Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

Бахура

Ако вратата е затворена, влезете преку прозорец

10.07.2011, 12:55

Амбасадорот на Полска, земјата претседавач со Европската унија, Карол Бахура, вели дека и покрај нерешениот спор, не треба да се престане со реформите.

„Имаме една изрека во Полска. Ако вратите се затворени, влезете преку прозорец. Мислам дека некои работи не треба да бидат во заложништво на спорот за името. Постојат одредени реформи кои треба да се спроведат без оглед на тоа дали сакате да бидете членка на ЕУ и НАТО.“

Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, Бахура вели дека Македонија секако треба да ги спроведе реформите.

„Македонија е дел од европскиот континент. Од тука има и обврски за земјата, посебно во 21 век. Сметам дека реформите ��о областа на судството, јавната администрација, имплементацијата на законите и политичкиот дијалог треба да се продолжат и треба да се имплементираат. Го делам мислењето на вашиот претседател, претседателот Иванов, дека Македонија е пример за земја во која има интеграција а не асимилација. Се надевам и дека ќе биде земја која ќе даде пример за усвојување на закони со нивна имплементација“, вели амбасадорот на Полска.


#
Статијата е прочитана 643 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Фалсификатите ги продаваат оригиналите
Пописот наближува, недовербата останува
Смешно е да се двои кој е Македо��ец, а кој не е
Пасош во фотофиниш за почеток на одморот
„Кралот на Ла Манш“ на 70 години ќе плива од Свети Наум до Охрид
Ќе ја смири ли бракот палавата манекенка?
Македонци продаваат имоти во Грција
Седни и јади
Полските амбиции
Манастирот во Рајчица го граделе Македонци
Kој да научи лекција?
„Вомен анлимитед Маседонија“
Фред го спаси Бразил од пораз
Кој победи во војната 2001 година?
Соединување на регионалните млади музички сили
Силен земјотрес во Јапонија, укината опасноста од цунами
Бранко и Али бегаат од тигарот
Африкански бран над Македонија
Предизвиците на Лагард
Прием во американската амбасада
Спектакуларен крај на најславниот таблоид

"""