Брoj 2786  сабота, 13 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

На скопските дисперзирани факултети нема ни 10 студенти

Деканите на неколку факултети не сакаат да зборуваат за нови дисперзирани студии

Билјана Јовановска


Новите дисперзираните студии на десет факултети на Скопскиот универзитет низ државата, кои Ректоратот ги определи по барање на Владата, се соочуваат со апсолутна незаинтересираност на тамошните матуранти. На одделни високообразовни институции се запишани по еден-двајца кандидати, но некаде не се пријавил ниту еден потенцијален академец. Се повторува истата слика од уписите на новоотворените близу 30 факултети, кои и буквално во текот на уписите останаа незабележани и непривлечни.

Наспроти вицепремиерот Ивица Боцевски, кој на седница на Ректорската управа кога од деканите побара итна одлука за дисперзирани студии тврдеше дека во буџетот нема ставка за оваа намена, ректорот со писмо ги извести факултетите дека се обезбедени средства за оваа учебна година, но не се спомнува износот.

Според овој допис, Факултетот за земјоделство и храна во Струмица треба да има дисперзирани студии за градинарско-цвеќарска и за сточарска програма, скопскиот Правен би можел да се дисперзира и во Велес, Природно-математичкиот во Охрид би имал дисперзирани студии по информатика, Машински се планира да отвори студии по механотроника и тоа во Охрид и Куманово, потоа Градежен во Куманово и во Гостивар, Факултетот за електротехнички и информатички технологии во Куманово и Технолошко-металуршкиот факултет ќе има дисперзирани студии по кожарство, но не се посочува во кој град би биле отворени.

Деканите на факултетите кои се одбрани за дисперзирани студии и вчера не беа расположени за официјални изјави, бидејќи станува збор за политичка одлука кон која имаат голема скепса.

Аце Коцевски, градоначалникот на Велес кој за оваа новина дознал од деканот на Правниот факултет „Јустинијана Прима“, вели дека никој не го консултирал или информирал оти градот треба да обезбеди простор, макар и како привремено решение. „Студиите по право во Велес имаат иднина и како проект во нашиот град ги поддржувам. Вчера имав средба со деканот Давитковски и ветив дека ќе сторам се' да се обезбеди простор за настава“.

Во Велес веќе има дисперзирани студии на Факултетот за туризам и по информатика на битолскиот Технички факултет, на кои се запишани 1.000 студенти во сите години.

Деканите на неколку факултети со кои разговаравме не сакаа официјално да го коментираат потегот за нови дисперзирани студии, ама целата идеја ја оценуваат како катастрофа. Велат, станува збор за проект за кој и тие имаат многу прашања, а малку одговори, бидејќи им е нагласено дека треба да се однесуваат како интегриран Универзитет, што подразбира ректорот да го има главниот збор.

И при отворањето на претходните нови факултети ��из државата, Владата направи многу избрзани чекори, така што интересот за упис е повеќе од поразителен. Па, така, Правниот факултет во Кичево, кој се' уште е во фаза на матични комисии, односно не е ни акредитиран, повторно со одлука на Владата има дисперзирани студии во Битола и во Охрид, додека во Кичево никој не пројавил интерес за упис. На Градежен во Гостивар и во Куманово, запишани се само двајца, односно еден бруцош.

 


Статијата е прочитана 1289 пати.

Испрати коментар

Од: Trajko
Датум: 13.09.2008 00:56:50
Najgolemite antikomunisti rabotat totalno komunjarski, na "ura", bez da se napravi elaborat i da se istarazuva terenot, zainteresiranosta, opravdanosta na eden takov proekt. Vremeto na rabotenje na "ura" pomina uste vo 1947 godina. Kako ocekuvaat da ima zainteresiranost, koga i sega ima eden kup nevraboteni so diploma?
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 13.09.2008 01:59:17
Наша Влада забравие едну ногу важну работу од два дела. Никој да се сети дека е време да копамо по Вардар и Пчињу,а не по њиве и страништа да тражемо потковице од Букафала. И да ѓи направимо ПЛОВНЕ. Па поред канал да изградемо стокатнице.Куде ќе ни биде крај? Втора работа е, у исто време, док прокопамо и изградимо пловни канал, у нашу Секулуци да отворимо ФАКУЛТЕТ ЗА БРОДОГРАДЊУ. Да не се најдемо затечене. Имамо канал а немамо бродове. Ја мислу предлог е добар и Влада ќе га стави у преродбу и чекоре...
Од: kole
Датум: 13.09.2008 01:59:31
Nisto cudno... glaven korifej za otvoranje na taa diletantika e nezavrseniot pravnik Vlatko Gjorcev... VMRO-vska rabota... Prerodbata prodolzue... Tesko nas...
Од: Ace
Датум: 13.09.2008 21:31:39
"додека во Кичево никој не пројавил интерес за упис."Kako e mozno toa?Jas sum ok Kicevo i poznavam mnogu prijateli sto se zapisale tamu.Gi proveruvate vie ovie informacii ili druga vi e celta?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Мистеријата и постојаноста на Обама
Театарски караници
Зденко
Бојо Андревски судски ќе ги преземе „Време“ и „Шпиц“
Одбележан јубилејот 100 години од раѓањето на Кочо Рацин
Насловна
Спој на источната и западната медицина
Сезона на тишина на Универзитетот
Матрица
Нов пакет на Метју Нимиц за јазикот и за нацијата
Балканот ќе нема напредок без ЕУ
Доматите се газеа, сега ги нема ниту за лек
ЕУ порачува
Циркус - дебата за Македонија во Брисел
Руски рулет
Вербатим
Домашниот фудбал повторно на сцена
Карикатура
Асиф Али Зардари