Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Светска премиера на „Мајки“ во Торонто

Четвртиот филм на Милчо Манчевски ќе биде прикажан во програмата „Специјални презентации“ по избор на директорот Пирс Хендлинг

На 35. Интернационалниот филмски фестивал во Торонто на 12 септември македонскиот филм „Мајки“ на Милчо Манчевски ќе ја има својата светска премиера. Филмот е ставен во програмата „Специјални презентации“ на предлог на директорот на фестивалот, Пирс Хендлинг. Планирано е „Мајки“ да има три проекции, покрај премиерата на 12 септември, тој ќе биде прикажан и на 13 и на 18 септември. Режисерот Манчевски ќе присуствува на фестивалот во Торонто, но овој пат нема да има ниту еден друг претставник од македонската екипа. Во Торонто се очекува да присуствуваат и продуцентката Кристина Калас, како и продукцискиот дизајнер Дејвид Манс.

Како што пренесуваат од продукциската куќа „Банана филм“ новото остварување на Манчевски на фестивалот ќе го претстави директорот Пирс Хендлинг, кој самиот го избрал овој филм „како поради храбрата експериментална синематска структура, така и поради содржината“. Хендлинг го подготвил и текстот во каталогот, во кој пишува: „’Мајки‘ почнува со фикција, и тоа со фабрикување на една лага оди кон обид за фабрикување на еден мит и завршува во потресната сликовност на реалното, каде што никакво фабрикување не е возможно. Под површината на сите епизоди лежи мрежа од детски лаги и предавства, во целина мали, но тие добиваат ужасна сила во финалето, каде што се покажува дека човек кој бил почитуван од заедницата ги измамил сите. Нема лесно читање на ’Мајки‘, туку само потреба од соработување со авторот за да ги откриеме многубројните значења на филмот“.

„Мајки“ е направен во македонско-француско-бугарска копродукција. Овој филм на Манчевски, кој на свој начин се осврнува и на настаните поврзани со кичевскиот новинар Владо Танески, целосно е снимен во Македонија во текот на минатата година на локации во Скопје, Мариово, Кичево, Тетово и Гостивар. Постпродукцијата е завршена ова лето, и тоа во студијата во Париз, Лондон и во Минхен. Главните улоги во филмот ги играат: Ана Стојановска, Димитар Ѓорѓиевски, Владимир Јачев, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Диме Илиев и други, а за првпат се појавуваат и младите Емилија Стојковска и Милијана Богдановска. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, монтажата е на Жаклина Стојчевска, музиката е на Игор Василев - Новоградска, а еден од кастинг директорите е и Маја Младеновска. Дистрибутер на „Мајки“ е „Манаки филм“.

Режисерот Манчевски за својот филм, кој е составен од три дела, вели вака: „’Мајки‘ на оригинален начин испреплетува вистински приказни за едно општество на небрежни и отсутни мајки, каде што децата кои беснеат со кредитни картички, набедуваат невини луѓе, каде што старците умираат сами и заборавени, каде што пензионираните чистачки се жртви на сериски силувања и убиства. Филмот е современа рефлексија на мрачниот свет на Достоевски.“ Додека мотото на неговиот нов филм е: „Вистина, само вистина и речиси ништо освен вистина.“ (С.У.)


#
Статијата е прочитана 823 пати.

Испрати коментар

Од: Executive producer/Detroit
Датум: 11.09.2010 16:46:37
Mototo na filmot "Vistina, samo vistina i recisi nisto osven vistina" kas bi go nadopolnil so mototo "dobro e da se bide dobar" sto e moto na mojot fil za zivotot na Sv.Pavle na koj se raboti poveke od 5 godini i treba da e koprodukcija na drzavi kade sto pominal Sv.Pavle vo svojata misija. Za zal za toj film odgovornite ne se zainteresirani iako temelno ke gi izmenese ( na poarno) poziciite na Makedonija i vo svetot. Ako pred mnogu godini bev potpisan na pismo do Akademijata (zaedno so Dr.M.Stolevski ) nominirajki go togas "Pred zozdot" za nagradata Oskar za najdobar stranski film, ne znam dali bi stavil potpis na film sto vo ime na vistinata ne se interesira za mojata vistina i za etnickoto cistenje na Makedoncite sto nekade odat do genocid, no i za stradanjata na drugite koi ziveat ili poteknuvaat od otode Grupcin"?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
9/11 Девет години потоа
Испревртени вредности во ненормално време
Помина ли возот за Македонија?
Саат-кулите симбол на македонските градови
Ромпуј го охрабри Иванов да го решава името
Чита ли Владата?
Колапс
Пасторот од Флорида нема да го пали Коранот!
Бебе во Даунинг стрит 10
Вакуум во издавањето пасоши
Библиотеката - колективно сеќавање на нацијата
Неверниот сопруг бара прошка
Сликата влегува во дневната соба
Дебели минуси на контото на Владата
Уличен фудбал за индивидуалци
Нарушениот станбен пазар во САД
Маките на персоналот на ѕвездите
Македоците се појавија, па ги снема од пописот во Бугарија
Моден ден со „Леонтиќ“
Скандал