Број 3615  понеделник, 27 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Мислења

Преродбата го прероди СДСМ

Ѓорѓи Спасов

Главна активност на опозицијата ќе биде почитувањето на правата на граѓаните, економијата и решавањето на проблемот со името

Од аспект на политичкиот маркетинг СДСМ на овие избори направи, главно, се' што можеше. Го обвинуваа дека нема програма, излезе со програма. Постоеја партиски агенции на ВМРО-ДПМНЕ, кои предвидуваа дека ќе изгуби најмалку со два спрема еден, создаде партиска агенција што предвиде дека ќе победи СДСМ. Го обвинуваа дека ќе го продаде името, излезе со став дека и тој ќе им даде на граѓаните можност за решението да се изјаснуваат на референдум. Го обвинуваа за лоша политика кон пензионерите и земјоделците, вети и зголемување на пензиите, поголеми субвенции и загарантиран откуп по повисоки цени. Гарантираше најниска плата за вработените. Вети дека ќе ги задржи сите професионалци во администрацијата и дека никој не треба да стравува за своето работно место по промената на власта. Вети и дека ако победи СДСМ, Бранко Црвенковски нема да биде премиер.

Но, за разлика од Груевски, кој реши да се пресмета со критички настроената А1, СДСМ застана храбро во одбрана на оваа телевизија при упадот на полицијата и апсењето на Велија Рамковски и заедно со другите партии од опозицијата ја имаше поддршката од телевизијата од ноември минатата година до крајот на изборната кампања. Но, во моментот кога Бранко Црвенковски побара предвремени парламентарни избори, разликата во рејтинзите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ беше преголема.

Со организирањето протести, напуштањето на парламентот, формирањето коалиција и повикувањето на предвремени избори, СДСМ направи се' за да излезе од дотогашната летаргија. Можеби се во право оние што тврдат дека, да беа изборите во редовен рок, по една година, поддршката на ВМРО-ДПМНЕ ќе беше помала. Но, прашање е што ќе се случуваше во меѓувреме со А1 и дали СДСМ и другите партии од опозицијата ќе ја имаа оваа можност за подобрување на својот рејтинг што им ја создадоа „грешките во чекори“ што ги направи власта. СДСМ мораше да покаже дека е подготвен барем еднаш цврсто да застане во нечија одбрана.

СДСМ како се' уште да го потценува Груевски во политичката битка. Го третира како мал, недораснат, наивен, безопасен, па дури и не многу паметен или елоквентен. „Само во фотошоп Груевски може да биде поголем од Бранко“. Народот повеќе им верува на луѓето што имаат човечки слабости, што се несовршени и што говорат со јазик што го разбира народот. Кога по еден говор на Черчил му рекле дека ако така зборува за него ќе гласаат сите паметни во земјата, тој одговорил:„ Знам, ама мене ми треба мнозинство“.

А, тоа мнозинство бара малку цврста рака (која не недостига во СДСМ), малку митови, знамиња, говори за националната гордост и претстави како отворените седници на Владата, црвен килим за граѓаните, ден на идеи за Владата, компјутер за секое дете, факултет за секое село, садиме дрвја...

Имајќи го на ум тоа, СДСМ ќе мора нешто да промени по овие избори. Три подрачја од активноста на опозицијата ќе бидат од извонредна важност за граѓаните.

Првото е грижата за почитување на слободите и правата на граѓаните. СДСМ во услови на политички репресивна власт, каква што е власта на ВМРО-ДПМНЕ, мора да демонстрира силна чувствителност секогаш кога власта го доведува во прашање владеењето на правото. Луѓето во опозицијата мора да имаат заштитник од злоупотребата на власта. Опозицијата мора да создава чувство дека таа има сила да врши постојан притисокот врз власта, за таа да се придржува до владеење на правото во земјата. Опозицијата е сигурносниот вентил на демократијата што мора да избие пред да се запали целата инсталација. Така постојано ќе добива нови поддржувачи, нови сојузници и ќе ја принудува власта да работи одговорно.

Второто подрачје ќе биде економијата. СДСМ мора својата програма да ја претвори во низа од законски предлог-проекти и амандмани на постојните, за подобрување на состојбата во различни области од животот. Од обезбедувањето минимална плата за вработените до олеснителните околности за малите и за средните претпријатија и состојбите во земјоделството, образованието и здравството. СДСМ има должност да покаже солидарност со најранливите категории граѓани, невработените и социјално загрозените. Таа е должна да го ослободи народот од оној арач на власта во вид драконски казни за се' и сешто, но и од неодговорното трошење на буџетските средства и да побара отчет и одговорност за тоа, ако треба и со протести, бојкоти и блокади. Таа мора да покаже дека власта не е семоќна.

И третото подрачје е надминување на проблемот со името и евроатланското интегрирање на Македонија. На овој план СДСМ не смее да си дозволи да игра пасивна улога. Во таа област е неопходен национален консензус и не треба да бара поени за себе, но не треба и да се препушти на недоволната заинтересираност на Груевски, туку постојано да потсетува, да има иницијатива и да ја спречува евентуалната манипулација на народот во врска со преговорите.

Дали СДСМ ќе успее во ова, ќе зависи од неколку фактори?

Прво, од тоа што ќе се случува со А1. СДСМ не смее да гради непријателски односи со другите телевизии и медиуми во земјата, но спасувањето на А1 и нејзиното опстојување како независна и мошне влијателна телевизија ќе биде од пресудна важност за опстојувањето на СДСМ и на демократијата во земјата.

Второ. Иднината на СДСМ ќе зависи и од тоа дали ќе формира влада во сенка сега, веднаш по изборите. Сега е важно, истовремено со седниците на Владата да се одржуваат и седници на владата во се��ка. По секој настап на Груевски во јавност да се појавува и премиерот на владата во сенка и да кажува што од тоа е прифатливо, а што целосно неприфатливо за опозицијата. Секој проект на владата треба да биде анализиран од страна на кабинетите во сенка. Секое министерство на владата во сенка, ако министерот не е член на парламентот треба да има свој гласноговорник во парламентот. Така ќе се гледа разликата во способноста на политичките елити.

И трето. СДСМ мора да сфати дека кампањата не се води дваесетина дена пред избори. Кампањата на СДСМ за следните избори започнува на денот кога завршуваат претходните. Мора да има свој Центар за комуникации. Митинзите треба да се заменат со низа настани во сите градови, како денови на опозицијата, средби на граѓаните со пратениците од редовите на опозицијата, отворање канцеларии на опозиционите пратеници во секоја општина... Добиените 370 илјади гласови треба да се зачуваат, а на контото треба да се додадат барем уште 40 илјади од ние што на овие избори гласале за ВМРО-ДПМНЕ за да се оствари минимална победа на кои било наредни избори. Така Груевски со својата преродба ќе го прероди и СДСМ и ќе ги изгуби изборите.

(Авторот е универзитетски професор)


#
Статијата е прочитана 3486 пати.

Испрати коментар

Од: mm
Датум: 27.06.2011 00:17:57
i najvazno od se personalni promeni vo SDSM i LDP
Од: Zainteresiran
Датум: 27.06.2011 00:37:38
Ubav i konstruktiven tekst. Jas bi dodal uste dve raboti. SDSM treba sistematski da ja razoblicuva demagogijata vo vladeenjeto na VMRO DPMNE. Na primer, zapisuvanjeto na preku 90% od srednoskolcite na fakultet, koga spored site soznanija, edvaj 30 % se realno spremni za toa, e nevidena demagogija, so koja se prikriva vistinskata brojka na nevraboteni. Vtorata rabota e vrakjanjeto na edinstvoto vo partijata. Da ne se zalazuvame so osvoenite 370 000 glasovi. Sostojbata e daleku od dobra. Potrebni se ogromni napori za da se vratat i povtorno aktiviraat mnogu od kadrite koi bea otfrleni samo zatoa sto im stoea na patot kon parlamentarnoto stolce na poedinci. za zal nekoi od niv i nemaa ambicii da se najdat na kandidatskite listi.
Од: USA
Датум: 27.06.2011 01:03:12
Odkoga gi izgore MAKEDONSKOTO SONCE, sega ke pravat Vlada vo SENKA. Toa trebase pred dve godini. Finansiskata kriza odminuva. Isto i vremeto na SDSM so ovaa postava. Prasaj go Bucko. Ljube i Ljubco ne go rasitnija VMRO DPMNE. Koj sega ke go sitni SDSM?? P.S. Najdobrite zenski sekogas se kaj odlikasite, za vas ponavljcite...................
Од: pametnite
Датум: 27.06.2011 07:21:31
Dobar tekst i konstruktiven, no delot so nerazbirliviot jazik za sirokite "glupi" narodni masi, posebno koga se odnesuva na Branko nema vrska. Samo zaradi negoviot prizemen i vulgaren nastap so koj go navredi stecaecot, SDSM zagubi barem 10 procenti od glasacite. Zarem Negovite prizemni i sekogas isti govori so povici na vostanija i revolucii protiv "nenarodna"vlast, koja postojano "glupav" narod ja izbira gi sporeduvate so Cercil, ma dajte.
Од: Lazo Stefanov
Датум: 27.06.2011 07:29:05
SDSM mora da se reformira. Na prvo mesto mora da se stavi zastitata na pravata na graganite, razvojot na demokratijata i vazjenjeto na pravoto. Na vtoro mesto evropskite integracii, evropski pravila i najvazjnoto evropski stepen na pocituvanje na donesenite pravila. Samo dobrite pravila i nivnoto sproveduvanje ja pravi razlikata vo razvojot na drzjavite, inaki site luge se isti. Ne e tocno deka treba ekonomijata da bide na pravo mesto. Toa e najkratkiot pat do diktatura i korupcija. Ekonomijata ke si dijde na svoeto mesto, koga na prvo mesto ke bide graganinot so pocituvanjeto na negovite prava i interesi. Samo na pomalku od 5% od lugeto ekonomijata im e prioritet. Pomina vremeto na sloganite: ,,industrijalizacija + elektifikacija = socijalizam,, i slicni pa i na ona: ,,ekonomija, ekonomija i ekonomija,, natamosnite politicki bitki vo RM ke bidat na poleto na covekovite prava.
Од: milko
Датум: 27.06.2011 07:34:50
lele univerzitetski profesor ja otkri amerika! ovie raboti gi trubime stalno- kazi kako da se oslobodime uste barem od polovina vencani za pratenicka fotelja?dobivne tolku glasovi samo sto go isfrlivne buckoski i kondarko a uste tolku ke dobievne ako go isfrlevne makraduli dimoski ilieski i tajfa.tuka lezi zajakot a ne vo veke kazanoto.
Од: strikoto
Датум: 27.06.2011 08:26:04
I taka velis, Cercil taka rekol sakal mnozinstvoto so nego da bidi. Sega i SDS so Brankota vodacot ke se pravi Cercil za da dobie barem edni izbori. Ami sto pravime so Makedonskiot narod? Dali i toj ke treba da se napravi angliski ta da go zaasaka SDSto i da glasa za nego? Aj more Gorgija poarno i ti da si soberis partalite i da te nema od Makedonskata politicka scena.
Од: B. Betinski
Датум: 27.06.2011 08:40:10
Abre Spasov, bi trebalo, kako univerzitetski prof. barem tolku da znaes: kaj se videlo diktatura, tiranija ili avtoritarna vlast (gruevizmot i mikst od trite) da se simnuva od politicka scena so demokratski sredstva? Taa ili ke se raspadne sama od sebe (koga ke se istrosi), ili ke se simnuva so sila. Segasniot pritisok na tviter/fejsbuk pobunata e, isto taka sila koja, koga ke dojde do kriticka masa, ke bide zadosuvana so sila.
Од: Regan
Датум: 27.06.2011 08:49:18
Господинот Спасов,округло па на ќоше,го напиша својот политички тестамент.Сега слободно може да оди таму каде го испрати неговиот папа б.ц. - во политичка пензија.
Од: Ljupco
Датум: 27.06.2011 09:18:59
Zarem navistina mislite/veruvate deka SDSM se prerodil ? Ili pak ova e samo eden naracan tekst ? Na site nas ni treba eden navistina preporoden SDSM bez Branko Crvenkovski
Од: Миле - Охрид
Датум: 27.06.2011 09:38:26
Само откажувањето од подршката на грчките шовинистички уцени е спас за СДСМ. Доследната борба за европските вредности, меѓу кои е и правото на македонскиот народ да постои, е она што може да ги одржи во живот. Но, не со прифаќање на тезите на ВМРО ДПМНЕ. Не, за „компромис“ со основните индивидуални и колективни човекови права и слободи. Не за злосторночко здружување со оние кои ги навредуваат, клеветат, дискфалификуваат Македонците кои се борат за зачувување на името (Героски, Милчин, Вранишкоски, Чомоски, Љубчо, Спаска, Ружин, Кољо Дијамантот, Фрчкоски, и сл.) . Откажување од дестабилизација на државата со цел да се ослабнат нејзините позиции во процесот на одбрана на името. Потребна е жестока критика на власта за заостанување во процесот на достигнување на стандардите на функционалните демократии, но и откажување од паерналистички однос кон криминалците.
Од: Реален
Датум: 27.06.2011 09:56:37
Рецептот кој го нуди Спасов е гол популизам. Ми се чини дека имитирањето на ДПМНЕ е токму вистинскиот начин за продолжување на историско успешната серија на ДПМНЕ. Да, секако требаат нови прстапи, но најважното е кој ги практикува новите пристапи. Стари лица со нови пристапи е рецепт за уште една победа на ДПМНЕ. Слушајте го Бучко, а не се обидувајте да го минимизирате и релативизирате здравите укажувања кон СДСМ.
Од: Istocna Makedonija
Датум: 27.06.2011 10:09:01
Pocituvan profesore,vo mnog raboti ste pravo vo Vasata eksplikacija.No,delumno,VMRO-DPMNE so negovite evidentni kiksevi i zaspivanjeto na lo vorikite na vlasta(osobeno od neizziveanite repreze nti od vtoriot,tretiot...esalon)go reinkarnirase SDSM so osvoenite,respektabilni,370.000 glasovi ,a prioriteno bese sega veke,pogolemoto NEZADO VOLSTVO od siromastijata,nevrabotenosta,megu- marodnata marginalizacija na zemjata na del od elektoratot.Ova,nikako ne se dolzi na eden refor- miran SDSM,koj i ponatamu manifestira svoi stere otipii.Im treba sveza krv,infuzija,novi idei i privleku- vawe na uste glasaci od apstinentite,preku 3)%a ne od onie koi glasale za VMRO
Од: Pero
Датум: 27.06.2011 10:12:49
Gluposti, Si lecete frustracii po kolumni. 2-3 recenici bea dovolni za da prestanm da ve citam...
Од: razocaran
Датум: 27.06.2011 10:22:57
Ubavo e da se kritikuva politickiot oponent vo slucajot VMRO-DPMNE,no da se zap[rasame zosto po 6ti pat ovoj ist Grujo ne porazuva kako od sega. Epa vaka : pod hitno trba da rascistime vo sopstvenata partija od samobendisanite od koi si i ti Gorgi i vecniot ni lider i site nesposobni luzeri sto posle sekoj poraz ni pravat dimni zavesi za da ne ja gledame nivnata nesposobnost i samobendisanost.Nam ne ni trebaat poveke istroseni lideri i rakovodstva tuku novi sposobni luge sto ke mozat da se nosat so politickiot protivnik i da pobeduvaat!Bidete doblesni i so vaseto povlekuvanje vo zaborav dajte ni sansa na nas vo partijata,a i na Makedonija!
Од: trajce mk
Датум: 27.06.2011 10:24:51
I site srekno si ziveeja ...
Од: Стојан
Датум: 27.06.2011 10:35:57
Браво професоре ги зменивте местата со Бучковски.Мое мислење е дека треба да и се одолжите на СДСМ која ви даде доверба и подршка кога беше силна.Не е само земање туку и давање.
Од: Pece D.H
Датум: 27.06.2011 10:56:36
Profesore dobro kazano loso storeno.Dali treba uste da go podrzuvame kriminalot i kriminalcite kako ova so A1 ili sega mu se umilkuvame na nasiov ni pretsedatel ili sakame da se zacvrstime vnatre vo partijataVie koj bevte tolku kriticki sega od ednas kako se da e med i mleko.Nas ne ni treba svirenje po ulici nas ni e potrebna svezina provetruvanje a i samite znaete deka so ovoj esalon kadri vo centralniot tesko da go pobedime grujo.Znaete i sami kako gi dobivne glasovite im gi zemafne od LDP oklu 400000 aza drugite nesakam da zboram a ovcite stignaa pod minimumot im gi zedoa nivnite satelitski partii ama imaat cisti nad cetiristotini iljadi sto tesko da gi stigneme.Vo opstinite kade imame nasi gradonacalnici oni se doblizija videte strumica ohrid,nas ni se potrebni idei mislenja a ne se sto cini necini.Grojo e prerodi dpmne ama nie ostarevne pak zagubivne.Se namestija na dobitni pozicii se edno isti.Profes nemojte da ostanuvate samo kako clen isto kako nikola potrebna e nova partija .
Од: Macedonia
Датум: 27.06.2011 11:27:10
Оооо, паметен (тој што коментира). Се слагам дека можеби не требаше така да реагира Црвенковски. Но дали ти, или некој друг даде коментар зошто му ја злоупотребуваат (да не ја кажам вистината, ја искористуваат) маката на некого да искористат некој поен. Зошто никој како тебе, а и слични како тебе не го осудија настанот, да не се злоупотребува за политички цели маката на другиот. Не слушнав никогаш, од никого како тебе и сличен на тебе. Ама тоа не Ви е напишано за да го прочитате. Затоа не можеме да „мрднеме“, од вакви како тебе и слични. Арно, ама кога ќе дојде време, не е битно кога, каде ќе одат сите оние кои плукаат по некого. За првите луѓе знам каде ќе одат (си имаат тие залиха во странство), ама Вие обичните замислете се што ќе правите после.
Од: В. Кратовалиев
Датум: 27.06.2011 11:55:59
Колумнистот, направил мал, но суштествен превид, кога тврди дека СДСМ понудил програма. Имено помеѓу програма и ветувања има голема разлика, која овој пат електоратот ја направи. Ако на митинзите, на народот се нуди се и сешто, без да се каже кога и како, а пред се, изворот на финансиските средства, тоа се само голи ветувања, сеење магла, која народот лесно ја препознава. Краткото паметење на граѓаните станува минато. Се уште, одекнува, " НА 15. СЕПТЕМВРИ...", па ке треба многу време да помине, за да празните ветувања бидат заборавени. Како сериозно да се свати , "дека никој нетреба да стравува за своето работно место по промената на власта", по заканата на Заев за "јадење на живи луге", и бркање од работа на "тугите" од првиот до последниот. Па опозицијата, тогашната, а и идната, добро помина, а советници од калибарот на потписникот на колумната, според денешната негова понуда нема да бидат од голема полза, иако секој има право свој став.
Од: k2
Датум: 27.06.2011 12:49:52
Hahahah...pozitiv spin e koga i porazot e pobeda....
Од: Franko italija
Датум: 27.06.2011 13:10:10
Sdsm zagubi. Se lizna na faktor vreme-da pocekashe 6-9 meseci mozebi ke beshe poinaku, velam mozebi??? No, straotna i za pochit e brojkata na glasaci sto ja pribra okolu sebe. PS. ASTEROID denes ke namine do nashata planeta. Ako ne odmine-OK, ako ne zakaci ASTEROIDOT Branko ke bide kriv, zatoa sto toj mu ja smenil traektorijata. Ha-ha-ha.....
Од: od mene
Датум: 27.06.2011 14:11:04
ako ova shto e napishano navistina go mislat deka e taka, togash e sosema jsno zoshto niz godini gubat izbori. Pa tolku li ne gledaat deka prepishale domashno, pa tolku li nemaat novi idei? Zhalosno na kolku niski granki padnaa onie na koi 100% im veruvavme i veruvavme deka barem neshto znaat....ono, nemale pojma ni od zhivotot a kamoli od politika, drzhava i tn.
Од: Трпе
Датум: 27.06.2011 14:27:27
Како завршија изборите завршија.СДСМ не треба тука да запре иако се гледа голем напредок.Можеби е и подобро што не ги доби изборите.Власта ке ја добиеше со многу гадно наследство.И се знае кој ке беше виновен.СДСМ,сега треба на власта да им дише во врат и ниеден ден да не ги остави да спијат и уживат мирно.Медем месец не смее да има.Како што дпмне-овци не го заборават 15 септември за ова влада во континиутет има многу лоши работи.Зошто наталитетот опаѓа,зошто младите не се решават да стварат семејства?Сигурнопоради добрите плати и голема превработеност па младите дел од нив и овие со семејства мора да бегат во странство.На ова земја ке и останат само спомениците.Ке триумфират за уништување на државата.
Од: Petre
Датум: 27.06.2011 15:18:46
Колумнистот Спасов е видливо, начитан човек, со многу идеи и истенчен политички сензибилитет. Па тој е како нарачан за шеф на изборен штаб на СДСМ, за некои нови избори. Тоа Груевски дебело би го финансирал. Се плашам од ова што го читам, и сега да не има некој дил .
Од: makedonka
Датум: 27.06.2011 17:15:27
do milko isvrletegi buckoski kondarko makkardli i dimoski zemetegi tie 2001 sto mygi vadeja ocite na bitlcanite koi se boreja za makedonia ke vi svrsa rabota so takvi kykajci kako tebe nema da mrdni makedonia cekaj pa vidi
Од: девичанецот
Датум: 27.06.2011 18:42:13
Професоре! Отворено напиши дека на чело со пензионерот Б.Ц. СдСМ никогаш нема да победи. Ако сака и на глава нека стои до следните избори.....

Најди! во Утрински
Насловна
Славата, митот и крвта на ВМРО (24)
„Скопје 2014“ и светските берзи ни донесоа висок раст на БДП
Владата стокмена, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ - 2
Денес астероид минува покрај Земјата
На Охрид му се насмевнува успешна сезона
Фински туристи спасени во Преспа
Елена Ангеловска – „Мис тинејџерка на Македонија“
Судски записници
Иванов ќе му го врачи мандатот на Груевски
Блиндиран автомобил за заштита од фановите
Да ја дискреираме реалната слика
Издаден налог за апсење на Гадафи
Џемс Бонд во тавче
Смрт на триумфализмот
Интерес на сите е името да се реши
„Мајки“ награден на фестивал во Нови Сад
Говорот под контрола
Шести триумф на Србија во Светска лига
Инфарктот ги демне Македонците
Во Франција откриена смртоносната бактерија Ешерихија коли
Карикатура
Стол
Дваесет години независна македонска дипломатија
Онлајн вести

"""