Број 3615  понеделник, 27 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Еко��омија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Мислења

Смрт на триумфализмот

Ивор Мицковски

Ќе прославуваме лажни победи над сиромаштијата, но најмногу од се' лажна победа на руинираниот македонски идентитет

Со смртта на младиот човек на партиската прослава на ВМРО-ДПМНЕ умре и триумфализмот на владејачката партија. Тоа се рефлектираше и на нивниот партиски роденден што помина со ограничена помпа и без изнесување народ. Изостанувањето на триумфот дојде како еден вид „божја казна“ за победниците. Но, тој што мисли дека прославите, самовеличењето и триумфализмот на ДПМНЕ ќе изостанат, сериозно се лаже. И тука се наметнува прашањето кои се или кои ќе бидат победите што нашата Влада планира да ги слави во иднина. Нормално е дека тие победи ќе бидат лажни и во иднина, исто како што беа лажни и во минатото. Ќе прославуваме лажни победи над сиромаштијата, над криминалот, над економската криза, но најмногу од се' ќе прославуваме лажна победа на руинираниот македонски идентитет, национална култура и идентификација.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш страдале од тоа да ја наметнат својата партиска ��деологија врз нацијата, институциите, врз системот, на истиот оној провиден, низок и лажен начин, како што ДПМНЕ си ја присвои и ја изманипулира историјата на ВМРО. Затоа, новата димензија на партиските триумфи на ВМРО-ДПМНЕ е нивната идеологија и антикултура, нивниот шизофреничен национализам со примеси на антиквизација, селективна историја и идентитет, да се транспонира врз националната свест. Тоа што веќе пет години се обидуваат да го реализираат, сега треба да се санкционира, да се утврди и да се запечати. Време е, според нив, изедначувањето меѓу ДПМНЕ и македонската нација да биде целосно, не само на емотивна основа или институционално, туку во најширока можна смисла.

Со сите нивни луди градби, со мегаломанските споменици, каде што и според пропорција триумфираат античките, Македонија создаде национализам и антикултура во кои, преродбеничката историја и реалниот живот станаа секундарни. Ретко некој, во една наводна демократија, го загрозувал животот на современиците, за сметка на минатото. Нашиот национализам повеќе не е историски, тој е груб партиски инженеринг, каде што погрешно доминира антиката, а притоа се девалвира секој реален историски чекор што придонел за создавање македонска нација и држава. Произлегува дека современиот македонски национализам е само комплекс, водење инает, една смешна реакција и контрапродукт на грчката политика. Трагично е и парадоксално, народ што денес се фали дека има историја од 2500 години, а притоа ги заборава или ги игнорира своите словенски корени, да промовира примитивен национализам како опозиција на нешто, а не како продукт на сопствена самосвест. Ова не e однесување што им доликува на една суверена и самоуверена држава и народ. Ова е претдржавнички национализам достоен за едно племе без држава и без јасен идентитет.

Aпотеозата на овој тажен и луд процес ќе го доживееме на 8 септември, кога партиското и националното ќе се сплотат, античкото ќе направи брак со современото и цела таа маса ќе се забетонира и ќе се конзервира. Тогаш, од смртта на партискиот триумфализам ќе воскресне лажната национална победа.

Живееме еден квази или ретронационализам, кој, покрај сите негативности на национализмот како таков, има дополнителна слабост што креира и една антикултура. Ниту нашето минато го разбираме, вреднуваме или валоризираме, ниту, пак, го разбираме духот на времето што го интерпретираме, а со самото тоа што го инсталираме во сегашноста, ја загрозуваме нашата култура, го ограничуваме нашиот идентитет и ја попречуваме нашата иднина. Со експериментот на нашата идентитетска конзервација, ние го загрозуваме преживувањето на нашата култура. А, култура што ќе престане да се менува, тоа е култура што е осудена на смрт.

Ако култура е зборот што го употребуваме за збирот од сите карактеристики на нашиот општествен живот, од начинот на живеење и колективно размислување, од формите и стиловите на тоа како го организираме нашиот простор и нашето време, од тоа какви градби правиме, какви вредности промовираме, какви учебници пишуваме, тогаш ќе видиме дека во најголем дел од нештата доминира волјата на една партија. Oва е еден партиски егоизам и некултура, кои ризикуваат да ги урнат столбовите на македонската национална држава и свест.

Дилемата дали имаме врски со античките Македонци, дали сме потомци на Александар, дали таа крв тече во нашите вени, е лажна дилема. Јас верувам во еден плурален и динамичен идентитет што постојано се менува и се надградува. И да сме дел од античките Македонци, тоа е нешто од пред 2500 години, нешто што било и се надградило со бројни други идентификации и што последно треба да го чувствуваме. Не може идентификацијата со Александар да биде прва на листата, да се чувствува како најблиска, затоа што некој измислил и му текнало да каже дека водиме корени од Александар. И што сме ние, растенија или припадници на животинскиот свет? Да ги асимилираме луѓето со растенијата е погрешно, затоа што она што ја разликува фауната од флората е токму мобилноста. Понатаму, од сите природни, општествени или симболични фактори што ја дефинираат припадноста на еден колективитет, ние најдовме како приоритет да ја ставиме крвната врска со античките Македонци или да се занесуваме со некаква автохтоност на нашиот народ. Па, тоа се приказни за мали деца, фолклорни бајки за неписмените. Треба да ни е јасно дека митовите, традициите, па дури и популарната меморија на еден народ, се најчесто не само измислици, туку и многу понови конструкции отколку што сакаме да пове��уваме. Проблемот е што тие свежи конструкции што ни се случуваат во последните години, колку што се смешни, толку се и опасни.

Идентификацијата со античките Македонци ние не ја доживуваме како нешто есенцијално, туку таа ни се наметнува. Притоа се наметнува не како нешто инклузивно во нашиот културен идентитет, туку како нешто ексклузивно. Никој не треба да прифаќа ексклузивни примеси што претендираат некаква супериорност затоа што ние имаме плурален идентитет. Македонец може да биде од Скопје или од друг регион, да има потекло од друга земја, да е роден и да растел во Југославија, да чувствува блискост или сличност со тие народи, да живеел во странство, да се чувствува и како Европеец и како Балканец, да говори повеќе јазици, да биде верник, да биде богат, сиромав или од средна класа и ниедна од овие идентификации не е помалку или повеќе важна. Сите се еднакво важни, затоа што треба да се чувствуваме како плурикултурни индивидуи. Можеби, на тој начин, за оваа власт ќе бидеме предодредени губитници, но барем нема да бидеме лажни победници.

(Авторот е аналитичар)


#
Статијата е прочитана 1626 пати.

Испрати коментар

Од: B. Betinski
Датум: 27.06.2011 00:27:14
Opstopoznato e deka nacoonalniot, kako i profesionalniot, odnosno personalniot identitet (site tri ja davaat strukturata na licnosta) se prasanje na konstrukcija (vo dobrata smisla na toj zbor) koja pociva vrz realni ili fiktovni osnovi. Pojavata na gramatikata na Koneski (1952), potoa na negovata Istorija na makedonskiot jazik (1966) i, najposle, negovata Istorijka fonolgija (1974 na angliski vo Germanija) go osvoi svetot na fololoskata nauka, a od makedonstikata napravi avtoritetna nauka podednakvo ceneta kako na Zapad, taka na Istok (osnova na nacionalniot identite za moderna Makedonija). Megjutoa, bistata na Koneski treba so kandilce da ja barate na skopskiot plostad. Toj si ostana 'dzudze od Nebregovo' kako sto napisa eden segasen minister na VMRO-DPMNE vo negovata nekogasna brutalna, varvarogeniska lirska blasfemija od najdolen vid..
Од: USA
Датум: 27.06.2011 00:54:29
Kako NAJMILITANTEN na stranicite na Utrinski, mislam deka Ivor (kolku ubavo makedonsko ime) e medju prvite na lista za podsisuvanje. So NEMIR vo dusata ne se nastapuva nikade, zatoa sto tvojot NEMIR go siris kako zaraza. Sekoj gleda da se oslobodi od takvo nesto, poedinecno ili vo grupa. Omraza ili Ljubov, odberi za sebe, ne za NAS.
Од: gimi
Датум: 27.06.2011 01:47:58
Одличен текст господине Мицковски, убаво напишан , текст кој ќе допре до Вашите читатели и потенцијални гласачи на изборите, на кои ќе можете да им сугерирате за која партија да го дадат својот глас.Е, сега тоа што тие читатели и потенцијални гласачи на кои им пишувате се во недоволен број за да можат нешто битно да променат, за тоа што во изминатите 5 години беа и во наредните 4 години ќе бидат во опозиција, е друга работа.Битно се обидувате да му помогнете на Вашиот фаворит да победи, со каков успех не е важно. Важно е и тоа што „ ВМРО-ДПМНЕ секогаш страда од тоа да ја наметне својата партиска идеологија врз нацијата“, според Вас се разбира. Па нели народот е секогаш во право па дури и кога греши?
Од: antika
Датум: 27.06.2011 06:57:30
Abtika si e antika, a tikvi si se tikvi i nema lek. No, triumfalizmot ne umira, posebno vo SDSM. Pa neli tie pobedija na izbori. Raduvajte se g. Ivor i nemojte da mislite deka SDSM isto taka institucuinalno ne ja nametnuval i te kako svojata ideologija i nemal ama bas nikakov "demokratski" sluh za nesto drugo. Ova sto sega go ziveeme e samo reakcija na toa, kako i na grciot sovinizam i fasizam.
Од: euro
Датум: 27.06.2011 07:46:24
Ama isfrustriran tekst,poln so omraza,omalovazuvanje zajadlivost.Koj e lud i sto e ludo sepak ostavi na lugjeto da kazat.I bi zaprasal sto e toa lazno vo pobedite osven ako navivas za drugiot tim pa se tesis samiot sebesi.Izgleda si tipuval na drug tim, visok koeficient malku vlozuvanje,mnogu dobivka ama kako sto se gleda utka si bre.
Од: Karolina Dukik, Utrecht, NL
Датум: 27.06.2011 11:37:56
Do avtorot, odlicna kolumna, posledniot pasus najveke mi se dopadna. do USA, ne ti lici prekarot na toa sto si go napisal. Za tebe e nemir se sto e definicja na sovremenoto poiimanje na nacijata?...tebe ocigledno ti treba kalap za da se definiras sebe si, ti treba da bides ovca vo stadoto.
Од: Ivorce
Датум: 27.06.2011 12:39:41
Majka mi e srbinka od Bosnia, zatoa >Јас верувам во еден плурален и динамичен идентитет што постојано се менува и се надградува.< Utre ke bidam i golemoalbanec ako treba.
Од: a_nesto
Датум: 27.06.2011 12:48:07
Се чудам од каде толкава омраза и исфустрираност на еден аналитичар, кој се обидува да шири јавно мислење во Македонија. Јас прифаќам да се корегира власта, но толкав гнев и бес да се истури во национален весник е тоа неможам да го прифатам. Толку насилен текст не сум прочитал во ниту еден медиум. Доколку го прочиате мојот коментар, Ве молам бидејќи се нарекувате анлитичар, направете си себеанализа и детектирајте од каде Ви доаѓа толку голем бес и огорченост што се граничи со Ваше лудило, поради поразот на СДСМ. Уште еднаш Ве Молам.
Од: sugestivec
Датум: 27.06.2011 14:11:02
Alo Ivore, mlad coveku. Odmoris se malku od ACE. Ke se naviknes na negoviot issukan mech. Pojdni nekolku nedeli na odmor. Na primer, zad Karpatite. Uzivaj malku vo toj prekrasen prostor od kade ti dosle predcite. Napisi nekoja reportaza za tamosnite nebroeni arheoloski dokazi koi ja potvrduvaat tvojata percepcija deka korenite ti se od tamu. Ako pak ne ti se odi tamu, napisi esej za temite od zad Karpatskiot zivot opeani vo nasata narodna muzika. Napis nesto za hrabrite sloveni koi so cevcinjata itaat pod dunav kon Jug - taka gi nadmudrile domorodcite... Ke se cuvstvuvas mnogu po koristen. Vaka samo se karas so ACE.
Од: Трпе
Датум: 27.06.2011 14:15:03
Пропагандната блада нуди лажен идентитет.Исто како камилата која сакала рогови а и без уши останала.Наместо да си го чуваме ова парче земја на кое си имаме и имотен лист,нашата блада дискутира за некој имот кој бил поделен на повеке наследници..А дали Аце бабачкиот е вистински македонец и не бил варварин е друга работа.Некои се радуват дека Аце Бабачкиот бил македонец.Што е поважно нивата или семето.Голем број наши земјоделски производи се од семе од Израел или Холандија.Дали тие наши земјоделски производи се израелски ,холандиски или македонски.Од каде била махјката на Аце.?
Од: Mrazac
Датум: 27.06.2011 14:24:32
Pocituvani sogragani na koi ovoj tekst Vi se gleda kako sirenje omraza itn.Ako ovoj tekst za Vas e sirenje omraza togas kakva e politikata na nasiot cenet Premier.Totoalno go zbuni narodot so neodlucnosta od kade nie poteknuvame,ne podeli na patrioti i predavnici..I jas mrazam i sum frustriran od takvite manipulacii so koi mi ja vregaat intelegencijata.
Од: Чича Мите
Датум: 27.06.2011 14:42:07
Иворе, Иворе ! Во една реченица пишуваш: „Па, тоа се приказни за мали деца, фолклорни бајки за неписмените“ . Дете, ноторен факт е дека многу од нашите сограѓани се неписмени и полуписмени. Со нив лесно се манипулира, и лесно се зема / купува / изнудува нивниот глас. Тоа дпмне и конрад аденауер добро го знаат и го користат. Само кликата од СДСМ (Б.Ц. Шема, Џани, Минче) тоа не го знае и не им е гајле. Они „веќином“ се пратеници и имаат „изборна победа“ - па нормално е да ја уживаат.
Од: читател
Датум: 27.06.2011 18:15:51
Ивор,твоите анализи,не само во овој текст,се потполно точни и мислам дека не треба повеќе да се губи време за да се докажува стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ и опасноста од оваа партија за опстанокот на македонскиот народ и држава.Ако пред стотина години ВМРО не успеа да го прикаже македонскиот народ како бугарски народ, со сите консеквенци што произлегуваат од тоа,на денешното ВМРО по се`изгелда му успева да го уништи не само идентитетот на овој народ,туку и да го уништи оној дел од историјата во кој овој народ успеал да создаде своја држава и да биде признаен како посебен народ.ВМРО како партија може да биде спречена само од партија.Тоа денеска може да го направи само СДСМ,како партија зад која стои не мал број на симпатизери, но за жал, тие не беа свесни на која карта игра ВМРО,а што ти го откриваш во своите анализи.Изборите (како и коментариве на овој текст) покажаа дека голем дел од народот е заблуден од ВМРО и дека од него нема никакво фајде.Македонија ја чека тешка борба.
Од: девичанецот
Датум: 27.06.2011 18:22:28
Кој му дава простор во Вашиот ценет весник на овој самонаречен аналитичар? Иворе, говорот на омраза кон власта, замени го со говорот на љубов кон луѓето. Оваа е најтазе избрана власт од Народот. Без никаков поговор, без поништени гласачки места. И тоа на вонредни избори, што значи власта го отстапи доброволно своето владеење, за да одлучи Народот. Ете, народот одлучи! Своите отровни стрели насочи ги кон опозицијата, која со барањето на предвремени избори, одложи некои процеси во државата, го бојкотираше Собранието...и..повторно изгуби. Без разлика дали ти ја симпатизираш вечната опозиција..тоа е твоја работа....но во написите треба да си реален, а не едностран и да го навредуваш условниот противник!
Од: „Вистината е како шило..
Датум: 27.06.2011 20:27:25
„Во Бразил откриено ново амазонско племе...“ - во Македонија „само си се откри античко племе многу постаро од Исус Христус“ На кои празни глави ќе му објасниш господине Мицковски кога нашиот празноглав народ т.е. дел од него е изветреан и верува само во пастири, што значи дека овците неможат да ја пасат тревата без пастир.

Најди! во Утрински
Насловна
Славата, митот и крвта на ВМРО (24)
„Скопје 2014“ и светските берзи ни донесоа висок раст на БДП
Владата стокмена, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ - 2
Денес астероид минува покрај Земјата
На Охрид му се насмевнува успешна сезона
Фински туристи спасени во Преспа
Елена Ангеловска – „Мис тинејџерка на Македонија“
Судски записници
Иванов ќе му го врачи мандатот на Груевски
Блиндиран автомобил за заштита од фановите
Да ја дискреираме реалната слика
Издаден налог за апсење на Гадафи
Џемс Бонд во тавче
Интерес на сите е името да се реши
Преродбата го прероди СДСМ
„Мајки“ награден на фестивал во Нови Сад
Говорот под контрола
Шести триумф на Србија во Светска лига
Инфарктот ги демне Македонците
Во Франција откриена смртоносната бактерија Ешерихија коли
Карикатура
Стол
Дваесет години независна македонска дипломатија
Онлајн вести

"""