Избор на убавина
Елена Ангеловска – „Мис тинејџерка на Македонија“
Најубава тинејџерка на Македонија за 2011 г. е Елена Ангеловска, 16 - годишна ученичка од Скопје, членка на модното студио „Црнокрак“. Прва придружничка е Ведрана Стојаноска (17 )од Скопје , а втора е 16-годишната Милена Димитриевиќ од Радовиш. На изборот што се одржа во Охрид, во хотелот „Десарет“, во организација на „Кворум моделс“, таа победи во конкуренцијата на 18 финалистки од цела Македонија. Тие се претставија во неколку излегувања во креации на нашите дизајнерки Маја Кикириткова и Јасмина Дракул и во костими за капење од „Санда“, а носеа чевли од „Доримак“ - Куманово. За фризурите на девојките се погрижи „Студио ИН“, а за шминката, салонот за убавина „Изида“ од Охрид.
Првонаградените пет девојки добиваат право на директно учество на изборот за „Мис на Македонија 2011г., кој летово ќе го организира модното студио „Црнокрак“, а, исто така, како награда од организаторот ќе можат да ја претставуваат нашата држава на интернационални избори за тинејџерки.
Во музичкиот дел настапија Дарко Илиевски, Роберт Вукелиќ и Димитар Андоновски. |