Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

Пописот наближува, недовербата останува

На два и пол месеца пред почетокот на „пребројувањето“, не се решени несогласувањата во Државната пописна комисија

Светлана Унковска


Пописот на населението и домаќинствата во Македонија, кој прво беше закажан во април годинава, но мораше да се одложи откако изби несогласување меѓу членовите во Државната пописна комисија, а потоа и поради предвремените избори, ќе се спроведе наесен - од 1 до 15 октомври. Во исто време, ќе се пребројува и населението во соседна Албанија. Освен терминот, пописните операции во двете држави ги поврзува и тоа што Македонците во Албанија не веруваат во слободен и реален попис, слично како што и Албанците во Македонија немаат доверба.

Два и пол месеца пред почетокот на пописот, ситуацијата во Македонија е речиси иста како и пролетоска. Поради несогласувањата околу структурата на пописните парови, претставниците на Албанците и на Турците тогаш ја напуштија седницата на Пописната комисија со закана дека нема да учествуваат во натамошната работа, но оттогаш досега не се најде за потребно недоразбирањата да се надминат. Претседателката на Комисијата, Весна Јаневска вчера ни изјави дека технички се подготвени за пописот што значи дека се направени сите упатства и сите обрасци се испечатени, како и плановите за медиумското презентирање, но дека останало уште да се договори структурата на попишувачите.

„Државната пописна комисија за време на изборите и додека траеше изборната кампања направи пауза. Планираме да продолжиме со подготовките за одржувањето на пописот веднаш по формирањето на Владата. Откако имавме несогласувања со одредени членови на Комисијата ние формираме едно работно тело од пет членови кое уште тогаш одржа неколку состаноци. Начелно групата постигна договор за принципот на работа, а одржаа и неколку симулации за работата на пописните парови“, ни изјави Јаневска.

Во оваа петчлена работна група, чиј координатор е Љубомир Атанасовски, учествувале и претставници од албанската заедница - Јакуб Фетаи и од турската - Сали Мурати. Јаневска објасни дека симулациите се однесувале на тоа како би изгледале паровите што ќе ги посетуваат семејствата за да го спроведат пописот.

„Се' уште немаме постигнато договор, но симулациите покажаа како би изгледале пописните парови. Тоа значи ако во едно место мнозинство се жителите од албанска етничка заедница, а втори по

бројност се Македонци, тогаш имаме тим од Албанец и Македонец. Или ако најбројни се Албанци и Турци, со таков состав ќе биде и пописниот пар. Значи во зависност од тоа каква е структурата на населението во таа општина такви ќе бидат и паровите“, објасни Јаневска.

Таа најави дека веднаш откако ќе се изгласа Владата, ќе закаже состанок на Државната пописна комисија и очекува дека и членовите, кои во март ја напуштија работата, ќе присуствуваат на седницата и дека ќе бидат надминати недоразбирањата со што конечно ќе се деблокира работата. Во исто време ќе биде објавен и конкурс за попишувачи, но нејасно е што ќе се преземе ако и овој пат не се јават доволен број попишувачи од албанската етничка заедница.

На последниот состанок на Државната пописна комисија потпретседателот Абдулменаф Беџети и членови од турската заедница ја напуштија работата на Комисијата незадоволни од етничкиот состав на попишувачите. Вчера Беџети одби да одговара на нашите прашања, поради, како што ни рече, презафатеност.


#
Статијата е прочитана 1504 пати.

Испрати коментар

Од: Budilnik
Датум: 09.07.2011 03:24:10
Kako se odnesuva vladata kon vaznite prasanja od interes za drzavata...pa isto kako i so glasanjeto vo dijasporata- vo diskrecija i samo so partiskite vojnici. Ako se sudi spored izborite niz dijasporata i spored laziranjeto na reziultatite, ne e poznat brojot na VMROvci koi ke bidat popisani po partiska linija a i kogo ke apsi Grievski za da ne gi spori rezultatite od popisot. ZOsto? Pa zatoa sot tie ke mu bidat vazni za "referendumot" zad koj ske se krie kako sto se krie zad namestenite izbori vo kroenjeto na vlada za idninata (nebidninata) na Makedonija. Da nebide taka, mora sami da se razbudat Makedoncite niz celiot svet...ama nemaat BUDILNIK!
Од: coca-cola
Датум: 09.07.2011 10:42:28
Prestanete so vakvi nekriticki napisi koi se krajno neproduktivni.Kako moze voopsto da pravite sporedba so popisot na naselenieto vo Albanija i RM.Postoi ogromna i sustinska razlika.Kaj nas albanskoto malcinstvo gi ima site prava slobodno da se izjasni dodeka vo Albanija ne samo makedonskoto malcinstvo tuku i drugite so godini bea negirani i nepriznaeni,pa toa se slucuva duri i denes.Dodeka kaj nas albanskoto malcinstvo se obrazuva na svojot majcin jaik od osnovnoto do visokoto obrazovanie na drzaven trosok,vo Albanija na makedonskoto malcinstvo ne mu e dozvoleno ni privatno da go izucuva makedonskiot jazik,i da ne nabrojuvam ponatamu.I pokraj se RM cesto e na tapet kaj takanarecenata megjunarodna zaednica poradi neopravdanite i preuvelicani baranja na albanskoto malcintvo vo zemjava.Istoto se slucuva i sega neposredno pred noviot popis.Povtorno istite igri bez granici i neargumentirani i nerealni baranja od strana na prestavnicite na albanskoto malcinstvo!!
Од: Од Източна Мк
Датум: 09.07.2011 16:35:28
Сакаме да се обjави графа "Бугарин"!
Од: Бугарин
Датум: 10.07.2011 13:41:18
требе графа Бугарин
Од: pepsi
Датум: 10.07.2011 15:21:13
Coca-cola za koja prava zboruvash za pepsi prava.Jas ne znam kako mozhe makedoncite da dobivat tri pratenici vo diaspora a pocnale da izlat poslednite 10 godini dodeka albanci gi ima nadvor tolku shto ima makedonci vo Makedonija.Jas ne znam za koi malcinstva zboruvash za tie koi se 30% ili tie koi se 0,2% no trebashe da dojde 2001 pa da naucat na majcinski jazik a ushte ne znaete na koi uslovi ucat shetaj malu pa togash zboruvaj.Nie gi barame tie baranja sto ni sleduvat a ne da i kradime na drugite na bilo koi nacin.Gi barame poradi shto so vekovi sme tuka i ke bidemi i do kraj ke i barame tie prava i ke dojde denot shto i nashiot pridones ke ni se povrati na ednakov nacin zatoa shto se gleda majtap toa kradanje.

Најди! во Утрински
Насловна
Фалсификатите ги продаваат оригиналите
Смешно е да се двои кој е Македонец, а кој не е
Пасош во фотофиниш за почеток на одморот
„Кралот на Ла Манш“ на 70 години ќе плива од Свети Наум до Охрид
Ќе ја смири ли бракот палавата манекенка?
Македонци продаваат имоти во Грција
Седни и јади
Полските амбиции
Манастирот во Рајчица го граделе Македонци
Ако вратата е затворена, влезете преку прозорец
Kој да научи лекција?
„Вомен анлимитед Маседонија“
Фред го спаси Бразил од пораз
Кој победи во војната 2001 година?
Соединување на регионалните млади музички сили
Силен земјотрес во Јапонија, укината опасноста од цунами
Бранко и Али бегаат од тигарот
Африкански бран над Македонија
Предизвиците на Лагард
Прием во американската амбасада
Спектакуларен крај на најславниот таблоид

"""