Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Пана

Уличен фудбал за индивидуалци

Јасминка Павловска

Кое е името на играта? Тоа е пана - игра што потекнува од фудбалот, но, сепак, е различно. „Она што е заедничко меѓу фудбалот и паната е што се игра со нозе и со топка. За разлика од фудбалот каде што се инсистира на тимската игра, паната ја поттикнува индивидуалноста. Инаку, пана е повеќе од игра. Пана е спорт, вештина, па и малку уметност“, објаснува Мохамед Бутака, национален шампион на Холандија во пана веќе неколку години, а сега и светски шампион.

Мохамед Бутака, Џошуа Агтерс и нивниот менаџер Крис ван Грондел, во изминатата недела, од 4 до 8 септември престојуваа во Македонија како промотори и инструктори на играта пана во земјава. На 7 септември во Градскиот парк во Скопје се одржа првиот фудбалски турнир во пана, организиран со соработката на амбасадата на Кралството Холандија и Фудбалската федерација на Македонија. Токму Мохамед, Џошуа и Крис беа ѕвездите на овој турнир, како и на полувремето на репрезентативниот фудбалски меч меѓу Македонија и Ерменија што се одигра на 7 септември.

Пана, всушност, е уличен фудбал што го практикуваат речиси сите деца што растат во урбани средини. Со името пана уличниот фудбал, всушност, добива одреден формат на спортска игра со свои правила. Се игра еден на еден или најмногу двајца против двајца, на мал терен со димензии 4х6 метри. Мечевите се ограничени на три минути. Победник, логично, е оној што ќе даде повеќе голови. Но, сите головите паѓаат во вод, ако еден од играчите изведе пана- т.е. ако изведе дриблинг и ја провре топката меѓу нозете на противничкиот играч и потоа ја запре со свои нозе. Оној што ќе изведе пана - е победникот. Пана е слично на нокаут во боксот - само многу помалку болен. Името на играта потекнува од Суринам, каде што на суринамски јазик пана значи порта.

Првично, корените на играта се на улица. „ Уште додека бев мал, постојано жонглирав дома со топката. И, секако, нешто кршев низ дома, што ја излудуваше мајка ми. Тогаш таа ми велеше- излези и играј со топката на улица. На улица, во Амстердам, најбрзо се стекнуваше друштво и пријатели играјќи уличен фудбал“ -се навраќа на своите почетоци со оваа игра Мохамед Бутака.

На крајот од 90-тите години на минатиот век играчите на пана во Холандија, со потекло од Мароко и Суринам, ја издигнуваат оваа игра на ниво на шоу- претстави. Прикажувајќи ги своите трикови и вештини, тие наоѓаат начин да се претстават себеси. Инспирирани од своите фудбалски херои од тој период, како Едгар Давидс и Зинедин Зидан, пана-играчите секојдневно тренираат да соберат некој нов трик, што ќе го применат и со кој ќе го победат противникот. Нормално, најдобрите пана-играчи се херои на улицата.

- Пана е повеќе од спорт. Пана е животен стил - објаснува Џошуа Агтерс, со прекар Сонувач“, инаку мајстор во пана-жонглерство. Оваа игра оди заедно со урбаниот стил на облекување, уличниот сленг, хип-хоп музиката и правилата на улицата. Трикот е да се поставиш ладнокрвно кон противникот, да не покажеш емоција во текот на играта. Треба да се усовршиш да играш со леснотија, како играта да е дел од тебе, да не падне капка пот додека играш - ја кажува идеологијата на паната Џошуа.

- Давајќи и' официјален натпреварувачки формат на паната преку Националното првенство на Холандија настојуваме паната да ја направиме повеќе од само уличен фудбал - објаснува менаџерот Крис вон Грондел. Пана е комплетна младешка култура, со свој стил на облекување, код на однесување, уличен жаргон и музика... Сево ова момчињата жаргонски со еден збор го нарекуваат „стило“. Иако потекнува од Холандија, во последниве неколку години стана меѓународно познат, особено во Велика Британија и во Бразил. Покрај тоа што е визуелно атрактивен спорт, паната е и ефикасен инструмент за унапредување на социјалната кохезија и нуди одлична основа за интеграција меѓу младите од различно етничко потекло. Нашите искуства во Холандија се мошне позитивни. Верувам дека тоа може да заживее и во Македонија и овој спорт да стане една од алките на поврзување меѓу различните етнички, религиозни и социјални групи во општеството. Верувам дека обуката што ја спроведовме со 18 македонски студенти, кои ќе бидат пана-тренери, ќе даде плод. Тие натаму ќе можат да обучуваат деца на возраст од 10 до 12-годишна возраст и да ја популаризираат паната. Предноста на оваа игра е што ја развива индивидуалноста, но и мотивира на социјализација. Ние веќе се подготвуваме и за Светско првенство во пана што ќе се игра во Бразил 2014 година. Се надеваме дека и Македонија ќе земе учество на ова Светско првенство - полн со верба ја завршува приказната за паната Крис во Грондел, пред да се врати во Холандија откако го „фрлија семето на паната“.


#
Статијата е прочитана 518 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
9/11 Девет години потоа
Испревртени вредности во ненормално време
Помина ли возот за Македонија?
Саат-кулите симбол на македонските градови
Ромпуј го охрабри Иванов да го решава името
Чита ли Владата?
Колапс
Пасторот од Флорида нема да го пали Коранот!
Бебе во Даунинг стрит 10
Вакуум во издавањето пасоши
Библиотеката - колективно сеќавање на нацијата
Светска премиера на „Мајки“ во Торонто
Неверниот сопруг бара прошка
Сликата влегува во дневната соба
Дебели минуси на контото на Владата
Нарушениот станбен пазар во САД
Маките на персоналот на ѕвездите
Македоците се појавија, па ги снема од пописот во Бугарија
Моден ден со „Леонтиќ“
Скандал