Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Спасов: Нема да се брза со донесувањето на законот за млади

23.08.2011, 14:44

Нема да се брза со донесувањето на законот за млади кој е во собраниска процедура и покрај тоа што во изработката на Предлог- законот беа вклучени 28 невладини младински организации, а повеќе од 55 го поддржаа предлог текстот.

Ова го истакна дректорот на Агенцијата за млади и спорт Диме Спасов на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека ќе се организира јавна дебата и форуми за Предлог-законот на кои ќе бидат поканети сите невладини младински организации за да дадат предлози, бидејќи се уште има можности за унапредување на содржината на законот.

- Целта на првиот закон за млади во независна Македонија во никој случај не е ограничување на младите, туку напротив создавање на јасна и недвосмислена нас��ка за унапредување на сите млади луѓе. Законот ќе им даде можност на младите директно да бидат вклучени во процесите за донесување на одлуки, предлагање и преземање мерки за решавање на проблемите кои ги засегаат на локално и на национално ниво, рече Спасов.

Тој посочи дека Предлогот е усогласен со документите, принципите и насоките на Советот на Европа и Европската унија и оти е многу сличен во своите одредби со хрватскиот и словенечкиот закон.

- Дури и оспоруваниот од опозицијата Државен совет за млади што е предвиден во нашиот закон треба да функционира на принципот на коменаџмент помеѓу државните институции и невладините организации, принцип на кој функционира и Советодавното тело за млади на Советот на Европа, рече Спасов.

Како неоправдани и тенденциозни ги оцени забелешките на опозицијата и на некои младински невладини организации дека Предлог-законот за млади е ограничувачки и оти е неусогласен со принципите и насоките на Советот на Европа и Европската унија иако додаде дека имале и некои конструктивни предлози во забелешките кои во иднина можат да се замат во предвид.






#
Статијата е прочитана 240 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Од утро до вечер банките ѕвонат за неплатен долг
Владата реши да се фокусира на економијата
Почна бербата на „шардоне“
Холивудските ѕвезди вечераат во ресторанот на Македонецот Димитри
Не ја менувам Битола за ништо
Хокеј на ролерки зад Соборниот храм
Триполи е речиси освоен
Пирова игра со шумите
Сити и Арсенал се договорија за Насри
Лажен инфаркт?!
Скопје како бехатон-коцка
Во Либија лов по полковникот Гадафи
Тој пиеше додека Анџелина уживаше на Бриони
Македонски слонови и клонови
Медиуми – 20 години на удолница
Јорданчо Давитков селектор на Кувајт
Поранешниот в.д. директор на „Охридско лето“ именуван незаконски
Тадиќ - Во решавањето на конфликтот да се внимава на стабилноста
Карикатура
Јоханес Раиндл нов главен извршен директор на „ЕВН Македонија“
Стил
Жестоки борби се водат околу резиденцијата на Гадафи
Собранието против барањето на Цаноски да се расправа за Космос
Онлајн вести

"""