Денес астероид минува покрај Земјата
Астероидот 2011 МД денес ќе помине толку блиску до Земјата што жителите на јужната хемисфера ќе можат да го видат со помош на телескоп. Научниците што работат во рамки на програмата ЛИНЕАР го забележаа астероидот, како што пренесува „Дискавери њуз“ од базата во Њу Мексико. Астероидот ќе помине на 12.000 км од Земјата, што е 32 пати поблиску од Месечината. „Сигурни сме дека ќе не' одмине, но и ако влезе во атмосферата, астероид со таа големина ќе изгори и ќе се претвори во величествен огномет и, веројатно, ќе се распадне на неколку метеорити“, изјави експертот за астероиди Емили Болдвин за „Скајманија њуз“. Астероидот би требало да биде најблиску до Земјата денес околу 13.30 часот, некаде над Атлантикот. Но, дури и астрономските аматери од Австралија и од Нов Зеланд ќе можат да го видат кога ќе биде најблиску до нашата планета. (Б-92) |