Кошарка
Јорданчо Давитков селектор на Кувајт
23.08.2011, 14:55
По успесите на клупски план, Јорданчо Давитков е избран за селектор на националниот тим на Кувајт, со што стана првиот македонски тренер со селекторска функција на друга земја.
Давитков помина три успешни клупски сезони во Кувајт, во кои освои пет титули, а по потпишувањето на договорот со новиот клуб Јахра, македонскиот тренер се договори и со Федерацијата на Кувајт за ова престижно место во репрезентацијата.
„Изборот за селектор на Кувајт ми претставува голема чест и признание за работата и успесите во последниве години во оваа заливска земја. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на луѓето од Федерацијата, иако нема да биде воопшто лесно бидејки паралелно ќе работам и со репрезентацијата и со мојот нов клуб кој има големи амбиции. Сепак, веќе сум бил во ваква двојна улога во Македонија и со многу работа се надевам на успех на двете полиња“, изјави Давитков.
|