Бред Пит
Тој пиеше додека Анџелина уживаше на Бриони
Додека Анџелина Џоли уживаше на Бриони, нејзиниот невенчан сопруг Бред Пит во Шкотска го снимаше својот нов филм „World War Z“, што значи времето го мина ептен работно.
За жал на многуте обожавателки, тој не ја придружуваше својата драга во Хрватска, бидејќи имаше многу работа со снимањето. Имено, актерот откри дека најдобро се олабавува со чашка алкохол, за разлика од периодот што е зад него, кога пиеше со тони кафе. Актерот вели дека виното знае да направи чудо со неговата креативност, па затоа шеташе наоколу со чашка од овој боговски нектар.
И уште нешто - освен што предизвика бура воодушевување на Бриони, веста врзана за посета на Анџелина Џоли на Истра според хрватскиот претседател Јосиповиќ преставува златна реклама на „убавата наша“. |