Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

Нов женски бренд

„Вомен анлимитед Маседонија“

„Вомен анлимитед Маседонија“ е формирана за сите жени без разлика на возраста, етничката и културната припадност, за сите оние што се соочуваат со некакви проблеми во своето секојдневно живеење и за оние што можат да придонесат и да помогнат во нивното решавање

Денеска, сабота 9 јули, во Националната галерија „Мала станица“, со почеток во 11,55 ч. преку интересни содржини и многу забава, македонските жени ќе можат да се запознаат со новиот женски бренд „Вомен анлимитед Маседонија“. Носител на проектот и организатор е „Коалицијата за одржлив развој - КОР“, а како донатор, поддржувач и поттикнувач на целиот проект е холандската амбасада. Во креирањето на програмата учество земаа многу влијателни жени и граѓански организации.

„Вомен анлимитед Маседонија“ е нова иницијатива која има за цел да ги обедини жените во Македонија. Таа е формирана за сите жени без разлика на возраста, етничката и културната припадност, познати или помалку познати, односно за сите оние кои се соочуваат со некакви проблеми во своето секојдневно живеење и за оние што можат да придонесат и да помогнат во нивното решавање.

Програмата за овој настан претставува целина од три области: економска независност, напредок во животот и кариерата и перцепции и стереотипи, според кои начелно се структурирани и темите на јавните интервјуа, работилниците, дебатите, и сето тоа со многу интересни соговорници и на еден интерактивен начин каде присутните не се пасивна и нема публика, туку активни учесници во дискусијата.

Покрај „дебатниот дел“, програмата ќе изобилува со многу интересни содржини, како што се дегустации на вино, изложби, катчиња за убавина, релаксација (јога, фенг шуи), забава, креативни катчиња и многу други содржини кои ќе го привлечат и ќе го задржат вниманието на посетителите и учесниците на настанот.

„Мојот сон беше во Македонија да се обезбеди една ваква женска иницијатива, која е огромна инспирација за жените од сите возрасти, националности, професии и потекло. Тоа е начин на решавање на прашањата поврзани со зајакнувањето и еманципацијата што одговара на 21 век. Комбинацијата меѓу сериозните содржини и забавните презентации е место каде што човек посакува да дојде. Жените поседуваат неограничени капацитети и таленти. И бидејќи е време тие уште повеќе да ги рашират крилјата и да ги развиваат своите соништа без ограничувања и аспирации, треба заедно да се дружиме уживаме на 9 јули!“ ги повика македонските жени г-ѓа Симоне Филипини, холандска амбасадорка, која на 15 јули ја напушта Македонија и заминува на нова должност на Флорида, САД.


#
Статијата е прочитана 1215 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Фалсификатите ги продаваат оригиналите
Пописот наближува, недовербата останува
Смешно е да се двои кој е Македонец, а кој не е
Пасош во фотофиниш за почеток на одморот
„Кралот на Ла Манш“ на 70 години ќе плива од Свети Наум до Охрид
Ќе ја смири ли бракот палавата манекенка?
Македонци продаваат имоти во Грција
Седни и јади
Полските амбиции
Манастирот во Рајчица го граделе Македонци
Ако вратата е затворена, влезете преку прозорец
Kој да научи лекција?
Фред го спаси Бразил од пораз
Кој победи во војната 2001 година?
Соединување на регионалните млади музички сили
Силен земјотрес во Јапонија, укината опасноста од цунами
Бранко и Али бегаат од тигарот
Африкански бран над Македонија
Предизвиците на Лагард
Прием во американската амбасада
Спектакуларен крај на најславниот таблоид

"""