Меѓународен суд
Издаден налог за апсење на Гадафи
27.06.2011, 14:51
Судиите на Меѓународниот кривичен суд денеска наредија апсење на либискиот лидер Моамер ел-Гадафи поради обвинение ја за злосторство против човештвото.
Покрај Гадафи судот нареди апсење и на неговиот син Сеиф ал-Ислам и шефот на разузнавачката служба Абдулах ал-Сануси. Судиите соопштија дека Гадафи се бара поради организирани убиства, апсења, како и за обид за прикривање на злосторствата.
Обвинителот Луис Морено-Окампо го обвини Гадафи и неговите сили за пукање врз демонстрантите, гранатирање на погребните поворки и користење на снајпери за убивање на луѓе кои ги напуштале џамиите за време на првите денови во пресметките со бунтовниците. Обвинителите сметаат дека тие рани напади биле само почеток на злосторствата кои ги починиле силите лојални на Гадафи.
Советот за безбедност на Обединетите нации на 26.февруари нареди да се истражат злосторствата во Либија, а Морено-Окампо неколку денови подоцна отвори истрага. Издавањето на налог за апсење, според агенцијата АП, би мо��ело да ги отежнат напорите со преговори да се завршат судирите во Либија, кои траат повеќе од три месеци.
Според АП најголема веројатност за апсење на Гадафи ќе биде доколку либиските бунтовници со помош на НАТО ја преземат контролата врз Либија, успеат да го уапсат, а потоа и да го екстрадираат.
|