Брoj 2786  сабота, 13 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Бојо Андревски судски ќе ги преземе „Време“ и „Шпиц“

Бојо Андрески, издавачот на „Вечер“ и сопственик на Европскиот универзитет, му објави војна на Велија Рамковски, најавувајќи дека наскоро преку извршител ќе ги преземе весниците „Време“ и „Шпиц“ како наплата на долгот од над 200 илјади евра. Постапката за одземањето на сопственоста на весниците е започната преку извршител и доколку во најскоро време фирмите на Рамковски „Синим“ и „Време еч“ не ги исплатат долговите за печатењето на двата весника на „Цетис принт“, или не се предложи спогодбен договор, весниците „Време“ и „Шпиц“ со извршна постапка ќе преминат во сопственост на Андрески.

Според адвокатот Стево Меноски, правен застапник на групацијата „Андревски“, против Рамковски и сосопствениците на неговите фирми поднесени се и кривични пријави за обид за измама.

Откако по двегодишно печатење на двата весника, во 2005 и 2006 година, не била платена ниту една фактура, „Цетис принт“ поднела тужба за што Основниот суд Скопје 2 во мај годинава донел пресуда фирмите на Рамковски „Синим“ и „Време еч“ да си го платат долгот. Во тоа време „Цетис принт“ одби да ги печати весниците се' додека не биде исплатен долгот, поради што и „Време“ и „Шпиц“ извесен период се печатеа во Бугарија. Според адвокатот Меноски, договорите околу печатењето на весниците ги правел лично Рамковски, но кога било побарано од него да го плати долгот, тој печатењето на весниците го префрлил на друг издавач, за да избегне да ги плати побарувањата.

За да ги избегне плаќањето на долгот според пресудата, вели Миновски, жиро-сметките на овие две фирми остануваат подолго време блокирани, иако весниците и натаму непречено излегуваа. Во меѓувреме, додава тој, Рамковски печатењето на весниците го префрла во својата печатница „Мисирков“ и отвора нова фирма „Плус продукција“ која продолжува со издавањето на двата весника. Поради ова, против Рамковски и сосопствениците на неговите фирми е поднесена и кривична пријава за измама.

„Сметаме дека Одделението за организиран криминал при Јавното обвинителство има доволно докази да поведе кривична постапка. А, со оглед дека не постои друг имот на фирмите кои се должници, своите побарувања ќе бидат наплатени со преземање на дневните весници ’Време’ и ’Шпиц‘“, потврди адвокатот Стево Меноски, кој смета дека на друг начин и не ќе може да биде наплатен долгот. Тој рече дека по преземањето на овие два весника, за нивната судбина ќе одлучува Андрески, но смета дека најверојатно тие нема да ги згаснат и ќе продолжат да бидат присутни на медиумскиот простор. Околу процената на весниците, Меноски рече дека веќе се направени пресметки и дека нивното преземање би требало да ги искомпензира долговите во целост. (Св.У.)


Статијата е прочитана 902 па��и.

Испрати коментар

Од: citatel
Датум: 13.09.2008 00:14:33
Добро е што господинот Бојо се сетил да си го наплати долгот. Исто така дотичниот господин треба да се сети дека и тој им должи на професорите пари за книгите кои ги наплаќа од студентите.
Од: jimmy1
Датум: 13.09.2008 16:11:15
Denes webmasterot ni e zaspan, nema komentari
Од: mene
Датум: 13.09.2008 16:45:59
ama i dvajcata se smesni tranzicioni biznismeni
Од: nade
Датум: 14.09.2008 12:32:49
Bojo netreba da go navreduva vistinata (tocnosta) Gospodine Bojo ako si tolku silen sredigi propustite so se namnozija vo fakultetot a ne so zakani za vesnicite ako ne ovie vesnicike pisuvaat drugi vesnici a ke pisuvame i nie roditelite koi investirame ogromni sumi na srestva i posle das bideme zafrknati ,najmalku ti e potrebno vakva zakana ami treba da izlezes pred roditetlite i da mu dades garancija deka se ke bide vo red so fakultetot vo koj investiraat .Veke se storija dve godini kako roditelite maki macat so ke se sluci ...... Ako navistina si Mas izlezi i kazi..............

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Мистеријата и постојаноста на Обама
Театарски караници
Зденко
Одбележан јубилејот 100 години од раѓањето на Кочо Рацин
Насловна
На скопските дисперзирани факултети нема ни 10 студенти
Спој на источната и западната медицина
Сезона на тишина на Универзитетот
Матрица
Нов пакет на Метју Нимиц за јазикот и за нацијата
Балканот ќе нема напредок без ЕУ
Доматите се газеа, сега ги нема ниту за лек
ЕУ порачува
Циркус - дебата за Македонија во Брисел
Руски рулет
Вербатим
Домашниот фудбал повторно на сцена
Карикатура
Асиф Али Зардари