Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

Смешно е да се двои кој е Македонец, а кој не е

Викторија Соколовска, која живее во Австралија, е автор на првото електронско археолошко издание во земјава

Катерина Богоева

Археологот Викторија Соколовска, авторката на првото електронско археолошко издание во земјава, книгата „Античкиот град на Исар-Марвинци, Валандово “ што неодамна ја издадоа веб - порталот „Порта археологика“ и фондацијата „Метаморфозис“, веќе десет години живее во Австралија. Соколовска, која вршела теренски археолошки истражувања на речиси сите археолошки локалитети Македонија е родена во 1931 година во Сјеница, Србија. Дипломирала на Филозофскиот факултет - група археологија во Белград, а во Скопје, каде минала голем дел од животот, сеуште често доаѓа. По студирањето работела во Археолошкиот музеј на Македонија, а од 1991 до 1995 година беше и директор на Музејот на Македонија. Летово присуствуваше и на промоцијата на својата прва електронска книга која претставува културно - историски осврт, резултат од нејзиниот реализиран научен проект за долината на Вардар во првиот милениум пред н. ера.

На археолошки локалитет Исар Марвинци, познат по вредните наоди, по дивите копања и по истражувањата кои со голем интензитет се реализираа во изминатите неколку години, таа работела дваесет години. И припаѓа на првата генерација археолози кои по Втората светска војна се занимавале со археолошка наука.

„Кога започнавме со истражувањата, познававме некои делови од земјава кои и претходно беа истражувани, меѓутоа Повардарјето за нас претставуваше тајна. Не знаевме што таму се случувало пред доаѓањето на Римјаните на овие простори, а нашиот интерес за Исар кај село Марвинци, произлезе од постоењето на еден натпис на локалитетот кој што нудеше податоци за година на настани. Првите ископувања ги започнавме во 1976 и 1977 година на тема „Долината на Вардар во првиот милениум пред н.ера“, најнапред во Гевгелија, на некрополи од т.н. постаро железно време. Се покажа дека беа полн погодок, бидејќи откривме некропола со исклучително значајни наоди кои пред тоа воопшто не беа ни објаснети. Исар Марвинци започнавме да го ископувавме следната година но, за жал продолживме со големи прекини и со многу мали средства. Но, и покрај тоа, драго ми е што помладите археолози и по моето пензионирање, продолжија да го истражуваат локалитетот и што дојдоа до мошне важни резултати“.

Покрај нејзиниот континуиран музејски ангажман, преку теренските истражувања во кои учествувала како член или како раководител на стручни екипи, самостојно и како носител на поголеми научно-истражувачки проекти, Викторија Соколовска особено внимание му посветила на расветлувањето на историјата на Пајонија. Го покренала одново прашањето за територијалната распространетост на пајонските племиња од нивната појава во историските извори, па до крајот на постоењето на пајонската самостојна држава. Автор е и на околу шеесетина научни трудови во домашната и странската археолошка периодика. Во книгата поставена на Интернет што може да се преземе од веб - порталот „Порта археологика“ и од веб-страницата на „Криејтив комонс“ и која се очекува да добие и англиска верзија, таа меѓудругото ја решава и долгогодишната енигма, дали Добер или Идомене е градот што се наоѓал на Исар Марвинци.

„Во 1984 година ние откривме еден натпис со текст од двете страни на правоаголна плоча општетена во долниот дел, на чиј еден дел стои испишано дека од Идомене до Добер има 20 стадија. Плочата е наречена стадион - патоказ кој ги информирал луѓето што излегувале и влегувале во градот, но нејзиното откривање не беше сигурен доказ кој од тие два града всушност се наоѓа на Исар Марвинци. Јас анализирав многу информации од изворите, комбинирани со резултатите од нашите истражувања и ситуацијата од теренот што ја имаме и дојдов до заклучок дека станува збор за Добер. Градот Идомене пак се наоѓал од другата, западната страна на Вардар, каде е Гординија и други градови со критски аналогии што припаѓаат и на друга област“. Соколовска потенцира дека пајонскиот град Добер е мошне значаен бидејќи во него со голема војска се стационирал тракискиот цар Ситалк во 429 година пред н.е, при тргнувањето во поход против Македонија. „Во изворите Добер е познат и како град од каде потекнуваат девет преторјанци, млади луѓе во елитната царска римска војска, што би рекле денеска, назначени по име и презиме“, рече.

Посочи и дека со големо задоволство ја прифатила понудата на помладиот колега археологот, Горан Санев, книгата што ја подготвувала, наместо да биде отпечатена да биде издадена по електронски пат. „На овој начин, таа може да му послужи на секого кој е заинтересиран да ја прочита, без разлика дали се работи за стручно лице или за некој што сака да дознае нешто за минатото“.

Запрашана за соработката со помладите колеги од земјава во врска со истражувањето и презентирањето на откриените резултати, рече: „Мислам дека младава генерација е малку повеќе самоуверена од што треба да биде. А треба малку повеќе да се потпира на резултатите од претходните генерации. Но, сепак меѓу младите колеги има и такви кои ми приоѓаат и сакаат да чујат нешто од мене, да ми покажат што откриле, да видат дали можам да им помогнам, да ги насочам во нешто. На некои и јас самата им сугерирам што да прават. Новите истражувања даваат нови резултати, а археологијата е дел од мојот живот. Не можам така лесно од неа да се одрекнам, со тоа живеам. Тоа ми е лична преокупација, покрај семејството кое е на прво место“.

За актуелниот период на интензивно занимавање со антиката во земјава, Соколовска очекувано, имаше свое мислење и став.

„Науката не би требало да влијае врз политиката и обратно, бидејќи ако ние научниците водиме политика, еден ден или ќе бидеме смешни или ќе бидеме осудени. А тоа не е добро. Не би требало политичарите да се бават со наука, но за жал, во даден момент ги користат нејзините елементи. Антиката е дел од минатото во која и ние како наша земја, Република Македонија сме учествувале. Се она низ што поминувала земјава е дел од нашето минато, но не можеме да го избришеме, не можеме да му дадеме друга димензија, туку онаа каква што е. Како Македонија имаме право така и да се нарекуваме, Македонци, а тоа право никој не може да ни го оспори. Се знае дека Александар Македонски не е Грк, иако ја ценел грчката култура, што е неоспорно. Тоа историјата го знае. Античка Македонија опфаќала дел од денешна Македонија и тоа многу добро се знае, стои и во сите публикации од историјата на стариот век, па дури и од археологијата. Како археолози во текот на нашите истражувања секогаш сме морале да даваме уводен дел и да кажеме во кое време овие наши простори припаѓале на Пајонија, кога Античка Македонија се раширила и кога ги опфатила и овие предели, кои делови од Република Македонија и припаѓале на Дарданија или на Тракија и т.н.

Тоа се работи што треба да се знаат и да не се користат во политички цели. Но, ние имаме и своја праисторија и своја историја и тоа треба да се прифати. Не може ништо да се издвојува и да се користи во незнам какви цели, како на кого му одговара во дадениот момент. Ние сме народ кој поминал низ разни периоди во тек на историското минато од праисторија, антика , среден век, периодот на Словените и т.н. Тоа не е едноставна работа и не може сега да се издвојува овој е Македонец, а оној не е Македонец. Тоа се смешни работи“.

За Викторија Соколовска Австралија не е привлечна земја од археолошка гледна точка. Австралијанците ги опишува како многу сериозен народ, кој кога нешто проучува тоа го прави од корен. „Тие се големи патриоти, ентузијасти се. Ако им се побара помош за волонтирање во одредени ситуации, масовно се јавуваат, пожртвувани се за својата земја. Таму немам многу контакти со археолози, освен кога пред неколку гостуваше изложбата на теракотните икони од Музејот на Македонија во градската галерија во Вулогонг. Тогаш бев присутна за цело време и чувствував респект од страна на организаторите и посетителите, бидејќи знаеја дека сум археолог што работел во Македонија“.


#
Статијата е прочитана 2326 пати.

Испрати коментар

Од: koki
Датум: 09.07.2011 07:54:05
Викторија.... се убаво си кажуваш ама семето на раздорот е веќе посеано.................
Од: Tina
Датум: 09.07.2011 09:16:40
E golema privilegija da se znae za Viktorija i za nejzini raboti vo pole na arheolozite. Sakam da uspostavam kontakt so nea. Blagodaram
Од: Пајонец
Датум: 09.07.2011 17:49:45
ако територијата на денешна РМ во античко време била населене со Пајонци зошто дпмнеовците не се прогласуваат за нивни потомци. и чии потомци се власите и грците во егејска Македонија кои и пред 1912 година се побројни од славофоните. по се изгледа немаме никаква врска со античките македонци па и на секој ќош да ставиме ’’Војник на коњ’’ минатото не може да го смениме
Од: Gavran
Датум: 10.07.2011 01:59:45
"Pajonec" aj ne zbori gluposti i ne se mesaj kaj sto netie mesto. Ako imas problemi koj si i sto si prasaj ja babti od kaj ti e semkata. Ostavi gi makedoncite sami da si gi resime problemite sto si gi imame. Ne ni trebaat dusmani da ni kazuvaat koj sme i sto sme. MAKEDONIJA NA MAKEDONCITE.
Од: nacional-patriot
Датум: 10.07.2011 04:01:05
Do pajonec.Pajoncite vo antikata bile malcinstvo vo Makedonija,a mnozinstvoto go socinuvale antickite Makedonci.Pred 1913 godina ne bile mnozinstvo Vlasite i takanarecenite Grci,tuku mnozinstvo bile etnickite Makedonci.Makedoncite sekogas se kazuvale za Makedonci,a ne za nekavi slavofoni sto e izmislica napisana od istoricari pripadnici na vestackiot grcki narod.
Од: ДО 1913 во Пела на Александар и Мисирков немало Грци
Датум: 10.07.2011 12:45:50
А во цела етничка Македонија под турско 75% Македонци биле 10% Грци па Власи Роми Турци итн. За пајонецот се гледа незнае и од ракав тресе во Грција нема Власи и Роми и други сите се Грци и сите се наследници на Александар и тгие што ја колонизирале Македонија после 1913 и тие црните од Кипар се е грчко и Грција ама не е тоа точно. Тоа е измислено после 1913. За Воден Лерин Костур Кукуш Драма Серез Солун не се потресуваат никакви Власи туку тоа е македонска голгота. И денес Лерин е со 80% луге со македонско потекло. А Воден со 60. Во Грција такви се околу 800.000 луге а во Бугарија секој трет е со македонско потекло. Научете ја вистината не гркосрбоблгарска пропаганда и лаги. А девет милиони Македонци од светот ке ја обединат Македонија.
Од: Do "Pajonecot"
Датум: 10.07.2011 13:22:49
Ti mora da si Vlav shtom vaka za niv poveke se instresirash otkolku za Makedoncite i Makedonija, pa sega glumi i "pajonec". haha...budala svetska. Vlasite i Grcite ne se nishto drugo osven meshavina od koj shto ke stigne, a edinstveno shto gi drzhi zaedno e "solidarnosta" kako shto sega ja narekuvaat poddrshkata imegu sebe i VERATA paganska, nishto drugo nitu imaat zaednichko a pak namalku svoe na Balkanot. A shto se odnesuva za Pajancite, tutuk eden tie bile IST narod so Makedoncite, a postoele pod razlichno ime zatoa shto taka im se vikale zemjoposednicite ili "kralevite" na chii teritorii zhiveel narodot. Pajon inaku bil EDEN brat od poveketo (pelazgijci kako shto prvichno se narekuvale site) i zhiveele vo okolinata na Olimp i gradot Piza, shto podocna go smenile vo Atina otkako bil prepolnet so afrikanski doselenici. Pajona bila narechena spored zemjoposednikot NO i glavniot del od Egejska MKD sekogash bil pod kontrola na Peoncite. Podocna formirale zaednichka drzhava Makedonija.

Најди! во Утрински
Насловна
Фалсификатите ги продаваат оригиналите
Пописот наближува, недовербата останува
Пасош во фотофиниш за почеток на одморот
„Кралот на Ла Манш“ на 70 години ќе плива од Свети Наум до Охрид
Ќе ја смири ли бракот палавата манекенка?
Македонци продаваат имоти во Грција
Седни и јади
Полските амбиции
Манастирот во Рајчица го граделе Македонци
Ако вратата е затворена, влезете преку прозорец
Kој да научи лекција?
„Вомен анлимитед Маседонија“
Фред го спаси Бразил од пораз
Кој победи во војната 2001 година?
Соединување на регионалните млади музички сили
Силен земјотрес во Јапонија, укината опасноста од цунами
Бранко и Али бегаат од тигарот
Африкански бран над Македонија
Предизвиците на Лагард
Прием во американската амбасада
Спектакуларен крај на најславниот таблоид

"""