|
|
|
|
|
|
Фељтон
Славата, митот и крвта на ВМРО (24)
Атентати во Марсеј, Прага и во Белград
Автомистичката ВМРО ликвидирала повеќе бугарски и српски политичари, меѓу кои и кралот Александар Караѓорѓевиќ
Виктор Цветаноски
Атентатите биле главно обележје на македонската револуционерна борба во подоцнежните години, посебно по формирањето на автомистичката ВМРО на Тодор Александров и особено по доаѓањето на Ванчо Михајлов на нејзино чело. Македонци вршеле атентати во Марсеј, Прага и Белград, врз познати српски и бугарски политичари.
Атентатори на автономистичката ВМРО во почетокот на дваесеттите години на минатиот век извршиле два атентата врз министри на Бугарија. Прво бил убиен министерот за внатрешни работи Александар Димитров, кој претходно Александров го обвинил дека ги собирал околу себе „отпадниците“ на ВМРО кои, според него, вршеле насилства, рекетарство и убиства и од нив формирал чети и ги испраќал во Македонија. Во предупредувачкото писмо до министерот тој подвлекува дека главно оружје на ��ласта бил Ѓорче Петров кого го поставила за претседател на Комисијата за бегалци. Димитров нема сериозно да ги сфати неговите предупредувања и затоа ќе плати со живот. Бил ликвидиран додека патувал со автомобил за селото Козница. Македонски терористи, испратени од Александров, му поставиле заседа при што тој и неговиот возач биле ликвидирани на самото место.
Терорист на автономистичката ВМРО ќе го егзекутира и наследникот на Димитров, министерот Рајко Даскалов. За да го спаси од македонската организација премиерот Стамболиски ќе го испрати за амбасадор во Прага, но и таму ќе терористот на Александров ќе го пронајде. „Даскалов продолжи да живее во чехословачкиот главен град, свесен за фактот дека го демне смртна пресуда од ВМРО. Живееше во една вила во предградието. Едно утро (27 август, 1923 година) тој и двајца негови придружници чекореа од вилата кон градот кога дваесет и двегодишниот џелат од ВМРО се судрил со него да се осигури дека не згрешил. Повлекувајќи се неколку чекори, Македонецот го извлекол својот револвер и го убил Даскалов“, пишува американскиот писател со македонско потекло Стојан Христов.
Атентаторот Јордан Цицонков на судскиот процес изјавил дека тој и други членови на ВМРО во мај 1923 година биле поканети од Александров во едно село на Скопска Црна Гора при што им одржал куса реч, потсетувајќи ги на нивната должност кон македонската револуционерна борба. Потоа им кажал дека владата на Стамболиски ги прогонувала Македонците, по што ВМРО изрекла смртни пресуди за четворица членови од неговиот кабинет. Тогаш го информирал Цицонков дека нему му се паднала ждрепката да го убие Рајко Даскалов. Кога тој му рекол дека не знае странски јазик и дека ќе му биде тешко да ја пронајде жртвата во Чехословачка, Александров го извлекол од торбата Уставот на ВМРО и од него го прочитал извадокот: „Секој член на организацијата кој што ќе одбие да спроведе смртна пресуда ќе биде застрелан не подоцна од дваесет и четири часа“.
Цицонков од прашкиот суд бил ослободен со образложението дека дејствувал како агент на ВМРО и дека се наоѓал под „невозможна принуда“, немал друг избор освен да ја исполни задачата или да умре. Меѓутоа, подоцна одново бил суден во едно провинциско гратче. Го осудиле на 20 години. По две години одлежани во затворот се самоубил.
Александров ќе убива бугарски, а Михајлов српски политичари. Од позначајните е атентатот генералот Михајло Ковачевиќ извршен на 5 октомври 1927 година во Штип. Во него стрелале штипјанецот Ипократ Развигоров и кумановчанецот Благој Кралев, испратени од Софија. Ним им помагал штипјанецот Илија Лилинков. Два дена по убиството српската полиција ги открила. Жив го фатиле само Благој Кралев, а Ипократ Развигоров и Илија Лилинков се самоубиле.
По атентатот српската власт немилосрдно се одмаздувала. Тогаш со стапови бил убиен 75-годишниот татко на Илија Лилинков, а таткото на Михајлов и неговиот брат ги стрелале на мостот на реката Отиња кај Ново Село. Во затворот жандарми со раце го задушиле братот на атентаторот Развигоров. Се смета дека тогаш биле ликвидирани 200 лица. Преживеаниот атентатор Благој Кралев бил осуден на смрт и стрелан.
И атентатот на Мара Бунева врз српскиот службеник Велимир Прелиќ е дел од терористичката стратегијата на ВМРО на Михајлов. За него се подготвувала во Софија. Во Македонија се вратила во мај 1926 година, а од родното Тетово се преселила во Скопје со намера да убие некој од раководителите на српската власт. Се вработила во кројачки дуќан и шиела облека за жените на познатите српски политичари. Живеела под кирија кај семејство кое било во соседство на убиениот Прелиќ.
Атентатот го извршила на 13 јануари 1928 година на кејот на реката Вардар во близина на денешниот хотел „Холидеј ин“. Три куршуми испукала во Прелиќ, а еден во себе. Тешко ранета ја однеле во болница. Починала наредниот ден. Полицијата ја погребала тајно, така што денес никој не го знае нејзиниот гроб. Семејството Буневи биле познато тетовско семејство. Мара имала двајца браќа и три сестри. Постариот Борис станал бугарски офицер и ги подучувал терористите на Михајлов, а помладиот, Лазар, служел во српската војска на Кралска Југославија, исто така како офицер. Неговите потомци денес живеат во Белград.
Најспектакуларен и најголем одглас во светот имал атентатот што го извршил Владо Черноземски на српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ. Некои тврдат дека најдобриот и најсаканиот атентатор на Михајлов бил роден во едно мало село во Разлошко, во кое нег��вите родители стасале како бегалци од Македонија. Стојан Христов пишува дека бил роден во 1899 година во штипското село Патрик кое денес не постои. Черноземски најпрво бил лично обезбедување на Тодор Александров, кој го унапредил и го префрлил во казнената дивизија на ВМРО.
Христов пишува дека Черноземски бил тивок човек со променлива нарав, кој секогаш се држел прибрано и постојано нешто читал. Ниту пиел, ниту пушел, ниту пак јадел месо. Кога еднаш го прашале зошто не јаде месо им одговорил дека било свирепо да се убиваат животни. Каква иронија, човекот што секојдневно убивал, сметал дека е свирепо да се убиваат животни!
Откако му завршил многу крвави задачи, Михајлов му го позајмил Черноземски на Анте Павелиќ за да го убие српскиот крал. Атентатот во Марсеј бил извршен на 9 октомври 1934 година. Черноземски покрај кралот го убил и францускиот министер за надворешни работи Луј Барту. Притоа бил убиен и тој од француски полицаец, кој го го исекол со сабја. Дека атентаторот е македонски терорист Французите дознале по четирите букви ВМРО истетовирани на телото на Черноземски.
Пред тоа терористот Иван Момчилов се обидел да го убие српскиот политичар Жика Лазиќ во неговата канцеларија во Белград. Иако во него испукал четири куршуми, Лазиќ преживеал. Станал губернатор на Вардарска Македонија и министер за внатрешни работи на Кралска Југославија.
Македонец, член на ВМРО требало да изврши атентат врз Хитлер. Како што пишува Џулен Емери, човек од британските тајни служби, се' било подготвено за атентатот, меѓутоа, поради обични човечки слабости сите планови пропаднале. Македонецот требало да го убие Хитлер за време на негова посета на австриски град. Атентаторот обезбедил и добро место од каде требало да стрела спријателувајќи се со тамошниот конзул на Бугарија која беше сојузник на нацистичка Германија. На пречекот на Хитлер требало да седи заедно со конзулот во непосредна близина на Хитлер и така да го убие. Меѓутоа, вечерта, непосредно пред посетата на фирерот, навратил во барот на хотелот, испил неколку чаши, при што му испаднал револверот. Го пријавиле на полицијата која го уапсила и го протерала.
Британскиот таен агент не го соопштува името на атентаторот ниту, пак, го споменува местото од каде потекнувал. Единствено нагласува дека припаѓал на македонска терористичка организација. Боледувал од рак и му преостанувале уште два месеца живот и поради решил да го жртвува животот.
(Крај)
|
#
|
Статијата е прочитана 2578 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: make |
Датум: 27.06.2011 02:09:45 |
|
Владо Черноземски е роден во селото Каменица, денес кварт на Велинград. Тоа се наоѓа во Бугарија, па дури и не е Пиринска Македонија, а област Тракија. |
|
|
|
|
|
|
Од: Тиквешански |
Датум: 27.06.2011 02:16:52 |
|
Вечна слава на ВМРО и за хероите и жртвите кои го дале животот борејќи се против српските тирани и окупатори!! На 19 јуни помина годишнина од Тиквешкото Востание од 1913 година, едно од најкрвавите востанија дигнато од ВМОРО против српските окупатори. За жал никој официјално не го прослави овој ден. Тоа покажува дека Р.Македонија е уште под српско влијание и лапатнтно српско ропство. |
|
|
|
|
|
|
Од: Nake Tufekciev |
Датум: 27.06.2011 02:49:20 |
|
Vlado Cernozemski e Velicko Gorgiev Kerim roden vo Makedonska Kamenica toa go pisuvase za vreme Jugoslavija za VMRO,Vo memoarite na Gesev sefot na Bugarskata tajna policija do 1944 god. sto izbega i umre vo USA pisuva deka Aleksandar trebalo da se ubie vo Sofija carot go pustil Gesev da go ubedil Vanco da ne go ubijat tamu Aleksandar e ubien prema Gesev zaradi osveta na tatkoto i bratot na Vanco Mihajlov "а таткото на Михајлов и неговиот брат ги стрелале на мостот на реката Отиња кај Ново Село"Aleksandar e ubien zaradi Makedonski raboti Hrvatite samo pomagale,toa go potvrduva vo memoarite i Gesev |
|
|
|
|
|
|
Од: Ljubotan-Trade Name |
Датум: 27.06.2011 05:03:59 |
|
Viktore -Sugare!Kogaj ce pocneme za Severnata Strana, i Ova e Tvoe Edno Umie! Pa, Makedonija od 5 vekovnoto Ropstvo ne ja oslobodi VMRO,daj kogaj ce pocneme sekoj vecer da se prepucavame-da pukame i tirazot na utrinski ce porasne! Eve imam iodea; Novi Feljton pomegju Nas, Feljton za Vistinata vo Makedonoja! Ljubotan-Trade Name i Viktor na Trkalesto -Okruglo Stolce! Kako go pratam feljtonov,mislam tvoevo pisanie,e kako Senatorski Propoved,,,Mnogu receno,a nisto ne kazano"-Totalna Kontradikcija,! Za Primer!Siguren sum, da Goce Delcev znael poarno,nego li Ti ,za sebesi ,koj e On-Toj,i sto e On-Toj! I ne moras da gi prekrstuvas i menuvas nivnite cuvstva! PS Ve Molam ,bez Cenzura,inaku ce bidete, isti kako i Skopski Vecer! |
|
|
|
|
|
|
Од: БгМак до Nake |
Датум: 27.06.2011 05:57:47 |
|
Никола Гешев исчезнува без трага во почетокот на септември 1944 година, најверојатно умира при обидот за бегство преку турската граница. Не е оставил никакви мемоари - тоа лесно може да се провери |
|
|
|
|
|
|
Од: Janakiev Nikola |
Датум: 27.06.2011 07:29:31 |
|
Kole 27.6.2011god.
Komentaro na Nake e tocen. Po kazuvanata na tatkomi e roden vo Kalimanci Iljovo tuka Kamecica do GOVERDARNIK.Ubivstvota na A,Karadjodjevic bilo planiraaano vo Sofija i e bilo sve podgotveno.No koga doznal Car Boris gi sobral site makedonski voditeli i na desna ina leva i naredil akose sluci vo Bugarij gos da bide ubien nitu Makedonec nema da postoevo Bugarita.
Zar tova ne dovolno deka sme itogas bile Makedonci.0062 |
|
|
|
|
|
|
Од: pameten |
Датум: 27.06.2011 07:54:16 |
|
“Македонците си имаат своја историја и народ. Туѓа историја не ни е потребна.” Ako barash istorija na poseben Makedonski narod niz vekovite samo se frustriruvash: “predavnici”, vo “zabluda”, “edno kazhuvele, drugo mislele”... Ovo e navreduvachko za dostojnstveniot iako mlad Makedonski narod.! Site sporovi kje se rashat koga se prifati istorijata takva kakva shto bila. Antichkite Makedonci sekako bile helenizirani, a Slavjanite vo prostorot od Centralna Albanija do Crnoto More bile “Bugarizirani” (se razbira i (pra)Bugarite bile slovenizirani. Ovoj proces se narekuva akulturacija. Se pojavil nov narod. Evuluiral poseben Slovenski jazik bez padezhi narekuvan od site Bugarski. Ne e navreda da se prifati deka 1100 godini podocna del od ovoj (Sloveno) Bugarski narod, vo uslovi na zhestok pritisok i razocharenost od Sofija se afirmiral kako poseben Makedonski narod. |
|
|
|
|
|
|
Од: Балканец |
Датум: 27.06.2011 09:32:25 |
|
Прочитајте ги книгите на Димитар Талев, роден во Прилеп, Македонија, на 1 септември 1898 година. Прочитајте ги "Железниот светилник", "Преспанските камбани", "Илинден" и "Гласовите ви ги слушам" и ќе ви станат јасни многу работи за етногонезата на сегашниот македонски народ и основите на револуционерното движење во Македонија и Одринско. Прочитајте ги и неговите книги "Самоил" и "Хилендарскиот монах". |
|
|
|
|
|
|
Од: Македонска Каменица |
Датум: 27.06.2011 09:51:22 |
|
Точно ! Роден е во Македонска Каменица која ја мешаат со бугарската Каменица! И други атентатори (поточно с.Саса) од редовите на ВМРО се родени на подрачјето на денашна Македонска Каменица! Локалното население ги знае нивните потомци и роднини! |
|
|
|
|
|
|
Од: Перо |
Датум: 27.06.2011 10:02:54 |
|
Крал Александар е убиен поради сојузот што требало да се направи помеѓу Југославија и Бугарија, поради што ВМРО е забранета во Бугарија и комитетот се сели во Турција. Ментор на овој сојуз е Франција. Во неколку текстови ова е причината за атентатот врз Александар и ,да не заборавиме, францускиот министер за надворешни работи и нема никавна врска со Павелиќ. |
|
|
|
|
|
|
Од: Gjokica |
Датум: 27.06.2011 10:03:00 |
|
Dvaeseti dokaz. За националните чувства на Македонците од 19 век пишувале и бугарските весници. Oфицијалниот владин весник „Свобода“ 13.04.1892 за дејноста на македонската книжевна дружина „Лозарите“, предводена од еден од лидерите на ВМРО и составувачот на нејзиниот устав, г. Петар Поп-Арсов, пишува:
"... Македонската дружина смета дека нивната татковина е Македонија, населена со одделно словенско племе наречено Македонци, дека таму се собрале севозможни надворешни елементи , т.е. Бугари, Грци, Срби...дека целта им е да ни дадат еден силен отпор и да се зачуваат од нашите разбојнички посегања и дека Лоза ќе и служи на таа цел! Како ви се бендисува? " (автор Д.Т. Левов, наслов "Лоза", вестник „Свобода“ бр. 6/786, Софија. 13.04. 1892). |
|
|
|
|
|
|
Од: Do Janakiev Nikola |
Датум: 27.06.2011 10:05:41 |
|
Vo 1934 megju Bugarija I Jugoslvija bil podpishan dogovor za "vechno prijatelstv". Ovo za Makedoncite, koi se sfakjale kako "Egejcite" denes vo R.M. go sfatole kako velepredavsto. Ubijstoto na kralot Aleksandar bilo nachin da se pokazhe deka Duri Nugarija da prifati Kgoslovenskiot suverenitet vrz Makedonija, narodot nema nikogash da go priznae |
|
|
|
|
|
|
Од: mihailovvanche |
Датум: 27.06.2011 10:30:02 |
|
koi kage ,deka ne sum makedonec,ke mu skinem iazikot.koi kage deka ne sum bulgarin,ke mu sekam glavata....t.aleksandrov. |
|
|
|
|
|
|
Од: kamenica |
Датум: 27.06.2011 10:35:03 |
|
Tocen e podatokot na Nace: Kaj Vlado Cernozemski se raboti za Velcko Georgiev Kerim, roden vo Kamenica.Toj vo sorabotka so ustaskata organizacija na Pavelic. posle priprema vo farma ,Janka Pusta vo Ungarija zaminuva za Marsej so lazen pasos i potkrepa od ustasite i go izvrsuva atentatot na kral Aleksandar Istiot Vlado go ubil i Dimo Hadji Dimov , blizok sorabotnik na Delcev,i mnogu drugi makedonskiu revolucioneri po naredba na Vanco Mihajlov |
|
|
|
|
|
|
Од: gabriela |
Датум: 27.06.2011 10:59:32 |
|
http://www.lostbulgaria.com/?p=3602 |
|
|
|
|
|
|
Од: 1 |
Датум: 27.06.2011 11:12:05 |
|
Mnogu ubavo opisana bugarska istorija .Neznam zosto im e tolku interesna na makedoncite. |
|
|
|
|
|
|
Од: Убиле окупатори. И Бугарите и Србите биле окупатори |
Датум: 27.06.2011 11:29:23 |
|
Грција Бугарија Србија ДОБИЛЕ порано државност па се кочоперат со богатата македонска историја. Сите на ОВ, ЕВ, СКИ тоа е македонски народ. Освен некои со татарско потекло а си дале македонско име а и јазикот на сите т.н. Словени е македонскиот солунски дијалект. Тресете глупости татармани лажна ви е историјата. Во иднина можно е секој Македонец во Бугарија да си го открие македонското потекло. Македонци имало и има повеќе и од Грци и од Бугари и од Срби. Ако се асимилирани тоа е привремено. Тоа е неправедно неможе да победи. Иднината е на вистината а Македонија е вечна и ке си го добие нејзиното. Да живее златна мила вековна библиска Македонија. Македонци од Бугарија научете вистината. |
|
|
|
|
|
|
Од: London |
Датум: 27.06.2011 11:56:59 |
|
До pameten: Како македонец од западна Македонија, знам што сум и знам дека немам ништо општо со некакви си ‘бугари’ од источна Бугарија. Вашата историја си е ваша, а нашата наша. Попросто неможам да ти објаснам. А, ти пак читај си книги од про-бугарски писатели. Толку ми е исперен мозокот што навистина си ги заборавив моите ‘бугарски’ корени и сега пополека почнувам да сваќам дека дедо ми, а и дедо ми на дедо ми, лажел дека сме македонци. Со друштвото ‘Радко’ сите ќе се ново-образоваме. За срамота! Македонија е една и македонските корени се само македонски. Толку! |
|
|
|
|
|
|
Од: Керин |
Датум: 27.06.2011 13:22:30 |
|
Lugje, ve molam! Kerin e roden vo Kamenica, Velingrad, Bugarija (Rodopi planina). Ima dokumenti, samo nema koj da gi cita! |
|
|
|
|
|
|
Од: rego |
Датум: 27.06.2011 13:52:43 |
|
Gledam vie duri vistinskoto ime na Vlado Chernozemski ne znaete da napishete -ne Velichko Georgiev KeriM, a Velichko Georgiev KeriN e vistinskoto ime, koj inaku e roden vo bivshata Kamenica (deneshen Velingrad, Pazardjishki okrug). Inaku stavot deka Aleksandrov ubival bugarski oficeri, a Mihajlov srpski, e poveke ot patetichen. VMRO po vreme na vladata na Aleksandar Stamboliski e del od borbata megu levicata i desnicata vo Bugarija, i ako se ibieni nekolkumina bugarski oficeri, ova e po prichina sorabotkata so vladata na Stamboliski. Ubienite srpski oficeri se del od borbata protiv srpskiot okupator vo Vardarska Makedonija. |
|
|
|
|
|
|
Од: Stojan |
Датум: 27.06.2011 14:26:02 |
|
Do balkanec.
Koga ziveev vo bugarija cesto mi gi preporacuvaa knigite na dimitar talev koi vie gi imenuvate. detalno gi procitav i vo niv osven na nekoi mesta kade najverojatno cenzurirano e vneseno deka makedoncite se bugari absolutno nikade niz sodrzinata na knigite nee taka, naprotiv od sodrzinata na knigite avtorot zboruva za bliskosta no i zaasebnosta na dvata naroda |
|
|
|
|
|
|
Од: Gargamel |
Датум: 27.06.2011 14:33:17 |
|
Čitajki go feljtonot i komentarite se čudam i zgrozuvam od potrebata da frustriranite "makedonci" koi ne si go znaat i poznavaat sopstveniot narod,poteklo i razvoj niz istoriskite balkanski buri,da ja prifakaat "istoriskata vistina",zasnovana na napišanoto od nekoi tvorci bez legitimitet,belosvetski novinari so ličen interes da ja izvrtuvaat vistinata prema togašnata dnevnopolitička potreba.Po X godini nekoj ke go citira Latas,Milenko,Tanja bumbarkata,anketite na razni agencii i forumi,Fokus,Dnevnik,Vreme i ke ja elaborira sotstvenata vistina.Ma daj bre narode,pa i vodačot reče deka vistinata e kako šilo i .....Trista teorii za ubistvoto na Aleksandar.Atentat izvršen od lična osveta so manipuliranje vo interesite na "makedonskiot narod",a debelo profitirano materiljalno i politički i od bugarite i od hrvatite.Koj atentat na Hitler?Od kriminalno fašističkata teroristička organizacija na Mihajlov?Žalno e za idnite pokolenija što ušte ne ima bugari,srbi,grci,antikvizirani,Hunzi,a ne nas. |
|
|
|
|
|
|
Од: Valery |
Датум: 27.06.2011 17:04:48 |
|
Vlado Cernozemski (Velicko Kerin) e roden vo s. Kamenica - dnes kvartal na Velingrad, kojto ne e vo Makedonija, a e vo Trakija. |
|
|
|
|
|
|
Од: VP |
Датум: 27.06.2011 18:30:34 |
|
Што и да се пишува, како и да се пишува - ВМРО ќе остане легенда и во Македонија и во Бугарија!
Македонците треба да се помираат сами со себе. Да одат напред.
Друга поука од историјата нема ...
|
|
|
|
|
|
|
|
|