во контекст. За другите земји не правиме такви извештаи. Ако правиме, ќе стане јасно дека постоеле тешкотии со управувањето и владеењето на правото не само во Бугарија или во Романија. Ако треба да кажам во која земја-членка на ЕУ организираниот криминал има најголемо влијание врз политиката, секако, нема да кажам дека тоа е Бугарија.
Романија и Бугарија излегоа од најмрачното минато, никаде не беше толку лошо. Трансформацијата беше и е најтешка. Состојбата во овие две земји наголемо се подобрува. Психолошки е неопходно и политички важно јасно да се каже.
Критичарите велат дека беше премногу рано да бидат примени.
Причината за преговорите за прием на Бугарија и на Романија во 1999 година беше дека долгорочна стабилност во тој дел на Европа без тоа не е можна. Каде би биле денес доколку двете земји не го постигнеа овој степен на стабилност? Денес кога Црноморскиот регион е во центарот на нашето внимание и се обидува да стане политички фокус, Романија и Бугарија ни се потребни во ЕУ повеќе од кога и да е.
Што е со Хрватска?
Хрватска заостанува. Тоа е единствената причина зошто толку доцна стигна до нас, бидејќи лажно обвинуваа и го криеја осомничениот воен злосторник Анте Готовина. Со текот на годините, Хрватска направи обид. Но, верувам дека преговорите со Хрватска за време на мандатот на оваа комисија би можеле да бидат завршени. Покрај тоа, постапката е сменета: порано за земјите во периодот меѓу завршување на преговорите и времето за прием се отвораа обврски. Денес преговорите завршуваат само кога ќе бидат исполнети заложбите. Тоа, исто така, важи и надвор од договорот со ЕУ. Реперот е прилично високо поставен.
Кога ќе има датум за Македонија?
Не знам, не можам да оценам. Но, има јасни и уверливи изгледи за земјите од регионот. Свесен сум за резервираноста. Но, нема друга можност овој дел од Европа да добие траен мирен, стабилен и просперитетен пат. Старата Југославија не може да се обнови. Потребна ни е нова заедничка група, која може да биде само ЕУ. Цивилизациското влијание на членството е многу поповолно за решавање на проблемите отколку државите да се сами надвор, на студ.
Дали истото тоа важи за Украина и за Грузија?
Потребна е европска перспектива. Поради тоа јас бев за политиката на соседство, со константна цел да се продлабочуваат односите. Но, генерално, секоја европска земја што припаѓа на Унијата ќе го има правото да одговори. Искуството ми кажува дека народот кој е навистина на патот до Европската унија не може да се спречи. Но, сега не е момент да се размислува за членство на Украина и на Грузија. |