Број 3379  сабота, 11 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter

3-Д ТВ

Сликата влегува во дневната соба

Додека просечниот ТВ-гледач во Македонија се' уште се воодушевува кога ќе најде канал со стереозвук, во светот на големо се подготвуваат за програми во три димензии. За тоа се потребни: телевизор, очила, блуреј-плеер...

Никола Бурагев

Да почнеме од констатацијата дека на пазарот се' уште постојат многу малку 3-Д телевизори. Во игра засега се само шест водечки производители и не многу поголем број модели. Тоа се „Ел-Џи LE9500“, „Мицубиши 73833“, „Панасоник“, кој, покрај ЛЦД-моделот „Виера VT20 3-Д“, го нуди и „TC-PVT25 3-Д плазма ТВ“, серијата „Сони LX 900“, „Тошиба ZX900“... Најголем избор на дијагонали нуди „Самсунг“ во сериите UN: C7000, C8000 и C9000. „Самсунг“ единствен нуди поголем избор на други карактеристики со кои можете да калкулирате за да дојдете до саканиот телевизор од новата генерација. Без оглед што бројот на расположливите модели е мал, она што може да ве охрабри при купувањето е фактот што сите производители се трудат 3-Д моделите да ги опремат со сите можни технолошки новитети. Ако купувате 3-Д ТВ, можете да бидете сигурни дека во него се спакувани сите најнови технологии.

Како работи?

Основата на стереоскопскиот приказ се сведува на испраќање различни слики на левото и на десното око, а сите техники што моментно се во употреба предвидуваат користење очила. Еден од методите е совпаѓање на две слики, а очилата имаат задача да ги пропуштат сликите до соодветното око. Патот до киното најпрвин го најде анаглифската метода, при што сликите за лево и за десно око се тонираат (обично се користи црвена-цијан комбинација), а соодветните филтери во боја ја пропуштаат посилно тонираната слика кон соодветното око. Јасно е дека со колор филтери не може наполно да се елиминира непотребната слика, но на окото му е потребна релативно мала разлика за мозокот да ја перцепира перспективата. Посериозен проблем е нарушувањето на колоритот на целокупната слика, па анаглифскиот метод на раздвојување е наполно изоставен од разгледувањето во процесот на стандардизација, иако долго се применуваше за кинопроекции во седумдесеттите и во осумдесеттите години.

На друга страна се проекциските уреди 3-Д што се користат во кината, но се' почесто се сретнуваат и во куќна варијанта. Проекциските системи, исто така, користат филтери, но поларизациски, па сликата за левото око се проектира со вертикална, а сликата за десното око со хоризонтална поларизација. Затоа и очилата што се користат се сразмерно поедноставни (и значително поевтини) - се состојат од само два поларизациски филтера и не содржат никаква електроника. За возврат, 3-Д проекцијата обично бара посебно „платно“ за проекција, кое личи на огледало за да не ја наруши поларизацијата на светлата и ефектот во 3-Д. Стандардите за 3-Д формати (кои се' уште се во изработка), се трудат да ја опфатат и можноста за „филтриран“ приказ, барем за поларизациските системи.

ЛЦД или плазма уредите што ги набројавме го користат методот alternate-frame sequencing во кој наизменично се прикажуваат слики за левото и за десното око, а за гледање се користат очила, кои во ист ритам го затемнуваат стаклото пред окото што во тој момент не треба да ја види сликата (shutter glasses). Механизмот, всушност, е прилично едноставен – во стаклата се наоѓаат течни кристали, како оние во ЛЦД-екраните, а со електрични импулси се побудуваат да ја пропуштаат или запираат сликата. Компликацијата е во тоа што контролата мора да се повери на некоја електроника и што затворањето на очите мора да се синхронизира со приказот на екранот. Проблемот на синхронизација не завршува тука, бидејќи поради недостиг од стандардизација не е дефинирано по кој ред се емитуваат сликите (дали најпрвин оди левата или десната слика), па истите очила од „Панасоник“ и од „Самсунг“ се вкрстено неупотребливи, бидејќи го затвораат спротивното око од она кое треба. Не само што нема ефект 3-Д туку и малку подолго гледање во овој режим може да ви донесе главоболка. Вградувањето на обичен инвертер со прекинувач, веројатно, би произвел универзални очила, а токму таков производ очекуваме од далекуисточните производители, кои независно ќе ги нудат овие производи.

Фреквентни фреквенции



Прво што ќе воочите во техничките карактеристики се многуте фреквенции што означуваат се' и сешто. Според стандардот, ТВ 3-Д треба да поддржува фреквенција на освежување од најмалку 120 Hz за сечие око да ја перцепира сликата со минимални 60 Hz, што (според мислењето на стручњаците) е најниска фреквенција што не предизвикува замор. Поради разните технички проблеми, оваа фреквенција не е толку згодна, па сите споменати модели користат 240 Hz за приказ во 3-Д. Компликација внесуваат различните формати што ги користат видео и филмските содржини, а ја создадоа, верувале или не, блуреј-плеерите и DivX/MKV филмовите, снимени со филмска брзина од 24 fps.

Генерално, HD видеопреносот се „стандардизираше��� на 30 fps (слики во секунда), додека филмската индустрија остана цврсто при своите 24 fps. За денешните поими ова се прилично ниски фреквенции, па производителите на ТВ-уредите прибегнуваат кон умножување на овие фреквенции за да го елиминираат заморот на очите при гледање. Да ја разгледаме најпрвин ситуацијата без 3-Д. Видеосодржините редовно доаѓаат со брзина од 30 fps (25 fps во Европа), а речиси редовно фреквенцијата на приказот четирикратно се зголемува. Најпрост е приказот, кој четири пати го повторува истиот фрејм, но окото некогаш регистрира дека тоа не е природно. Затоа се користат техники motion compensation, кои ги „претопуваат“ соседните фрејмови. Две соседни слики така процентуално се мешаат во секвенца: 100:0, 75:25, 50:50, 25:75, 0:100. Преминот има точно три вметнати фрејма, а компаниите оваа технологија обично ја нарекуваат True Motion, Clear Motion... Поголем дел од гледачите се сложуваат околу тоа дека гледањето спорт или видеосцени со многу акција се попријатни со споменатиот механизам.

Љубителите на филмот, главно, не трпат вакво „сквернавење“ на изворниот материјал. Така DivX/MKV најчесто се наоѓаат во 24 fps формат, а блурај-плеерите, исто така, почнаа да ја форсираат оваа брзина, бидејќи кај префрлањето на филмовите нема потреба од временска конверзија, а слична ситуација е и со поголемиот дел специјализирани медија-плеери кога ќе откријат дека се работи за филмски материјал. Затоа тие на HD-телевизорот му испраќаат филмови со брзина од 24 fps, а производителите потоа се фалат дека поддржуваат Film Mode, True Cinema... Брзината на освежувањето на екранот во тој случај треба да биде 24 Hz или нејзиниот целоброен множител (46, 72, 96, 120... Hz). Се забележува дека и тука се јавува фреквенција од 120 Hz, која е прв заеднички содржител за филмскиот и видеоформат.

Бидејќи кај 3-Д приказот се' се дуплира, за најдобар универзален приказ во 3-Д е неопходна фреквенција на освежување од 240 Hz. Теоретски, 3-Д ТВ може да работи и на 120 Hz, но не може еден фрејм да се прикаже 2,5 пати. Затоа производителите користат 240 Hz за да не се грижат за овие „ситници“. Ако (по некој случај) набавите 3-Д ТВ кој нема 240 Hz, најдобро при гледање на 3Д содржините едноставно да ги исклучите сите motion и cinema модови. Целата оваа приказна не се однесува на проекциските системи со поларизациски очила кај кои двете слики се прикажуваат истовремено, па „прекинувачките механизми“ не влијаат на доживувањето.

Поради сите опишани проблеми 3-Д shutter-механизмите имаат голем број противници. Голем број од нив често ги потегнуваат и здравствените проблеми. Гледањето 3-Д, всушност, не може да ги оштети вашите очи, но постои одреден процент на лица, кои поради проблеми со очите, не можат да го воочат стереоскопскиот ефект, а други, пак, отежнато го перцепираат. Последица може да биде главоболка или несвестица, кои сигурно не ви гинат ако пробате подолго да гледате 3-Д во „контрафаза“. Поларизациските системи значително поретко предизвикуваат вакви тегоби, а идеал е ТВ 3-Д, кој ќе се гледа без очила. Без оглед на скептиците, 3-Д стигна и на куќните телевизори и тешко дека некој оттаму ќе го истера.

Претставен „самсунг галакси таб“

На IFA саемот за технологија во Берлин, „Самсунг“ го претстави долгоочекуваниот таблет „галакси таб“, кој е најавен како најголема конкуренција на iPad. Премиерата на „галакси“ предизвика убедливо најголем интерес кај медиумите во Берлин, а претставниците на „Самсунг“ ги потврдија спецификациите на уредот што беа познати уште во претходните денови. Таблетот доаѓа со Android OS 2.2, екранот има дијагонала од 7 инчи(1024х600 пиксели), опремен е со Wi-Fi, Bluetooth, 3G и AGPS, а со него можат да се остваруваат и телефонски повици преку мобилните мрежи. Најголемо изненадување е тоа што „галакси таб“ нема AMOLED екран како што се предвидуваше, туку Super TFT екран. Со оваа технологија не се добива она ниво на острина на приказот и живост на боите што го нуди AMOLED, но затоа потрошувачката на енергија на уредот е значително помала, како и цената на изработката.

Уредот го покренува процесор со такт од еден гигахерц, а доаѓа во две верзии со вградена меморија од 16 и од 32 GB. За разлика од iPad, меморијата на Tab може да се проширува со SD картички. Силата на процесорот овозможува репродукција на видеосодржини во полна HD резолуција. Покрај тоа, опремен е и со две камера - една одзади со 3,2 мегапиксела и LED блиц и предна со 1,3 мегапиксели за остварување на видеоповици.


#
Статијата е прочитана 1150 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Стил
9/11 Девет години потоа
Испревртени вредности во ненормално време
Помина ли возот за Македонија?
Саат-кулите симбол на македонските градови
Ромпуј го охрабри Иванов да го решава името
Чита ли Владата?
Колапс
Пасторот од Флорида нема да го пали Коранот!
Бебе во Даунинг стрит 10
Вакуум во издавањето пасоши
Библиотеката - колективно сеќавање на нацијата
Светска премиера на „Мајки“ во Торонто
Неверниот сопруг бара прошк��
Дебели минуси на контото на Владата
Уличен фудбал за индивидуалци
Нарушениот станбен пазар во САД
Маките на персоналот на ѕвездите
Македоците се појавија, па ги снема од пописот во Бугарија
Моден ден со „Леонтиќ“
Скандал