Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

„Кралот на Ла Манш“ на 70 години ќе плива од Свети Наум до Охрид

Британецот Мајкл Рид, кој досега 33 пати го има препливано славниот канал, викендов ќе ги разбранува и охридските води

Миодраг Мицковиќ

Љубителите на пливањето и многубројните туристи во Охрид денеска или утре ќе бидат сведоци на несекојдневниот подвиг на еден од најпознатите маратонци во светот, 70-годишниот Британец Мајкл Рид, кој ќе се обиде сам да ја преплива традиционалната маратонска патека од Свети Наум до Охрид, долга 33 километри. Тој синоќа требаше да пристигне во Охрид, каде што ќе биде гостин на пливачкиот клуб Охридски бранови, како и на нашиот легендарен маратонец Нико Нестор, првиот Македонец што го има препливано Ла Манш.

Мајкл Рид е едно од на��познатите имиња на маратонското пливање во светот и ќе плива во водите на Охридско Езеро без оглед на тоа што неговиот настап нема да биде официјален, туку повеќе од ревијален карактер. Рид, кој има престојувано во Охрид пред десетина години, беше воодушевен од неговите убавини и од бистрите води на езерото и сега, иако во поодминати години, ќе се обиде да ја преплива патеката од Свети Наум до охридското пристаниште, сакајќи да покаже дека и постарите луѓе можат да ја препливаат оваа долга делница.

„Од моите пријатели меѓу помладите пливачи многу сум слушал за Охридско Езеро, кое имав можност да го видам, но не и да пливам во неговите води. Таа патека од Свети Наум до пристаништето во Охрид е мошне атрактивна и не е чудо што голем број пливачи од светот сакаат да ја препливаат. Ќе пливам и јас и верувам дека ќе успеам“, им кажа Рид на раководните луѓе на Охридски бранови во телефонскиот разговор со нив пред да тргне за Охрид.

Биографијата на Мајкл Рид е навистина богата. Во моментот тој е претседател на Здружението на каналските пливачи „Довер“ од Велика Британија, формирано во 1927 година. Тој е рекордер со 33 препливувања на каналот Ла Манш. Само во една година, во 1984, го има препливано шест пати, по што го доби и прекарот „Кралот на Ла Манш“, бидејќи тој рекорд досега не е соборен. Неодамна на голема свеченост одржана во Флорида стана член на „Куќата на славните“ како награда за извонредните резултати во отворени води. На Олимписките игри 1960 во Рим тој беше член на британската штафета 4х200 м слободно.


#
Статијата е прочитана 1315 пати.

Испрати коментар

Од: Istocna Makedonija
Датум: 09.07.2011 14:08:56
Poddrska za podvigot na g-din Rid na 70 godini da pliva na relacija Sveti Naum-0hrid.Dobro e sto Ohrid skiot maraton e vozobnoven.So nostalgija se sekava- me na poranesnite maratoni,koga voodusevuvaa pli vackite asovi od kalibrot na Abu Heif,Mohamed,Zejtun, Djulio Travaljo,Diki i Atina Bojadji,Niko Nestori,Klime Savin,Risto Bimbilovski...
Од: MKD
Датум: 09.07.2011 17:46:34
Aj so sreka, ama i nashite vodi ne se sekogash predvidlivi, pazi se!
Од: Tina
Датум: 10.07.2011 08:40:07
Tocno, vodata vo Ohridskoto ezero e tragicna, zavisi od vremeto, a pomnite kolku de udaveni zbog nevreme? A ovoj covek e 70 god. mlad, ve molam da go buglite. Da ste do nego edno metre, i da ja drzite caska so mastika za spremna hitna pomok. Tek tolku da znaete i jas sum so vas. a bre balja toj covek, si mislam taka, mer me slusnavte,, Dali e toj rodnina na Don De La Manca?
Од: koskar do MKD
Датум: 10.07.2011 09:44:19
ete pak so sindrom deka nie sto imame nikoj nema... prosto e zalno kolku sme pateticni...

Најди! во Утрински
Насловна
Фалсификатите ги продаваат оригиналите
Пописот наближува, недовербата останува
Смешно е да се двои кој е Македонец, а кој не е
Пасош во фотофиниш за почеток на одморот
Ќе ја смири ли бракот палавата манекенка?
Македонци продаваат имоти во Грција
Седни и јади
Полските амбиции
Манастирот во Рајчица го граделе Македонци
Ако вратата е затворена, влезете преку прозорец
Kој да научи лекција?
„Вомен анлимитед Маседонија“
Фред го спаси Бразил од пораз
Кој победи во војната 2001 година?
Соединување на регионалните млади музички сили
Силен земјотрес во Јапонија, укината опасноста од цунами
Бранко и Али бегаат од тигарот
Африкански бран над Македонија
Предизвиците на Лагард
Прием во американската амбасада
Спектакуларен крај на најславниот таблоид

"""