Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Мислења

Дебели минуси на контото на Владата

Ден Дончев

Контото на Груевски и на неговата Влада е во дебел минус. Се поставува прашање до кога ќе го зголемува црвеното салдо

Владата имала исправен концепт кој дава резултати преку отчетност, работа, посветеност и одговорност, оцени премиерот Никола Груевски давајќи отчет пред макед��нската јавност за сработеното во претходните четири години. За Груевски, константа за оваа Влада била работата. Владата не ветила невозможни работи, туку посветеност и одговорност, со што Груевски верува дека ќе не' доведе до вистинската цел - достоинствено.

Користејќи вакви општи фрази, премиерот избегна да обелодени која е „вистинската цел“ на Владата. Давањето каков било отчет има вистинска смисла само доколку се спореди со одредени параметри преку кои се гледаат резултатите од сработеното. Во контекст на реалната економска состојба во која се наоѓа Република Македонија, еден вистински отчет би истакнал, кои се резултатите во областите што се од најголема важност за граѓаните - невработеноста, сиромаштијата, економијата и социјалата.

Во својот отчет пред јавноста, Груевски ниту еднаш не ги спомна проблемите со кои се соочени огромниот број невработени во Република Македонија. Со моментна стапка на невработеност од речиси 33 проценти, земјава има неспоредливо повисока невработеност од која било земја во ЕУ. Се поставува прашањето која цел си ја постави Владата на Груевски пред четири години за да ја намали невработеноста - да ја намали стапката на невработеност на 30 отсто, 25 или 20 отсто? Само вака поставена цел може да биде репер за давање отчет по четири години. Се разбира, Груевски воопшто не спомна дека стапката на невработеност денес е речиси непроменета од пред четири години. Значи, во најглавната категорија за давање отчет, Груевски добива еден голем минус на контото.

Сиромаштијата во Македонија, спрема критериумите на Светска банка, се приближува до 30 отсто. Со други зборови, 30 отсто од семејствата во нашата држава, што значи околу 200.000, го живеат секојдневјето во сиромаштија. Пред околу осум години, стапката на сиромаштија кај нас, според критериумите на Светска банка, изнесуваше 22 отсто. За какви резултати може да зборува нашиот премиер, ако не се соочи со поразителниот факт дека сиромаштијата во Република Македонија денес е поголема од кога било? За жал, и во оваа многу важна категорија за давање отчет, Груевски повторно добива еден голем минус на контото.

Што се однесува до економијата, најрелевантен показател за давање отчет е постигнатата стапка на бруто домашното производство (БДП). Во 2007 година, стапката на раст на БДП изнесуваше 5,9 отсто; 2008 година беше 4,8 отсто; 2009 год. минус 0,7 отсто, додека за 2010 година Владата предвидува стапка на раст од два отсто. Значи, дури и да се оствари предвидената стапка на раст за 2010 година (иако многу пореално е дека растот ќе изнесува околу 1 процент), просечната стапка на раст за овој четиригодишен период изнесува три проценти. За споредба, просечната годишна стапка на раст на БДП за периодот 2003 - 2006 година изнесуваше 3,75 отсто, додека, пак, просечната годишна стапка на раст на БДП за периодот од 1999 до 2002 година изнесува 1,3 отсто. Се разбира, подлабока анализа на секоја година покажува зошто одредени периоди се поуспешни од други. На пример, растот на БДП во 1999 година драстично отскокна, споредено со која било претходна година од осамостојувањето на Македонија, и изнесуваше 4,3 отсто. Следната година, со стапка на раст од 4,5 отсто, исто така, беше многу успешна. Сето тоа беше пресечено кога се случи воениот конфликт во 2001 година, што на економски план резултираше во пад на БДП од 4,5 отсто и анемичен раст од само 0,9 отсто во 2002 година. Од друга страна, периодот од 2003 до 2007 година беше еден од најпросперитетните периоди за глобалната економија од Втората светска војна наваму. Ова несомнено придонесе за подобрување на економските перформанси и на македонската економија која постигна прилично солидна просечна годишна стапка на раст од 3,75 проценти од 2003 до 2006 година, како и стапка на раст од 5,9 отсто во 2007 година. Не е спорно дека 2009 година беше една од најтешките години за глобалната економија во последните седум децении. Но, поентата ми е дека не може ниту еден премиер да си ги припишува позитивните ефекти врз домашната економија исклучиво на свое конто, а да избегнува одговорност кога економските околности не му се во прилог.

Оваа Влада не може да покаже ни драстично подобри резултати и во привлекувањето странски директни инвестиции (СДИ). За периодот 1999 - 2002 година вкупните СДИ во Република Македонија изнесуваа 822 милиона евра; за периодот 2003 - 2006 година вкупниот износ беше 660 милиони евра, додека за периодот од 2007 до 2010 година ќе бидат околу 800 милиони евра. Затоа, кога е во прашање отчетот за макроекономските перформанси, најдоброто што Груевски може да си го препише е неутралната оцена во споредба со претходните две влади.

Конечно, што се однесува до социјалата, Груевски истакна дека илјадници пензионери го почувствувале позитивното работење на оваа Влада кога добиле над 30 отсто зголемување на пензиите во просек, како и јавниот сектор, каде што се зголемиле платите на 22 процента за првите две години. Притоа, Груевски заборави да каже дека инфлацијата во Македонија изнесуваше 6,1 отсто во 2007 година и 4,1 отсто во 2008 година. Со други зборови, реалното зголемување на пензиите изнесуваше 18 отсто, додека платите на јавниот сектор реално се зголемија за 10 отсто. Се разбира, и ваквото зголемување е добар исход и за пензионерите и за вработените во јавниот сектор. Но, тоа што премиерот не истакна е дека оваа Влада драстично ја зголеми вкупната јавна потрошувачка во последните четири години преку буџетските расходи. Вистинското прашање при секое зголемување на платите, пензиите, како и општите буџетски расходи е како се финансирани тие расходи и кои се макроекономските ефекти од нив. Во поглед на фискалната политика на оваа Влада во изминатите четири години, драстично зголемените буџетски расходи резултираа во дуплирање на трговскиот дефицит од 900 милиони евра во 2006 година, на 1,8 милијарди во 2008 година. Вкупниот надворешен девизен долг на државата се зголеми за над 1,5 милијарда евра за четири години. Значи, вистинските последици од раскошното трошење на оваа Влада допрва ќе бидат почувствувани од идните генерации. Затоа и во оваа категорија за отчет, Груевски добива голем минус на своето конто.

Од наведеното може да се заклучи дека контото на Груевски и на неговата Влада е во дебел минус. Се поставува прашање до кога ќе го зголемува црвеното салдо.

(Авторот е економски аналитичар)


#
Статијата е прочитана 1639 пати.

Испрати коментар

Од: Stardust
Датум: 11.09.2010 12:55:00
Znaci vladata go pravi istoto sto go pravese Hrvatska pred desetina godini (a site sakame da sme kako niv, znaci potegot e ispraven?)-se zadolzuva, no ne za infrastrukturni i rentabilni resenija (kako investiciite vo posocenata Hrvatska-na pr.avtropat do moreto i kompletna revitalizacija na cel breg i brodogradilista), tuku vo sminkeraj i samodokazuvanje pred svetot kako zemja so stil i tradicija. Namesto da go prezeme bugarskiot model na vlozuvanje vo sistemski merki za rascistuvanje so korupcijata i privlekuvanje na evropski pari za izgradba na osnovna patna i ostanata infrastruktura. Rezultat-nitu imame jasna cel-kako turizmot na Hrvatite, nitu imame 0-korupcija i organiziran kriminal. Samo debeli konta vo plus na smetkite na poedinci bliski do vlasta. Aferim
Од: Petrovski Toni
Датум: 11.09.2010 13:37:47
Grueski e kako Magelan brodot go dvizi vo krug ja bara amerika no ja otkriva Indija ,vo sekoj slucaj hrabar,uspesen,srecen proekt od koj drugite vladi ce imaat pogolema korist od toj samiot
Од: Баба Ката од Секулицу
Датум: 11.09.2010 14:44:16
Синко ДЕН ДОНЧЕВ (иако знам дека не си китка за мирисање и ти),имаш голема грешка кога зборуваш за СИРОМАШТИЈАТА! Постои БЕДА и СИРОМАШТИЈА. Тие 200.000, како што велиш СИРОМАШНИ, не се СИРОМАШТИЈА. Тие, мој силни економисту, БЕДАТА на Македонија. Тие (55.000 семејства) живеат од социјална помош со 18 до 22 денари дневно по ЧЛЕН на домакинство. Сиромашни се далеку поголем контигент население. Со ниски пензии, невработени, плати од 100 -300 евра, земјоделци... Нема простор за поопширна елаборација...
Од: алек
Датум: 11.09.2010 22:22:45
Оваа влада е подобра од било која друга.А ако некој сака да критикува само тоа е веке друга работа.Единствено оваа влада е со народот, и во тешка економска криза успева колку што може да не го заборави обичниот граѓанин.
Од: Трпе
Датум: 12.09.2010 07:56:15
Нашата блада е како некоја жена која не знае да врти куќа.На улица ја гледаш убава,нацрвена нашминкана а во домот да и влезеш страв да те фати,секаде мувлосано и смрдеа од нечистотија.Или како неодговорен татко кој влегува во маркет,купува цигари и ракија а заборава да купи леб и млеко за децата.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
9/11 Девет години потоа
Испревртени вредности во ненормално време
Помина ли возот за Македонија?
Саат-кулите симбол на македонските градови
Ромпуј го охрабри Иванов да го решава името
Чита ли Владата?
Колапс
Пасторот од Флорида нема да го пали Коранот!
Бебе во Даунинг стрит 10
Вакуум во издавањето пасоши
Библиотеката - колективно сеќавање на нацијата
Светска премиера на „Мајки“ во Торонто
Неверниот сопруг бара прошка
Сликата влегува во дневната соба
Уличен фудбал за индивидуалци
Нарушениот станбен пазар во САД
Маките на персоналот на ѕвездите
Македоците се појавија, па ги снема од пописот во Бугарија
Моден ден со „Леонтиќ“
Скандал