Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Поглед

Скопје како бехатон-коцка

Билјана Ангеловска

Скопје полека се претвора во голема бетонска плоча. Стотици километри тротоари се поплочија со бехатон во две, три бои, а улиците ги покрија со нов слој асфалт. Исекоа огромен број стари, но и не толку стари дрвја, кои местото им го отстапија на проширените коловози по кои ќе се вози побрзо и побезбедно. Но затоа, пак, се соголе градот. Додека градските власти оправдано размислуваат како да го олеснат сообраќајниот хаос, сосем неоправдано заборавија на пешаците.

Навистина, по новите тротоари сега се оди без страв дека може да завршите, во најдобар случај со скршена потпетица, или не дај боже со повредена нога. Но, затоа, пак, целосно се искорнати долгогодиш��ите стебла. Демек, на нивно место сега ќе се саделе нови увозни садници. Ама, додека да израснат тие, сите ќе бидеме под вршник. Соголена е „Гологанов“, голем дел од „Јасмин“, речиси цела „Климент Охридски“, претходно и „Илинденска“. Да не зборуваме дека и дел од Водно остана без неколку илјади стебла поради жичарницата. Градот почна да дише тешко и забавено, бидејќи белите дробови му се оштетени.

А, пешаците, тешко ним. На овие тропски температури мака мачат да се движат, особено низ центарот. Сенка веќе одамна никој не бара, оти знае дека нема да ја најде. Сите се фокусирани на сопствената безбедност. Поради обновата на тротоарите која се прави истовремено со проширувањето на улиците, луѓето нема каде да се движат. Но, ќе мора да бидат трпеливи, барем до 8 септември, до кога е најавено дека ќе завршат најголем дел од почнатите работи. Е, после се' ќе се заборави. Кога ќе се вози по проточни булевари и ќе се движи по бехатон тротоари, кому ќе му биде грижа за исечените дрвја и дебели сенки. Освен, се разбира, на истите оние граѓани што и сега помеѓу асфалтот и зеленилото, сепак, го бираат ова второто.




#
Статијата е прочитана 2324 пати.

Испрати коментар

Од: Goce
Датум: 23.08.2011 05:17:58
Ova e definitivno politicko propaganden tekst! Prvo Koga imase soobrakaen haos na ilindenska lugeto ne mozea da disat od izduvnite gasovi, posle dupki imalo se krsele kolite, sega sve se gradi i ne vi biva, epa sakate metropola od nas milion ziteli, aloooo ako sakas mirno da si setas u zelenilo idi u park ili u najmala raka odi vo pomal grad i selo. Vi preci sto Grujo gradi sea pa samo barate pricini da plukate....
Од: VASKO
Датум: 23.08.2011 06:52:19
Biljana-kako po navika-negativni komentari-ne ti e nezgodno da zemas plata za takva negativna energija - zasramise od samata sebesi-sepak imas vreme da se prestrois i koregiras pred se poradisamata sebe-da se nadevame !!!!!!!!!!!!!!
Од: Skopjanec
Датум: 23.08.2011 07:22:45
Premnogu los teks imam primeteno deka istata novinarka stalno pluka po Skopje ako ne i se svigja cao prijatno.pozdrav
Од: Petar Trajkov
Датум: 23.08.2011 07:54:47
Ништо не завршува до 8 септември. Сечењето на дрвјата и уништувањето на зелените површини продолжува и понатаму. Сега се намерачија на ул. Даме Друев. Ќе ја прошируваат со сечење на дрвјата па дури и рушење на објекти. Таа е во најстрогиот центар помеѓу Републичкото собрание и блоковите од Гратскиот ѕид. Постоечките простори помегѓу блоковите сега уредени како паркови со повеќедецениски дрвја, детски игралишта, плочници за игра и одмор на граѓаните, ќе бидат претворени во паркиралишта. Останалите зелени површини во околината се уништуваат и на нивно место ќе се градат згради со 11 катови. Каде виделе тревичка и дрво се сечи, уништува и се заменува со зграда. Неверојатно но вистинито.
Од: Аеродромец
Датум: 23.08.2011 08:01:41
Така е Билјана! Зошто да се прошируваат улици, зошто да се реконструираат тротоари, зошто ни жичара на Водно, зошто нови автобуси??? И на крај зошто ни градоначалник на Скопје? Поарно нека се кради наместо да се гради!
Од: M
Датум: 23.08.2011 08:34:46
Pocituvani komentatori, Pravo e na novinarite da kriticki go opserviraat seto ona sto e negativno vo edna drzava.A drugo prasanje e kvalitetot na takvite tekstovi. Inaku poglednete gi stranicite kade urednik e so turski prekar ,otvorete im ja arhivata vo poslednive nekolku godini i najdete mi samo eden tekst koj Vladata ja kritikuva pa potoa komentirajte vaka i na stranicite na ovoj vesnik.
Од: Трпе
Датум: 23.08.2011 08:36:48
Ајде мо сите во планини (на Водно),во Скоп��е нема веке воздух.Затоа некој паметен се сетил да напраи жичара за да избегаме од забавниот парк(наречен Скопје 20140),него ке го користиме зиме.Ако народот неможе да дише во Скопје,нека се научи да дише на шкрги.
Од: mene
Датум: 23.08.2011 08:47:35
Смешен е текстов. И мене ми е жал за дрвата, особено за Климет Охридски гледам сеуште не посадија нови. Ама дај да бидеме искрени, таман се улиците да ти е мерак да возиш озбилно. Ја на илинденска поминувам секој ден и се потсеќам како беше порано. Ќе пораснат дрвата, Плус реално Скопје има многу зеленило, Проверете го податокот колкав процент од површината е зеленило и споредете го со другите европски градови. Мислам дека сме меѓу првите. Така да, најди нешто поиојтересно за пишување.
Од: Kole
Датум: 23.08.2011 09:44:02
Tekstot e dobar i ima poenta na onie shto ne im odgovara ne mora ni da go chitaat (onie zadolzenite za plukanje). @Goce, kako toa porano lugjeto na ilindenska porano ne mozelo da disat a sega mozat (btw sega minuvaat pogolem broj na vozila); @Vasko, a tvojata negativna energija? Jas ova go gledam kako pozitiven tekst - ima pozitivna poenta ama mozebi ne sum poln so negativna energija kako tebe @Skopjanec, no comment za tebe se gleda shto e i kako e...
Од: bale
Датум: 23.08.2011 09:44:04
vo skopje,ako ziveat nomadski plemina,ne treba nisto da se gradi,obnovuva,rekonstruira.na nomadite mu trebat senki da gi rasposlat satorite, da soberat toa sto ima naokolu pa da si odat na drugo mesto.oni nisto ne gradat ,a ako najdat nesto izgradeno rusat,da ne ostani traga od predhodna civilizacija .
Од: Asan od Krivolaka
Датум: 23.08.2011 09:53:54
Golem broj nekakvi dirigirani individui nikako ne mozat da gi svatat apelite na vistinskite novinari, vo koi se ukazuva na razni zlocini i ludorii so koi se zagrozuva nasata zivotna sredina. Znaci, avtorkata na ovoj tekst, koj taka ubavo go otslikuva unakazuvanjeto na se sto zeleno vo Skopje, se obvinuva deka e polna so negativna energija i deka pluka na svojot glaven grad. Poradi toa, kako sto moze da se konstatira od nivnnite komentari, najdobro bi bilo na ovaa novinarka da i se isece glavata i da ja nema poveke. Kakva srtamota, kakvo zavivanje na eden copor isprani mozoci... Ej vie normalni lugje, ako uste ve ima, borete se za vasata zivotna okolina! Ne dozvoluvajte da se secat drvjata i da se unistuvaat zelenite povrsini.
Од: jani
Датум: 23.08.2011 10:11:25
Реално скопје има многу зеленило, може највекје од сите други градови , па возам сега по улица озбилно.... Не треба да се проверува, јасно е и така ви е.
Од: saso
Датум: 23.08.2011 10:29:07
И овде ли се вгнездија бранителите на ликот и делото на другарот Грујо, кои не дозволуваат никаков вид на критики, па макар биле и во врска со проширувањето на бул.К.Охридски. Колку што мене ме држи паметот, а тоа се некои 44 години и сите поминати во Скопје, на овој булевар никогаш и немаше застои и гужви, меѓутоа, од сега по овој булевар ќе „лета„ колоната на премиерот брзајки на работното место во Владата на РМ. Па кој преживее... А веќе на новинарката на текстот и го запомниле и името, осврнувајки се на некои нејзини претходни текстови, што значи: СПРЕМНА ЗА ОТСТРЕЛ! Па така и е кога не пишува за најновите работни победи на Премиерот и Владата!
Од: Bile
Датум: 23.08.2011 10:52:20
Pocituvana Biljana...i toa li ne vi cini?ako se gradi zashto se gradi ako ne se gradi zashto ne se gradi???????/poubavo li bese koga nasiot glaven grad ilicese kako da e vo Turkmekistan????????da nema covek sto da im pokaze na strancive, kade da se slikaat???????/ve molam sleden pat koga ke vi poracuvaat tekstovi od Bihacka, razmislete dali ke gi potpisuate pod vase ime...pred ste ste od |Mkeodnija i ste makedonka...ne e vazna politickata oboenost...Grujo nema da si gi zeme posle spomenicite za doma...za nas se...za site nas pa i za vas, Biljana!
Од: GG
Датум: 23.08.2011 11:43:25
Tekstot realno ja otslikuva slikata na Skopje samo nedostiga podatokot deka sega trotoatite se parkinzi za koli a tesko na graganite koi re[ile da ispesacat do na rabota. Tie nemaat senka bidejki gi isekoa drvjata za da napravat pobrzi patista a tie brzite koli ke gi izgazat bidejki trotoarite se okupirani od niv.
Од: девичанецот
Датум: 23.08.2011 12:20:57
Биљанче! Врати го филмот малку назад..ќе видиш дека тие цементни коцки, паралелограми и слични просторни фигури..прв Пенов ги воведе... Јас тогаш тврдев дека кај него можеби и купатилото е направено од такви елементи??? Но сепак...тротоарите се супер..патеките исто така..Зошто така се негативно пишувате???
Од: PredatorMk
Датум: 23.08.2011 12:33:31
Нормално кога нешто се гради, тоа им е трн во окото на историски поразената опција во Македонија, нивните шанси да се вратат на власт, барем во Скопје, се сведени на НУЛА. Затоа толку отров по се што се прави за да Скопје конечно ги добие контурите на една метропола.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 23.08.2011 13:05:55
Едно е сигурно!Овој градоначалник може да го понесе единствено пиететот дрвосечач!Само на Водно,отидоа јабана повеќедецениски дрвја!12000m² беа очистени за преувеличување на сопственото его!Илјадници стебла повеќелетни дрвја се сотрени во име на „разубавување“на градот и неговото претворање во „метропола“!Метрополата,за жал,сè повеќе наликува на пустелија!Градот,почна да се гуши во сопствената смрдеа,потонат во чадот,асфалтот и бетонот!Делумно направени улици,половично санирани тротоари,пешачки зони низ кои минуваат возила го дополнуваат хаосот!Наспроти тоа,приоритет во светските метрополи е што повеќе зеленило и паркови!Им пречеа липите!Велат,биле алергогени,па затоа и штетни,иако е општопознато дека алергиите не зависат од дрвјата туку од нашиот обид да живееме во стерилна средина,без дрвја,без животни,лишени од бактерии и од вируси...од нашиот обид да ја заборавиме природата!Таа,сепак умее да возврати на сосема поинаков и нималку безболен начин!
Од: justice
Датум: 23.08.2011 13:33:09
Прво, наместо да ги прошируваат улиците подобро нека ги стеснат за целата провинција да си оди дома, а не да бара жителство, второ, Грујо да си најде некој друг начин да си го полни буџетот освен продавање недвижнини, заради кои мораме да живееме во бетонска џунгла додека општинските каси се полнат од комуналии и даноци, бидејќи на тој начин само општините, т.е владата прави пари заедно со градежната мафија додека остатокот од населението е сеуште невработено и му мачкаат очи со патриотскиот плоштад. И трето, на оној огромен број невработени, стари лица, хронично болни и сл. кога веќе им покачувате цена на бензин, такси, паркинг и се останато - оставете им ги барем сенките од дрвата за да можат некако да се движат во град со нередовни или непостоечки автобуски линии.
Од: rubi
Датум: 23.08.2011 14:29:14
se nadevam deka nekoj ke ja svati ovaa poraka;Koga i poslednoto drvo ke go isecete,koga rekata ke ja zatruete,koga ke ja fatite poslednata riba togas ke svatite deka parite ne se za jadenje.pozdrav do site vo mojot grad SKOPJE.
Од: Velosipedist
Датум: 23.08.2011 15:36:32
Da,milina e da se vozi po Ilindenska,nasoravilkoro po bulevarot "Kl.Ohridski" itn.Megjutoa,site vozaci se istovremeno i pesaci. Fakt e deka se zaboravilo zeleniloto,se zaboravile pesacit,se zaboravile velosipedistite i,POSEBNO,lugjeto so precki vo ravojot,dvizenjeto,vidot.Obidete se so velosiped da odite na rabota ili da gi zavrsite sekojdnevnite potrebi!NEMA SANSA!A so upotrebata na velosipedot najdobro bi se rasteretil soobrakajniot metez i zacuval cistiot vozduh!Probajte da go prosetate bebeto vo detska kolicka!!I konecno,probajte da se dviziti niz centarot,t.e. gradot vo invalidska kolicka!!!Pa ni ulica ne mozete da pominete poradi trotoaarite!!!Zarem kako vozaci stanavme tolku sebicni sto samo ulicite ni se vazni pa gi zaboravivme site drugi spomnati kategorii vklucuvajki se i sebesi kako pesaci!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Од утро до вечер банките ѕвонат за неплатен долг
Владата реши да се фокусира на економијата
Почна бербата на „шардоне“
Холивудските ѕвезди вечераат во ресторанот на Македонецот Димитри
Не ја менувам Битола за ништо
Хокеј на ролерки зад Соборниот храм
Триполи е речиси освоен
Пирова игра со шумите
Сити и Арсенал се договорија за Насри
Лажен инфаркт?!
Во Либија лов по полковникот Гадафи
Тој пиеше додека Анџелина уживаше на Бриони
Македонски слонови и клонови
Спасов
Медиуми – 20 години на удолница
Јорданчо Давитков селектор на Кувајт
Поранешниот в.д. директор на „Охридско лето“ именуван незаконски
Тадиќ - Во решавањето на конфликтот да се внимава на стабилноста
Карикатура
Јоханес Раиндл нов главен извршен директор на „ЕВН Македонија“
Стил
Жестоки борби се водат околу резиденцијата на Гадафи
Собранието против барањето на Цаноски да се расправа за Космос
Онлајн вести

"""