Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

Кејт Мос

Ќе ја смири ли бракот палавата манекенка?

Непредвидливата хероина на британската модна сцена, Кејт Мос, можеше да се опишсе секако, но не како дива кога минатиот петок, на 1 јули, се мажеше за своето повеќегодишно момче Џејми Хинс. Во елегантна венчаница, обложена со тантела и светкави украси, што за неа ја креираше пријателот, контроверзниот дизајнер Џон Галијано, Кејт изгледаше како пристојна, среќна и вљубена млада жена. Би можело да се каже - сосема вообичаена невеста. Но, сепак, Кеј Мос никако не е „вообичаена“.

Поминаа повеќе од две децении откако тогашното 14-годишно девојче од јужен Лондон и' западнало в очи на основачката на модната агенција „Сторм“, Сара Дукас, на њујоршкиот аеродром ЏФК. Тоа е моментот кој засеко��аш ќе и' го смени животот и девојчето од дисфункционално семејство од Лондон ќе го направи едно од најуспешните моделки на светот. А Кејт е се' само не класична убавица. Поради тоа, реакциите беа различни кога како 16- годишна осамнала во едиторијалот на британскиот магазин „Фејс“.

Наместо раскошна убавица, како што се очекуваше да биде некој што е на насловната страница на моден магазин, Кејт Мос изгледала како напуштено девојче со тело на неисхрането момче. Тоа било во 1990 година, што е на некој начин симболично зашто по контроверзните фотографии, Кејт Мос стана лице на деведесеттите. Според многумина, преслабите, т.н. зеро-сајз моделки, хероински шик-изглед, само се некои од трендовите што ги поставила Кејт Мос, а без кои денес модната индустрија не би изгледала онака како што изгледа.

Неволјата беше во тоа што фамозниот хероин шик, кој толку добро и' прилегаше, не беше само претстава за потребите на снимањата. Во своето настојување да стане „Кит Ричардс од модната сцена“, Кејт упадна во вител, кој за малку ќе ја чинеше кариерата, а можеби и животот.

На почетокот беше интересно да се следат нејзините разуздани забави, прекини и смирувања со долгогодишното момче, холивудскиот актер Џони Деп, и сликите на кои не изгледа ни малку гламурозно, но со текот на годините работата се оттргна од контрола. Особено во годините на врската со Пит Доерти, музичар и, пред се', „селебрити џанки“.

Во есента 2005 година „Дејли мејл“ ги објави фотографиите каде што Кејт Мос вшмркува кокаин и тогаш, откако поради тоа и' пропаднаа доходовни модни ангажмани, одлучила да го смени животот.

Се чини дека таа црна епизода од животот беше токму тоа што и' требаше. Се извини, се прибра и го остави Пит откако одбил, како неа, во целост да мине процес на одвикнување од дрога.

Сега, пет години подоцна од фазата на „хероинскиот шик“, Кејт тргнува во „смирението на брачниот живот“. Дали навистина Кејт Мос ќе биде мирна женичка во бракот? Во тоа никој не верува, па дури ниту нејзиниот татко, од кого рокерот Хинс, сепак, на традиционален начин (колку што традицијата му прилега - на средба во паб) ја побарал раката на неговата ќерка. Кејт нема намера да ја напушти радоста на животот што ја прават за неа рок-фестивалите, лудувањето во ексклузивните клубови со другарките од модниот џет-сет... Всушност, во тоа не ја спречи ни мајчинството, но нејзината ќерка Лила Роз воопшто не смета дека Кејт е лоша мајка. Дури беше и меѓу 15-те деверици на нејзината свадба. Кејт Мос, секако, нема да биде сопруга од типот на очајните домаќинки, но очигледно не е веќе ни „Кит Ричардс од модната сцена“. (Ј.П.)


#
Статијата е прочитана 1083 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Фалсификатите ги продаваат оригиналите
Пописот наближува, недовербата останува
Смешно е да се двои кој е Македонец, а кој не е
Пасош во фотофиниш за почеток на одморот
„Кралот на Ла Манш“ на 70 години ќе плива од Свети Наум до Охрид
Македонци продаваат имоти во Грција
Седни и јади
Полските амбиции
Манастирот во Рајчица го граделе Македонци
Ако вратата е затворена, влезете преку прозорец
Kој да научи лекција?
„Вомен анлимитед Маседонија“
Фред го спаси Бразил од пораз
Кој победи во војната 2001 година?
Соединување на регионалните млади музички сили
Силен земјотрес во Јапонија, укината опасноста од цунами
Бранко и Али бегаат од тигарот
Африкански бран над Македонија
Предизвиците на Лагард
Прием во американската амбасада
Спектакуларен крај на најславниот таблоид

"""