Во Франција откриена смртоносната Ешерихија коли
27.06.2011, 12:17
При испитување на пациент со цревна инфекција во Франција откриена е бактеријата Ешерихија коли од типот о104:х4 - изјави францускиот министер за здравство Ксавие Бертран на Универзитетскиот медицински центар во Бордо.
Пред три дена во различните локални болници биле примени осум лица заразени од Ешерихија коли. Досега епидемилозите негираа дека се работи за истиот тип на Ешерихија коли од кој починаа неколку десетици луѓе во Германија.
„Можеме 99 проценти да сме сигурни оти во Бордо е откриена бактеријата Ешерихија коли од типот о104:х4 - истакна Бертран при тоа апелирајќи до сите кои ќе почувствуваат силни болки во стомакот веднаш да побараат лекарска помош“.
|