Број 3615  понеделник, 27 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Поглед

Судски записници

Љубиша Станковиќ

Да не пукнеше бруката со двојните записници што се воделе за случајот „Пајажина“ немаше да знаеме дека нашето судство навлегло многу длабоко во сопствената „пајажина“.

Веќе не е битно тоа што претседателката на скопска „единица“ ја амнестираше судијката Павлина Христовска од случајот со двојните записници. Неделкова можеше да одлучи и поинаку, односно да го прифати барањето за изземање и да именува друг судија, но и тоа нема да ги промени работите.

Она што ќе остане како факт е дека судот лиферувал двојни записници: Првите се оние на кои е напишано она што навистина се случило на изминатите неколку судски заседанија од судскиот процес „пајажина“, а вторите се оние на кои судот или знаел или можел да предвиди како ќе тече натамошниот тек на постапката.

Објаснувањата дека компјутерскиот систем на кој се работи во судот е таков да копира делови и ги „лепи“ не држи. Не може со ништо да се оправда напишаното, односно дека јавниот обвинител го сторил тоа што не го сторил или дека сите 23 обвинети го ��ажале тоа што никогаш не го изјавиле.

Стравот дека сега се' ќе и' се стави на товар на дактилографката што ги испратила записниците по електронски пат е многу реален и оправдан. Дали жената навистина погрешила во работењето и дали таа веќе имала нешто напишано што не требало да го има на записниците допрва ќе се утврдува, но не треба да се заборави дека тука треба да се преиспита и работата на судиите.

Тие, како што ги ставиле своите потписи на „валидните“ записници истото тоа требало да го направат и на оние што биле дистрибуирани по е-маил. А ако и на нив имало потпис, тогаш требало да внимаваат и на моментот на нивното испраќање.


#
Статијата е прочитана 1339 пати.

Испрати коментар

Од: Itar Pejo
Датум: 27.06.2011 00:10:18
Daktilografkata napravila greska pa go pustila zapisnikot predvreme. Mozela da napravi uste pogolema greska i da ja pusti konecnata presuda. Evidentno e deka e taa vece napisana.
Од: USA
Датум: 27.06.2011 00:29:50
A1 potrosi (donirase) miljoni za SDSM da dojdat na vlast i da gi oslobodat pritvorenite, "zakonski". Zosto tie istite ne bi donirale od GRANAPCINATA pa nekoj proveren DIVERZANT vo sudstvoto (od minatiot sistem) da plasira vakvi informacii od Sluzben Organ so cel kreiranje konfuzija? Kaj se videlo SUD da objavuva nesto (iskaz) sto ne se slucil?
Од: trpe od gradsko
Датум: 27.06.2011 00:48:14
Osnovano e somenieto deka samiot sudski proces e montiran...bidejki duri posle reakcijata na advokatite sudijkata reagirase deka bilo "tehnicka greska"... zosto pred vreme ne kaza i ne gi izvesti advokatite...Sramota retko nekoj graganin da ima doverba vo sudstvoto...najgolem dela ne veruvaat vo sudot...ova e uste eden dokaz...?
Од: трајко
Датум: 27.06.2011 08:01:19
Ало УСА ти си еден обичен диверзант уфрлен кој знае од каде и со какви намери кои очигледно и самиот не ги знаеш.Не прашувај ја А1 од каде се записниците .Одговорот го има Манески твојот министер за “правда“
Од: kiki makedonski
Датум: 27.06.2011 10:58:49
VIE site gresite . Prasate Sitel ke vi kazat:BC go napravil toa. No sramota ekako sudot go dozvolil toa. Ne e ova tehni;ka gre[ka/ Ova e gre[ka vo realizacijata na planiranoto. Gospot da ne cuva.
Од: Graganin
Датум: 27.06.2011 17:26:37
!? Tehynicka greska. Komu mu mackaat ocite?? Barajte ne slepci nego sutraci da Vi veruvaat. Se e toa montirano. A za daktilografkata isto taka ne im veruvam .Luge !!! jadnite tie daktilo sekretarki i slicni NE gresavaat nego postapuvaat strogo po instrukcii. Nego seka pak od niv ke se perat.

Најди! во Утрински
Насловна
Славата, митот и крвта на ВМРО (24)
„Скопје 2014“ и светските берзи ни донесоа висок раст на БДП
Владата стокмена, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ - 2
Денес астероид минува покрај Земјата
На Охрид му се насмевнува успешна сезона
Фински туристи спасени во Преспа
Елена Ангеловска – „Мис тинејџерка на Македонија“
Иванов ќе му го врачи мандатот на Груевски
Блиндиран автомобил за заштита од фановите
Да ја дискреираме реалната слика
Издаден налог за апсење на Гадафи
Џемс Бонд во тавче
Смрт на триумфализмот
Интерес на сите е името да се реши
Преродбата го прероди СДСМ
„Мајки“ награден на фестивал во Нови Сад
Говорот под контрола
Шести триумф на Србија во Светска лига
Инфарктот ги демне Македонците
Во Франција откриена смртоносната бактерија Ешерихија коли
Карикатура
Стол
Дваесет години независна македонска дипломатија
Онлајн вести

"""