Број 3626  сабота, 09 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter

Поглед

Kој да научи лекција?

Тина Иванова

Со бледи, неуверливи изјави раководството и синдикатот на МОБ се обидоа да ја убедат македонската јавност во оправданоста од откажувањето на претставата „Кармина Бурана“ на фестивалот „Кантарена“ во Франција. Ретка можност оваа уметничка генерација на МОБ да се претстави во земја со вековна култура.

Случајот е познат, патешествието заврши со фијаско, а македонската јавност секако, наоѓа разбирање за откажувањето.

И сега пак прашањето: зошто мораше да се случи тоа што се случи. Зошто мораа уметниците на толку далечен пат да одат со автобуси, зошто на толку луѓе не беше предвидено со нив да патува лекар, зошто од страна на организаторот беа сместени во недолични рурални услови, зош��о со преместувањето престојот беше лишен од нормални пансионски услуги, зошто организаторот не беше подготвен за генералната проба, зошто македонските уметници беа принудени да се повлечат од фестивалот, зошто на тамошната јавност не и беше објаснето за неможноста да се настапи на нивната сцена... Зошто, зошто?

Па затоа, затоа што е некој неопитен тие работи да ги предвиди, да ги пресретне, да ги провери, да ги организира, да ги изменаџира како што доликува. Наместо тоа, еве сега и по враќањето, пак иста песна. Вината се префрла од еден на друг. Но, она што е највоочливо, е барањето министерката за култура во иднина да гарантира добра организација за вакви сложени патувања. Па министерката ли е менаџерот, или организатор, или можеби туристичка агенција? Ако директорите и синдикатот на МОБ тоа го гледаат во министерката, тогаш нека си ги напуштат столчињата, па таа нека ја врши и нивната работа.

Но, има ли воопшто некој да ја научи лекцијата?


#
Статијата е прочитана 1524 пати.

Испрати коментар

Од: Tina
Датум: 09.07.2011 09:37:42
Mi, vaa neka im bide lekcijata na obavezi po odredena im rabota. Ponekogas, malce loso, ke im go izostri umot za po dobri ispitivanja na regulaciite so raboti. A zar ne e toa tocno so site, vo site agencii za site raboti vo site cuvstva? Da. Toa go ima na sekade. A koga? lekcijata ke se nauci, e ozbilno prasanje. Ne e prasanjeto zosto, tuku, Koga? Ni Gospod ne go znae odgovorot na toa prasanje.
Од: deli
Датум: 09.07.2011 16:01:20
Se izvinuvam, što ja - LAIK, pak imam prigovori na profesionalci - novinari, no kako što znam, dobar običaj e prvo da se napiše cel naziv na nekoja (iako opšto poznata- ili barem taka nekoj pretpostavuva) institucija, zad toj naziv vo zagrada se pišuva (opšto poznata - ili barem taka nekoj pretpostavuva) SKRATENKA - naprimer MOB, i posle toa vo celiot text veke može da se upotrebuva samo taa skratenka. Od kade da znam, a ne samo ja, što e toa MOB??? Se izvinuvam... no Gospod tolku mi dal pamet... Neznam, što e MOB
Од: Goce
Датум: 09.07.2011 18:28:18
Pa zosto molcite togas koga se postavuvaat vakvi neiskusni direktori i rakovoditeli koj od Sofija, kade zavrsile fakultet i Tirana kade izigravale reziseri nebile duti ni vo Bitola a kamoli na megunaroden koncert ili vo druga operska kuka po malku iskustvo. Sega e veke docna sramot e "izeden". Sega Ministerkata neka gi pravda svoite zborovi "za iskusni, so bek graund direktori"
Од: nekoj
Датум: 09.07.2011 19:41:21
Tina Ivanova, ti nekako se nakaj vina kaj direktorot ja vrtis, a veke na site im e jasno (normalno neoficijalno) kaj kogo e vinata, odnosno kaj zlobnicite zelni za direktorskata funkcija vo MOB. Tuku da ne sakas i ti direktor da bides vo MOB Tina. Do Goce, a koj bese poadekvaten kadar od site tie sto se pojavija na konkursot za direktori na MOB. Proshev e operski pejac i reziser pred se'
Од: muzicar
Датум: 09.07.2011 22:53:45
Se se vadi od kontekst milina kolku sakas.Se podrazbira deka ministerkata nemoze da rakovodi tuka se misli da se obezbedat povekje pari za podostoinstveno patuvanje.A dali nekoj izvlekol pouka treba da pokaze i vremeto nemoze se za edna nedela da se smeni.Spored mene sramota bese se ova sto se slucuvase,a definitvno treba da se podelat i nekolku otkazi.Megjutoa sekako toa kje govori i za nekompetentnosta na covekot sto gi postavil.Mnogu tesko deka deccistana sto rakovodat so MOB kje bidat smeneti bas od tie pricini.I oni i ponatamu kje si imaat ogromni plati privilegii a ni samite neznaat kako se zateknale na mestata.Jas samo cekam da vidam kakov kje bide ishodot moe milslenje od site ovie raboti sto gi nabrojav e deka nema nisto da se smeni za zal.
Од: vace
Датум: 10.07.2011 17:20:18
Ne e vinovna ministerkata taa ja sproveduva samo politikata i si nosi odgovornost za postapkite.Kriva e nasata tromava administracija i birokratija i sega topceto ping-pong ke si go prefrlaat de nataka de navaka bez nekoj da priznae nesto i da kaze deka e odgovoren za nesto.Procedurata e jasna postoi organizator koj bara pari od ministerstvo ili od drzava ,dobiva pari i brkaj rabota.Si utnal nesto u organizacija ili ne ti e po standard napraveno nesto ,treba da go objasnis toa zoto taka si go napravil.Ili nemalo dovolno pari !!! toa treba da se kaze jasno i glasno .Ako se napravi podlabinska analiza ke se vidi deka mnogu raboti funkcioniraat so koruptiven predznak ,"daj da si zememe procent nesto za nas , a ovie ako stignat so avtobusot ok ako ne zdravje".

Најди! во Утрински
Насловна
Фалсификатите ги продаваат оригиналите
Пописот наближува, недовербата останува
Смешно е да се двои кој е Македонец, а кој не е
Пасош во фотофиниш за почеток на одморот
„Кралот на Ла Манш“ на 70 години ќе плива од Свети Наум до Охрид
Ќе ја смири ли бракот палавата манекенка?
Македонци продаваат имоти во Грција
Седни и јади
Полските амбиции
Манастирот во Рајчица го граделе Македонци
Ако вратата е затворена, влезете преку прозорец
„Вомен анлимитед Маседонија“
Фред го спаси Бразил од пораз
Кој победи во војната 2001 година?
Соединување на регионалните млади музички сили
Силен земјотрес во Јапонија, укината опасноста од цунами
Бранко и Али бегаат од тигарот
Африкански бран над Македонија
Предизвиците на Лагард
Прием во американската амбасада
Спектакуларен крај на најславниот таблоид

"""