Објектив
Прием во американската амбасада
Американската амбасада секоја година традиционално приредува прием по повод Националниот ден на САД - 4 Јули. На тој прием и оваа година беше поканета целата скопска елита, почнувајќи од политиката, бизнисот, културата и медиумите. Таквите приеми се повод јавноста да ги види политичарите, бизнисмените и културните работници во друга светлина, која не е карактеристична за останатите редовни пригоди кога тие се на удар на јавноста.
Домаќин на приемот беше американскиот амбасадор, Филип Рикер, на кого тоа му е практично последниот поголем настап во јавноста во својство на дипломатски претставник на Вашингтон во Скопје.
фотографии во печатеното издание |