Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Поглед

Чита ли Владата?

Мирче Јовановски

Ги чита ли Владата законите што самата им ги предложила на пратениците во Собранието?

Ова прашање се наметнува по информациите за назначување нов човек во Агенцијата за лекови, или како што е меѓу новинарите одомаќено, Бирото за лекови. Имено, на Владата и' беа потребни речиси два дена за да соопшти дек�� „нема донесено одлука за именување на Сашо Стефановски за нов директор на Бирото за лекови, како што објавија некои медиуми“ и дека за именувањето на првиот човек на оваа важна институција ќе станело збор на наредната владина седница.

Сега можеме само да шпекулираме дали соопштението ќе беше поинакво доколку медиумите не почнаа да прашуваат како е можно на толку важна и чувствителна функција, како што е раководењето со Агенцијата за лекови, да биде назначен човек речиси без искуство, со несоодветно образование (стоматолог, наместо фармацевт) и партиски експониран.

По се' изгледа, медиумите и' ги отворија очите на Владата да не донесе противзаконска одлука, упатувајќи ги службите да го прочитаат она што треба да го знаат, а тоа е член 13 од Законот за лекови, каде што децидно се вели дека „за директор на Агенцијата се именува лице со завршен Фармацевтски факултет, од редот на истакнатите стручни и научни работници, со работно искуство од најмалку десет години во струката“.

Циниците ќе кажат дека не станува збор за никаков превид, туку за политика позната под кратенката АПП (ако пројде - пројде), односно дека некој можеби се надевал, покрај толку имиња, да протне и некое што нема да биде воочено.

Како и да е, и овој пат не не' одминува впечатокот дека партизацијата на институциите фатила длабоки корени. После некој друг ни е виновен кога ќе констатираме дека работите не одат како што посакуваме.


#
Статијата е прочитана 2443 пати.

Испрати коментар

Од: јас
Датум: 11.09.2010 14:03:33
А што друго да се очекува од недораснати дечина , на кои им е дадена задача да водат држава ????Ќе го превртат лончето со млеко , ќе ја стават мачката в рерна и ќе ја запалат куќата!! Друго и не знаат !!
Од: Imame eksperti
Датум: 11.09.2010 16:32:07
A sto ne go stavile g-dinot arthitekt Bozinovski. Pa toj e ekpsert za lekovi.? Neli javno pred TV auditorium izjavi deka so izgradba na spomenici se podobruvalo mentalknoto zdravje kaj ludjeto.Podobar ekpsrt zdravje
Од: Nevrzano
Датум: 11.09.2010 17:40:06
Abe se talent, do talent. A vrabotuanja partiski tečat li tečat. Prajministerot ostvaruva. Včera diplomiranite ili seušte nediplomirani dečinja so dogovori na delo eve sega gi vrabotuva za stalno, oglasite se so broj na dolna obleka. Vrabotuva toj i nepismeni i šalabajzeri, a ako treba od posle ke gi isprati da studiraat na disperzivnite studii.
Од: vvv
Датум: 11.09.2010 23:23:21
ФЕЛИКС-те нема нешто. Или и ти немаш зборови на ова?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 12.09.2010 12:05:22
Некој како w прашува дали читам,читам и коментирам за разлика од некои кои онемуваат и не коментираат.за секаква осуда е протежирање на несоодветни кадри на одговорни местаИ доброе што сепак се сетиле да го исправат она што дебело го утнале.П.С Похантас по се изгледа делимично има појма визави зборот синтагма.Во Википедија синтагма означува збор и повеќе зборови во енигматика,кратенка, ознака и др.
Од: valdez
Датум: 12.09.2010 13:51:48
Gospoda ! Vie mozite da si zboruvate kolku sakate tie sto sakaat si pravat i tatka treba sto saka neka si pravat. samo otkoga ke go postaveja stomatologot togas treba da reagirate ne predvreme. Vaka 20 g. se odnesuvaat site zosto ovaa drzava nema gazda( kral) . I oni e i ovie posle mandatot parite vo dzep i fevga. Dali proektite bile usprsni ili ne za nivnoto vladenie na nikoj nema da mu bidi gajle. Ama so gazda nemase da bidi vaka. Za drzava bez gazda treba da imame evolucija na umot. Ama toa za ovde e naucna fantastika.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
9/11 Девет години потоа
Испревртени вредности во ненормално време
Помина ли возот за Македонија?
Саат-кулите симбол на македонските градови
Ромпуј го охрабри Иванов да го решава името
Колапс
Пасторот од Флорида нема да го пали Коранот!
Бебе во Даунинг стрит 10
Вакуум во издавањето пасоши
Библиотеката - колективно сеќавање на нацијата
Светска премиера на „Мајки“ во Торонто
Неверниот сопруг бара прошка
Сликата влегува во дневната соба
Дебели минуси на контото на Владата
Уличен фудбал за индивидуалци
Нарушениот станбен пазар во САД
Маките на персоналот на ѕвездите
Македоците се појавија, па ги снема од пописот во Бугарија
Моден ден со „Леонтиќ“
Скандал