Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

Македоците се појавија, па ги снема од пописот во Бугарија

Првата статистичарка, сепак, изјави дека никој нема право да им каже на граѓаните како да се определуваат

Слободанка Јовановска

Нарекувајќи го „антинаучно и антибугарско“, ВМРО на Красимир Каракачанов се нафрли на споменувањето на Македонците и други етнички групи во анкетниот лист за пробниот попис во Бугарија, кој треба да се слу��и идната година, а веќе ја разбранува јавноста во земјата.

Сите бугарски медиуми вчера пренесоа дека премиерот Бојко Борисов, сепак, нема да ја казни за „скандалот“ директорката на Националниот институт за статистика, но по тоа, како беше пренесена веста, јасно е дека евентуална одлука за вклучување во пописот и на Македонците ќе предизвика политички земјотрес од голем размер во Бугарија.

Дали Борисов пушти пробен балон преку пробниот попис за одлука која станува неизбежна за земјата ќе се види идната година, но уште сега е јасно дека овој попис во Бугарија е прв што треба да се прави според стандардите на ЕУ и дека етничките права со Лисабонскиот договор станаа дел од законодавството на Унијата, па финтите во Стразбур не можат да поминат во Судот за правдата на ЕУ.

Тоа дека нешто, сепак, се случува говори фактот дека на официјалната веб-страница на Националниот институт за статистика во графата за етничко потекло нема воопшто Македонци или други малцинства, надвор од тие што вообичаено се појавуваа во претходните - Бугари, Турци, Роми и останати. Со оглед на тоа каква врева се крена во јавноста, очигледно е дека Македонците се протнале на мала врата во анкетните листови за пробното попишување, а за да се ублажи реакцијата, покрај нив се споменати и Африканци, Американци, Европејци...

Со образложение дека биле набројани групите што така се изјасниле во претходниот попис во 2001 година, во рамките на графата „останати“. Во тој попис, имено, во графата „останати“ над 5.000 бугарски државјани се изјасниле како Македонци, и тоа е набројано во сумирањето на резултатите.

„Маријана Коцева е специјалист со докажани вештини и професионални квалитети, како и со авторитет во Европа“, изјави вчера Борисов, бранејќи ја првата статистичарка. Одговарајќи на прашање зошто се вклучени бугарски муслимани, Македонци и Гагаузи кај етничката определба, Коцева одговори дека дека секој има право да се дефинира себе си како што сам ќе одлучи, па дури и како марсовец ако сака, а државата на тоа не може да влијае.

Претходно таа тврдеше дека графите со етнос, вера и јазик биле предложени од компјутерските експерти подготвувачи на пописот. Иако звучи наивно тие да го имаат главниот збор околу такво суптилно политичко прашање. Таа негираше, исто така, дека овој случај кореспондира со писмото на заменик-министерот за образование до регионалните инспекторати со кое се бара директорите на училиштата да ја утврдат етничката припадност на учениците, што кај Македонците во Бугарија се гледа како навестување дека Софија подготвува настава и на друг јазик освен бугарскиот, како резултат на притисоците од ЕУ.

Во ОМО Илинден-ПИРИН вчера ги следеа внимателно случувањата, очекувајќи дека, сепак, на пописот идната година Македонците ќе ги има во посебна графа, без оглед на политичките притисоци и демантирања. Сепак, политиката на премиерот Борисов кон македонското прашање ја оценуваат се' уште како нејасна.

Од ВМРО, пак, на Каракачанов, кои покрај Македонците ги разлути и споменувањето на „Гагаузи“ и „Бугаромохамеданци“ (Бугари со исламска верска определба), сметаат дека споменувањето на овие опции ќе го подели општеството по религиозна линија и ќе иницира други спорови. „Место да измислува етноси, бугарската држава треба на највисоко дипломатско ниво да бара графа ’Бугари‘ да се вклучи во пописите во Македонија, Албанија и во Грција“, порачуваат од ВМРО.


#
Статијата е прочитана 2520 пати.

Испрати коментар

Од: SPIRIDON
Датум: 11.09.2010 12:36:57
Aj i vaa ke pomine kako i se do sea od strana na bugarite i bugarašite.Ama interesira me koj kraj ke go faneme koa bugarite ke otvorat prašanje u popiso u Makedonija kolku se prijavile u grafata bugari.A oni pa imat točni podatoci kolku u Makedonija imat bugarski pasoši a so toa i bugarsko državjanstvo,demek "blagonadežni i blagopolučni b*lgare".I so takov otpad narod,prodadeni za kola ili "da pravile biznisi po sveto" ke praeme država?Ke ne prodadat na prvata krivina i težina,neli?
Од: dedo dimo
Датум: 11.09.2010 12:51:02
Vo civiliziraniot svet sekoj ima pravo da se prikazi toa shto se oseka da e toj i nikoj nema pravo toa da mu go usporuva .Vreme e Balkanskite drzavi da go svatat toa .Zalosno e da im se nareduva na ovaj civiliziran svet vo 21vek da se prikazuvaat kako shto saka drzavata .Sekoj MAKEDONEC BUGARIN SRBIN GRK ALBANEC a i drugi da se izjasnat toa shto se osekaat a politicharite neka se brichat. Do koga ke gi negiraat politicharite mislite na chovekot odnosno Narodot ?.
Од: karokan "gambit"
Датум: 11.09.2010 13:29:55
"Mesto da izmisluva etnosi,bugarskata drzava na najvisoko diplomatsko nivo treba da bara grafata "Bugari" da bide vnesena pri popisite vo Grcija,Makedonija i Albanija".Ete,toa e logikata na g-dinot Karakacanov.Nabrojanite drzavi da go pravat toa sto Bugarija ne treba nikako.Da go pokaze toa Bugarija so sopstven primer pa da bara ostanatite da ja sledat-ne ide!!!!! No KRASIMIR i se e mozno.Poglednato od nas agol ili potocno spored negovoto odnesuvanje kon nas makedoncite,povece bi mu odgovaralo imeto KRASIVIK (go krasi vikanje) ili uste podobro KRASIMRAZ (go krasi mrazenjeto,omrazata). (Prezimeto KARAKACANOV e posebna prikazna za analiza). Ist e slucajot i so drugiot "makedonoljubec"-BOZIDAR (bozji dar,dar od boga) komu povece bi mu odgovaralo imeto BOZJEZLO (zlo od boga). No toa ti e!!! Sudbina-sosedska!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Mozebi nekoj SRECKO toa moze da go proanalizira i podobro!! So PARALELi,da receme!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Историк
Датум: 11.09.2010 14:09:05
Тврдоглавоста на Бугарите еден ден ќе мора да попушти во однос на Македонците по националност и род. Сакале или не, Македонците постојат. И сосила небидува. Радикалните струји сакаат но нема да успеат. Бугаринот некојпат сакал на Коњот со мрсни бои да му напише дека е Магаре, но тоа нестанало Магаре. Коњот си останал Коњ а Магарето Магаре. Само будалштината и краткиот ум ќе им остане.
Од: dejan
Датум: 11.09.2010 14:45:43
ah be spiridone,zaradi takvite kako tebe ke toneme vo temnica,kade otide svetot a nie seuste se zanimavame ,,koj ke ne predal,,a kade da ne predade be,na kogo? Sega postojat samo gragani so MB i nivnite semejstva a za egzistencija na istite nikoj ne gi prasuva sto se po nacionalnost bitno e sekoj da si obezbedi dobar zivot a dali bil Srbin,Grk ili Bugarin toa e denes vo globalizacijata apsolutno beznacajno.
Од: EУ Демократиија
Датум: 11.09.2010 16:12:01
Па вистината е дека во Македонија има стотина Бугари а во Бугарија секој трет е со македонско потекло.
Од: XXX
Датум: 11.09.2010 16:36:54
Mislam, deka čestopati se meša NACIONALNA i DRŽAVNA pripadnost. Vo niedna država nema luge samo od edna nacionalnost a koj toa saka da go tvrdi, greška e. So vekovi luge se mešale, dali po svoja volja, ili ne, no krvta vo nivnite veni sekogaš e ista - crvena. Preterano naglasuvanje, preterano razmisluvanje i potenciranje "od kakva sum nacionalnost", vodi kaj Hitler i negoviot 3 rajh, što trebaše da trae 1000 godini a mnogu pobrzo propadna. Da si ja ceni sekoj svoja nacionalnost, kako što on sam ja oseka, no da ne ja nadgraduva nad sé! Drugo e, na koja država sum gragjanin. Neznam, zošto stalno vo MK se bere gajle najgolemo za gragjani na drugi državi - ako napr. BG imaat želba, deneska se vo EU i možat da idat kaj što sakaat. Sekirajte se poveke za sebe, za svojata DRŽAVA, koja što ima veke vo sebe nevidlivi granici (od Saraj kon Debar itn.) i za drugite neberite gajle, ke se snajdat i bez vas. Toa e moj pogled. Pozdrav od EU
Од: marko
Датум: 11.09.2010 21:54:16
tos sto se slucuva vo bugaria si e evropska rabota a nie za tuka kaj nas vo makedonija da gledame sto se slucuva i isto kako sto makedonci vo bugaria taka i tuka vo makedonia makedonskite bugari vo popisot na naselenieto vo makedonia da se stavi grafa bugarin zatoa sto i na makedonskite bugari im sleduva toa pravo kako sto go imaat i albancite turcite romite srbite bosnjacite i vlasite pa ke se vidi kolku ima
Од: Пиринец
Датум: 12.09.2010 12:22:13
А во Македониjа кога ке ставите графа бугарин? Или на авторката тоа не и смета :) Или за неjа и титовите чеда по важно е се некоj да е крив /по дифолт е БГ за все/на милениумскио идентитет створен во далечната 1945 :))
Од: Deki
Датум: 12.09.2010 21:01:37
Edna rabota da bide na cisto; LICETO STO IMA PATNI ISPRAVI NA NEKOJA ZEMJA NE MORA DA ZNACI DA E PO NACIONALNOST OD TAA DRZAVA!!! Jas imam rodnini koj imat Avstraliski, Svajcarski i Bugarski pasosi i site se deklarirat kako MAKEDONCI po nacionalnost!!!!! A vo Bugarija 35-40% se so Makedonsko etnicko poteklo, vklucitelno i Prvanov segasniot predsedatel i Stanisev bivsiot premier!!! Borisov e cist tatarin so jasno se gleda od negoviot izgled!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
9/11 Девет години потоа
Испревртени вредности во ненормално време
Помина ли возот за Македонија?
Саат-кулите симбол на македонските градови
Ромпуј го охрабри Иванов да го решава името
Чита ли Владата?
Колапс
Пасторот од Флорида нема да го пали Коранот!
Бебе во Даунинг стрит 10
Вакуум во издавањето пасоши
Библиотеката - колективно сеќавање на нацијата
Светска премиера на „Мајки“ во Торонто
Неверниот сопруг бара прошка
Сликата влегува во дневната соба
Дебели минуси на контото на Владата
Уличен фудбал за индивидуалци
Нарушениот станбен пазар во САД
Маките на персоналот на ѕвездите
Моден ден со „Леонтиќ“
Скандал