Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

Македонци продаваат имоти во Грција

Се нудат вили, куќи и станови во Солун, Костур, Воден,
Волос и во Голден Бич. Деновиве, велат во агенциите, никој не се јавува за да купи, туку само за да продаде имот во Грција

Сања Наумовска



Македонските граѓани си го открија имотот што го поседуваат во Грција. Деновиве ги запалија агенциите за недвижности со понуди да ги продадат своите вили, куќи и станови покрај море и во градовите од северна Грција. По најавите дека Македонците се заинтересирани за инвестирање на грчкиот пазар, се појавија и нашинци што веќе имаат имот и сакаат да го продадат. Во агенциите се нудат вили, куќи и станови во Солун, Костур, Воден, Волос и Голден Бич. Цените се различни, во зависност од големината на недвижноста. Деновиве, велат во агенциите, никој не се јавува за да купи, туку само за да продаде имот во Грција. „Ваква понуда досега не сме имале. Телефоните не престануваат да ѕвонат, а никој не прашува за стан во Скопје, туку се разговара само за имоти во Грција. Ова е уникатна ситуација“, велат во агенциите.

Сопственици на имотот во Грција се фирми на Македонци најчесто регистрирани во Бугарија, бидејќи досега грчките закони дозволуваа да купуваат недвижности само државјани на Европската унија. Со последните измени, сопственици на недвижен имот можат да бидат и граѓани на соседни земји што не се членки на ЕУ, но само во пограничните региони. Во домашните агенции, кои се подготвуваат да посредуваат во купопродажбите, очекуваат проблеми поради непризнавањето на македонскиот пасош кога ќе треба да се официјализира имотот во грчкиот катастар.

И додека Македонците размислуваат како да купат или да го продадат имотот во Грција, становите во Скопје и другите градови веќе никој не ги бара. Агенциите се жалат дека граѓаните не само што не купуваат, туку не се ни интересираат за недвижности. „Во летната сезона секогаш помалку се купуваат недвижности, но вака не било никогаш. Речиси и да не ѕвонат телефоните“, се жалат во агенциите за недвижности.

„Ако порано сме продавале по 4 или 5 стана месечно, сега се продава по еден или два“, велат во агенцијата „Белона рекс“. Купувачите бараат помали и поевтини станови, но и натаму го преферираат централното градско подрачје, Дебар Маало, Карпош, Капиштец, Козле и Тафталиџе. Многумина тактизираат чекајќи ја конечната одлука на Владата дали ќе ги одобри поволностите при отплатата на ратите на кредитот за купување нов стан. Тоа, сметаат во агенцијата, може да е една од причините зошто на пазарот има неколкумесечно затишје.

Продажбата на станови во агенцијата „Прима каза“ во последните неколку месеци е намален за 30 проценти, а најмногу се бараат двособни станови до 50 квадратни метри. Најголем проблем е што банките многу тешко одобруваат кредити, но и граѓаните по неколку пати се преиспитуваат дали воопшто ќе можат да ги плаќаат високите рати за станбен кредит.

Во агенцијата „Викторија стил“, пак, во летниот период на цена се индивидуалните куќи и плацовите за сметка на становите. Заинтересираноста на граѓаните за станови ќе се врати кога ќе се симнат цените на квадратот кај старите станови, бидејќи сега разликата меѓу стар и нов стан е само за 50 до 100 евра за квадрат.

Намалувањето на цената на квадартот, особено во Скопје, секако, ќе го зголеми интересот на граѓаните за купување нови станови, за разлика од сега кога понудата е многу поголема од побарувачката, сметаат и во градежните компании. Еден квадрат во нов стан во Скопје чини од 950 до 1.500 евра. Сумата варира во зависност од атрактивноста на локацијата, но и вградените материјали. Најскапи се становите во новоградбите на Водно, кои чинат од 1.350 до 1.500 евра за квадрат. На цена се и енергетски ефикасните згради во кои се вградуваат нови еколошки технологии, кои ја искористуваат сончевата и геотермалната енергија. Малку поевтин стан, од 1.200 до 1.300 евра за квадрат, може да се купи во Дебар Маало, Центар и Црниче. Од 950 до 1.000 евра, пак, чини стан во Кисела Вода, Карпош, Ѓорче Петров и Ново Лисиче. Слични се цените и во другите градови, каде што во последните години е зголемена побарувачката во колективното домување. Квадратен метар во новоградба во Охрид, во зависност од локацијата се продава од 1.000 до 1.200 евра. Пониски се цените во Струмица, каде што за квадратен метар треба да се одвои од 700 до 750 евра.


#
Статијата е прочитана 5209 пати.

Испрати коментар

Од: Tina
Датум: 09.07.2011 05:26:54
AAAAAA, sega se mi e jasno, zosto Grcija se raspaga ekonomski. Po toj pat, e mozno da se otresat od site nesakani luge koi se prepoznavat sebe si kao Makedonci od anticko nasledstvo. Inakvo rastrebuvanje na istite ne e mozno poveke, oti svetot i gleda Grcite sto rabotat. Nekogas bese mozno da pukat na nas, i da ne izbrkat so egzodus, a sega toa se vike, ekonomska egsodia. Pa kako sakate. I edno i drugo, se e mozno vo politicka skala na istrebuvanje. AAAAAA, vakva ideja na mene, nikogas nema da mi tekne. Znaci tocno e, da, nuznosta e majka na inventivnosta. Seto ova da si gi sacuvat ideite na postojanje i pritenziite na istorijskite mogucnosti na taka narecenite Grcki anticki mogucnosti. Koj ke im veruva posle tolkavi lagi i pretenzii. Edno e tocno. Grcite se, Elas. Novo dojdeni na Makedonskata anticka teritorija od pred 8000 godini. A R.M. bese prvo ocupirano zemjiste na tie Mak., pleminja. E utvrdeno.
Од: Stranec
Датум: 09.07.2011 05:43:55
Kupuvam 10 apartmani do more vo Grcija! AMA ne sega slednata godina zosto za istite pari ke kupam 25 apartmani!!
Од: mark
Датум: 09.07.2011 11:36:31
Ajde Makedonci prodavajte i pak nekoj drug ke vi bide kriv prodavajte no zapamtete nema vise socijalni stanovi (celi naselbi) za izbeglici nema ja nema vise SFRJ i Tito.
Од: k2
Датум: 09.07.2011 15:13:53
Abe batalete ja Grcija...Kako e mozno vo Mkd...kvadrat da e 950-1000 evra ....pa toa e pricinata zasto nikoj ne koupuva...realna cena e 450-500 evra....sve drugo e cist profit na gradeznata mafija
Од: MKD
Датум: 09.07.2011 16:41:55
Shansa e sega da padnat cenite na stanovite vo Skopje, pa posle site ke se zatchaat da kupuvaat vo Skopje....i taka da besvest. Ete ti shto znachi da bide Macedonia United, pogolema zemja pogolem izbor, 'ta sakash more, 'ta sakash ezero...'ta sakash asfalt, tvoe e.
Од: Tatko i na Tina od Mars
Датум: 09.07.2011 22:40:46
Tino,mori,Marsovke,nisto ne razbiras!Samo si pravis idiotski filmovi vo glavata!Aj vrni se doma!!

Најди! во Утрински
Насловна
Фалсификатите ги продаваат оригиналите
Пописот наближува, недовербата останува
Смешно е да се двои кој е Македонец, а кој не е
Пасош во фотофиниш за почеток на одморот
„Кралот на Ла Манш“ на 70 години ќе плива од Свети Наум до Охрид
Ќе ја смири ли бракот палавата манекенка?
Седни и јади
Полските амбиции
Манастирот во Рајчица го граделе Македонци
Ако вратата е затворена, влезете преку прозорец
Kој да научи лекција?
„Вомен анлимитед Маседонија“
Фред го спаси Бразил од пораз
Кој победи во војната 2001 година?
Соединување на регионалните млади музички сили
Силен земјотрес во Јапонија, укината опасноста од цунами
Бранко и Али бегаат од тигарот
Африкански бран над Македонија
Предизвиците на Лагард
Прием во американската амбасада
Спектакуларен крај на најславниот таблоид

"""