Брoj 2786  сабота, 13 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Матрица

Филип Петровски

Тргни на работа, помини низ истите улици, види ги истите луѓе, истите домашни миленичиња, на истото место, во исто време... Нели е тоа матрица?

Ќе го започнам овој текст со неколку редови за експериментот што се случи пред неколку дена во Швајцарија. Навистина намерата на експериментот, дебатите за и против, како и можноста од Армагедон, крај на се', ме замислија. И бидејќи многумина го нарекуваат најголем експеримент во историјата на човештвото, решив да го исцртам моето внатрешно доживување од моментите кога, според противниците на овој експеримент, бевме на прагот на самоуништување. На моја среќа, дента, половина час пред започнувањето на експериментот, добив линк од Интернет-телевизија што го пренесуваше случувањето во живо. Така можев директно да следам што се случува навистина и ако навистина дошол крајот, барем да го видам тоа во живо. Оцената на стручната јавност е дека ваков експеримент се случува еднаш во сто години.

Потрагата по божјите елементи, односно по честичката од која се настанало, навистина е „светиот грал“ на научниците. Амбициозно е да се трага по модел што може да го изимитира настанувањето на светот во лабораторија. Скептиците најавуваа дека таа потрага може да биде трагична, односно дека може патем да се создаде „црна дупка“ која ќе го проголта светот што го знаеме. Најавуваа дека, всушност, со експериментот можеме да претераме и да ја поминеме границата од која нема враќање. Еден од противниците на овој експеримент пред неколку години напишал, замислете овие вештачки создадени мали црни дупки да избегаат и патем да го изедат Чикаго? Колкави треба да бидат заинтересираноста и смелоста на човекот за да го прави овој експеримент? Што ли е тоа што толку силно не' гони да истражуваме?



Ги гледав преку мониторот многуте човечиња (научниците) растрчани таму-ваму низ подземниот ходник каде што се одвиваше експериментот. Си помислив за момент, што ако навистина е крај? Замислете дека пред вас е последниот половина час од постоењето на се'. Раздразнува мислата. Носи голема непријатност. А вие сте во можност да го проследите тоа во директен ТВ-пренос. При разговори со некои мои пријатели заинтересирани за експериментот со создавање на „божјите честички“ се потсетивме на создавањето на атомската бомба. Со проектот наречен „Менхетен“ раководел Опенхајмер. Но, пред да се употреби бомбата, требало да се изврши тестирање. Секако, за да се дознае, како и во случајот на денешниов експеримент, дали се валидни и реални математичките равенки, односно да се докаже корисноста на нуклеарната енергија. Тестирањето е извршено во Ново Мексико. Упростено, пред творецот на атомската бомба биле три можности што ќе се случи ��о тестот на атомската бомба. Сите три биле еднакво возможни.

Првата можност, да не се случи ништо, да не експлодира бомбата. Втората, да експлодира бомбата, но со неа да се уништи и целата атмосфера во континуирана верижна реакција. И третата, да може да се контролира експлозијата, така како што се случи во Хирошима и во Нагасаки. Можете ли да замислите колкава била тежината на одлуката што ја носел Опенхајмер и стравот да не се случи второто сценарио. Историјата вели дека му било наложено да го направи експериментот и покрај можните погубни последици...

Колку вреди се' околу нас, сосе нашите животи, сите наши надежи и очекувања? Интересно е што секојдневните обврски и оваа приземна живејачка многу не' одвојуваат од суштината на животот, од прашањето - која е нашата цел и колку чини тоа. Плаќаме голем цех за одвоеноста од нашата филозофска суштина. Зомбификацијата која е на дело од голем дел од човештвото прави само статистичка бројка, која го плаќа тоа со мака и страдање. Често се прашувам колку и самиот сум зомби, односно само бројка.

Потсетете се само на идејата на филмот „Матрикс“, според која сите ние навистина сме бројка, односно извор на енергија за тие што не' цицаат, во филмот претставени како роботи и вештачка интелигенција. Колку и да е далечен или фантастичен овој концепт, мала метафизичка промисла, со отворени мисловни порти, укажува на реалната можност сепак се' да е така. Колку пати сте си кажале - немам енергија денеска. Исцрпен сум. Можеби реализацијата на одземањето на животната енергија не е така сурова и не сме затворени и одвоени во некакви мембрани. Но, кој вели и со што може да потврди дека навистина не е така. Истовремено на размисла ја нудам и песната на „Пинк флојд“ – „Добредојдовте во машината“. Случајно ли пееле тие титани на рок-музиката за машината која ти кажува дури и што ќе сонуваш? Машината што ти ги програмира животот и твоите потреби. Провокацијата оди дотаму што противењето на ликот и неговата свесност ги слика како дополнителен дел на машината, односно на нејзините можности за создавање илузија и контрола. Ме инспирираше оваа песна во моментот, затоа подзастанав. Размислувам. Го отворив текстот на песната. Интернетот е чудесна работа (ако не е некаков глобален колектор на енергија!). Се' ми е при рака. Решив да направам пост. При рака ми е и мојот блог. За момент се префрлувам на блогот и правам пост со текстот и видеозаписот на „Добредојдовте во машината“. Нема полесна работа од тоа.



Можеби ви е полесно да си ја замислите машината, наместо како приказот на „Матрикс“, како секојдневната живејачка. Задолженоста на банковните картички која секојдневно расне и која е товар од кој не можете да се ослободите. Неможноста да ги решите егзистенцијалните проблеми ве тера да ја продавате слободата за малку пари. Додека се' повеќе работите, некој друг се' повеќе се богати. Во меѓувреме, минуваат години, аргатското темпо ви го уништува здравјето. Затоа се' повеќе сте принудени парите да ги враќате низ индустријата за лекови на истите газди кои, всушност, ве разболеле. Колку повеќе се лекувате толку повеќе се разболувате. Децата тргнале во училиште, нова чешма низ која истекуваат скапо платените пари со здравје. Колку повеќе раснат толку повеќе чинат.

Училиштата сега се ценат според начинот на рекламирање, а не според знаењето што го нудат. Како последица на тоа се јавува медиокритетство. А тоа неговите жртви, откако ќе ги сомеле машината, ги става во истиот бесконечен ред за трошење. Мислите дека трошите, а всушност ве трошат. Кога најмногу ви е потребно, дознавате дека сте добиле некакво наследство. Меѓутоа, додека да го поделите со роднините, минуваат дополнителни десет, дваесет години. Сумата што сте ја потрошиле дотогаш за адвокати многукратно ја надминува вредноста на тоа што треба да го добиете. Имате чувство дека се вртите во круг, дека некој ве гледа низ огледалото, дека нешто не е в ред, а не можете да преземете ништо. Тргни на работа, помини низ истите улици, види ги истите луѓе, истите домашни миленичиња, на истото место, во исто време... Нели е тоа матрица? Само не е толку холивудски филмувана. И е спуштена на ниво на секојдневната живејачка.

Всушност, сакав да пишувам за последните измени во Законот за надворешни работи. Има таму доста интересни новели податливи за коментирање. Ама бев пресретнат од овие слободни одгласи по повод експериментот кој можеше брутално да ни стави крај. Затоа барем во текстот си ја дозволив слободата, макар за кратко да излезам од матри��ата, пред да изврти до крај.

(Авторот е магистер по меѓународна политика)

http://filippetrovski.blog.com.mk


Статијата е прочитана 1151 пати.

Испрати коментар

Од: kole
Датум: 13.09.2008 02:09:03
Da Filipce, toa e matrica, ama zatoa vie VMRO-vcite ke ja smenite so raznorazni gluposti... stikatnici... ragjanje 4 deca... fakultet na sekoj agol... tenisko igraliste na sekoja naselba (i Amerika toa go nema bogati)... fiskulturni sali ... pa neli Filipce ni ja menuvate matricata... ne izgleda na podobro.....Prerodbata se ke rushi...
Од: Макрис
Датум: 13.09.2008 09:28:03
Ти бе дечко по која матрица штрајковаше со „глад“?Шрајковаше албанците да не добијат факултет,а да добиат неколку универзитети?Важно скарата беше добра шо ја јадевте во шаторите.
Од: Hardonizacija na Makedonija
Датум: 13.09.2008 10:41:09
Filipe. vo greska si i ti i celiot naucen svet. CERN ne e prv vo izveduvanje na vakov ekpseriment. Ovaj eksperiment so hadronski kolajder vece 17 godini ze izveduva kaj nas vo Makedonija, a sega momentalno e postignuvanje na negoviot maksimum.Vo ovaj naucen eksperiment se vkljuceni site vladi na R. Makedonija od nejzinoto osamostojuvanje pa se dosega( i ti kolku se secavam eden kratok period imase moznost da bides aktiven ucesnik vo eksperimentot. So istiot se dokaza i uspea edna teritorija od od 25713 km2da bide progoltana od ogromnata crna dupka , a populacijata pri silnite udari pretvorena vo subatomski cesticki na antimaterija . Alal vi vera!!
Од: vini
Датум: 13.09.2008 13:47:39
daaaaaaaa ,bash taka e ,matrix!
Од: tarantul
Датум: 13.09.2008 15:15:16
DOBRO e ova so tekstot no znaes nas ovde ne maci ke ne bide li so imateo ili ne ,ako ovaa vlada so ovaa postava dozvoli SRBIJA pred nas da dobie datum za pregovori ili pak toa se sluci zaedno da znaes FILIP nema da dotrae ovaa vlada nema ni VMRO da go ima ,nesrekno izbran minister koj zaradi tesni licni vrski istisna drugi megu koi i tebe ,koi so sigurnost bi se nosele mnogu mnogu pouspesno a ne da se pretvora vo gatacka na GRUJOTA,tova govori oti deka na VMro ne mu e dadeno da vladee ,i toa ke e kraj,namesto da se vpregne seta masina koja kakva e takva e GRUJO se sprema za izolacija eeeeeeeeee abe pominaa tija vreminja ne davat golemite ,a ti si tolku malenku stto ne se gledas
Од: Petre Lukarov
Датум: 13.09.2008 20:05:41
Alal nek ti e Petrovski. Kolku sum sreken samo so ne sme komunizam a demokratija. GOvorish za sho sakas i pravis so sakas, dodeka masinata ne ti kaze so da pravis :)
Од: mene
Датум: 13.09.2008 22:36:25
Алберт Анштајн еднаш рекол:,,Човек кој го смета својот живот за бесмислен,не е само несреќен,туку и едвај подготвен за живот".Во согласност со таквото размислување,некои настојуваат да внесат смисла во својот живот ангажирајќи се во уметноста,научните истражувања или хуманитарните напори за да се спречи нечие страдање.Дали познаваш такви лица?Разбирливо е да размислуваме за смислата на животот,како и за сиромаштијата,болестите и неправдата.Но еден професор кој го преживеал Аушвиц забележал:,,Нема ништо на светов што би му помогнало на човек толку успешно да ги преживее дури и најлошите услови,од спознанието дека неговиот живот има смисла".Мирисот на зумбул,јоргован во пролет,мирисот на дуња во есен,некое изгрејсонце или пејсаж од кој здивот застанува,даваат чувство дека вреди да се живее.Нечија добра,чесна намера,убав збор,искрен поглед...се нашето орудие против овој суров свет кој до вчера беше научна фантастика.Само да не ни ја скршат душата...на ја даваме...само таа ни остана.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Претходен број
Мистеријата и постојаноста на Обама
Театарски караници
Зденко
Бојо Андревски судски ќе ги преземе „Време“ и „Шпиц“
Одбележан јубилејот 100 години од раѓањето на Кочо Рацин
Насловна
На скопските дисперзирани факултети нема ни 10 студенти
Спој на источната и западната медицина
Сезона на тишина на Универзитетот
Нов пакет на Метју Нимиц за јазикот и за нацијата
Балканот ќе нема напредок без ЕУ
Доматите се газеа, сега ги нема ниту за лек
ЕУ порачува
Циркус - дебата за Македонија во Брисел
Руски рулет
Вербатим
Домашниот фудбал повторно на сцена
Карикатура
Асиф Али Зардари