Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Мислења

Медиуми – 20 години на удолница

Ристо Поповски

Состојбата во медиумите континуирано се влошува, а особено последниве неколку години. Не може да се докаже спротивното и да се соберат сите полувистини на светот

Полувистината стана доминантен манир на политичката и на медиумската сцена во Македонија. Низа полувистини (лаги завиткани во магла) се користат во (агит)пропагандни цели и во текстот „Медиуми – 20 години истата состојба“ („Утрински“ -19.8.2011).

Повод за текстот е барањето на опозицијата Собранието да расправа за состојбата во медиумите, а пропагандната цел е да се релативизира дебата, а пред се', состојба на медиумите и новинарството во Македонија, која е катастрофална. Се прави обид да се докаже спротивното со „вешто“ користење полувистини.

Првата е претставувањето на авторот Тодор Пендаров како новинар. Со години тој е портпарол на претседателот на Собранието, задолжен за неговиот „имиџ“ и, меѓу другото, да пребројува дали и колку пати името на „шефот“ е објавено во медиумите. Или со негов речник – „бирократ“ во медиумите.

Неговата основната теза е дека за 20 години самостојност ништо не е сменето во насока на слободата на медиумите во Македонија, односно дека секогаш било вака, како што е сега. Како крунски доказ се наведува дека според фондацијата „Фридом хаус“, медиумите во Македонија не „мрднале“ од категоријата – делумно слободни. Притоа, не се наведува дека има ранг-листа, дека рејтингот на Македонија оди надолу и дека пред неа се искачија речиси сите држави во опкружувањето.

За да се дозамагли вистината, не се наведуваат оцените и ранг-листите на други, исто така, релевантни меѓународни новинарски и асоцијации за човековите права и слободи. Тие, речиси без исклучок, говорат за влошување на медиумските слободи, воопшто, во светот, а дека Македонија не е исклучок говори влошувањето на нејзиниот рејтинг. Авторот не ни помислува да наведе некоја од најновите оцени на ЕУ и на САД за неслободата на медиумите во Македонија.

Следната теза е менувањето на „партиските дресови“ на газдите на електронските медиуми, кои се и лидери на политички партии. Тоа било секогаш и е рак рана на медиумскиот простор во Македонија. Кога веќе се претставува како новинар, авторот наместо да ја осуди ваквата појава, тој се идентификува со излитеното гесло на секоја власт – така правевте и вие. Наместо да се менуваат, негативните тенденции се продлабочуваат, не само во сферата на медиумите.

Тоа се потврдува со „трагедијата на МРТВ“, оцена која натаму се наведува како пример и со која целосно се согласувам. Меѓутоа, наместо врз политичките елити, целата вина се префрлува врз директорките именувани од опозицијата. Како да немало и нема директори од редовите на партијата која е на власт, која не се ни обидела да ги смени работите. Се разбира, не се ни спомнува најновиот упад на власта со менувањето на УО на МРТВ.

„Фамозното писмо“ на шефот на ОБСЕ за медиуми е типичен пример како се фабрикуваат полувистини. Портпаролот со сите сили го брани „шефот“ на кого писмото му било упатено со задоцнување. Не ни помислува да ја спомне содржината на писмото во кое се изразува крајна загриженост поради влошување на состојбата на медиумите во Македонија.

Следната теза е дека пазарните законитости и јавноста се мерила и ја одредуваат положбата на медиумите, а тие два критерима со поврзуваат со категоријата „нормална држава“. Повеќе од јасно е дека во медиумската сфера во Македонија нема пазарни услови. Прашање е дали изминатите 20 години имало макар и траги од медиумски пазар. Ако и имало, тие, дефинитивно, се урнати последниве години откако актуелната власт за (само)рекламни спотови и кампањи троши десетици милиони евра во медиумите. Парите се насочуваат само во медиуми „блиски до власта“. Бидејќи, наместо пазар е воведена категоријата на лојалност, лесно се „купуваат“ осиромашените медиуми.

И на крај, ако пазарот не само на медиуми, туку, воопшто, е белег на нормална држава, каква држава е Македонија?

Авторот „професионално“ се обидува да одбегне да пишува за насилното затворање на три дневни весници и една телевизија од страна на власта, во чија администрација работи. Главен аргумент му е независност на судството за кое никој нема добар збор, ниту во Македонија ниту во светот. Ни збор за пресумпција на невиноста. Никој и не очекува солидарност со поранешните колеги што останале без работа.

Се' на се', јалов е обидот на портпаролот на претседателот на Собранието да покаже дека во медиумската сфера во Македонија ништо не е сменето и дека со години е исто. Тоа не може да се направи со полувистини, а јавноста на која се повикува, тоа подобро го знае од него. Доследен да ја изврши докрај портпаролската задача, тој прејудицира каков ќе биде епилогот на дебатата во Собранието. Таа нема да донесе никакво решение, за што е виновна, пак, опозицијата. Како некој да очекува мнозинството пратеници од владејачката коалиција да го смени ставот. Тие веќе го кажаа своето мислење за слободата на медиумите со експресното менување на Законот за Советот за радидифузија, со што и ова независно тело е ставено под контрола на власта.

Што е со слободата на медиумите, која овде, со низа полувистини, се обидува да се замагли? Во Македонија, за жал, може да се зборува само за неслобода, па и за тортура врз медиумите. На прсти од една рака можат да се избројат гласилата кои критички ги опсервираат состојбите во државава. Останатите медиуми и новинари се под финансиска и политичка контрола на власта или се исплашени од можноста грубо да бидат санкционирани.

Состојбата со слободата на медиумите во Македонија веќе две децении континуирано се влошува, а особено последниве неколку години. Не може да се докаже спротивното и да се соберат сите полувистини на светот. Коментрајќи ги состојбите со медиумите, со еден меѓународно признат експерт, на крајот од секоја година констатираме – никогаш не било полошо. До кога? Истото го велевме и лани.

(Авторот е новинар)


#
Статијата е прочитана 934 пати.

Испрати коментар

Од: BgMak
Датум: 23.08.2011 00:24:47
за среќа, со раѓањето на интернет медиумскиот монопол е минато. Само за пример, што излегува на во гугл под клучен збор Александар Велики? Утрински или Вечер? Не, Васко Караџа, превод на мемоарите на Каравангелис: "се сретнеме во едно село наспроти Рулја, во Трново. Му реков: „Вие сте Грци уште од времето на Александар Велики, но поминаа Словените и ве словенизираа. Вашиот изглед е грчки и земјата што ја газиме е грчка. " А ако дочитаме мемоарот, разбираме дека Комитетот (ВМРО) имал спцеиално казна за оние кои се имале за потомци на Александар: смрт со стрелање порад гркоманиja. Тоа е вистината, на страна од медиумите. http://www.promacedonia.org/gk/gk_3a.htm
Од: jovan
Датум: 23.08.2011 00:37:04
Sepak ne treba site mediumi(televizii, novini...)da se trpaat vo ista vreke.Toa sto Sitel kako glaven medium na vladata ima novinari(ako mozat taka da se narecat,pre bi rekol ulicari)koj nemaat ni trunka moral a kamoli intelekt go zagaduvaat mediumskiot eter vo drzavava,neznaci deka site mediumi se takvi.Da bea site kako Sitel,kade ke ni bese krajot. Najsmesno so ovaa televizija e toa sto bea najgolemiot protivnik na A1, pogotovo na serijata"Dolina na volcite" za koja vodea i kampanja da se zabranela,a denes reklamiraat deka naskoro oni ke ja emituvale. Podolno od vakvo nesto- zdravje.Ponataka veke ne e potrebno da se komentira koj ni go kreira pa i kontrolira mediumskiot pazar.Sepak ne e fer za onie mediumi koj vo vakva strasna sostojbe se obiduvaat da bidat profesionalci, da gi stavame na isto nivo so podli, alcni, i krajno prostacki mediumi.Ima mediumi koj i te kako zasluzuvaat pofalba i podrska.
Од: zik
Датум: 23.08.2011 01:05:26
kakvi novinari[potkupeni]-takvi mediumi izvenete ako nekoj vistinata go vreg'a
Од: petre
Датум: 23.08.2011 09:11:28
pocituvan g-dine Popovski, Iskrena blagodarnost bidejki so vaseto miislenje, ni dadovte najrealna slika za makedonskoto novinarstvo. Vprocem toa bese i za ocekuvanje, ako se znae deka vasiot pocituvan tatko Toso Poposki vo mnogu poteski uslovi pokaza kako treba da izgleda naseto novinarstvo, predvodejki gi glavnite novinarski kuki vo Makedonija i Jugoslavija (Nova Makedonija i Borba), posebno so sozdavanjeto i izleguvanjeto na vtoriot vesnik vo Makedonija Vecer. Taka i Vie sozdadovte nezavisna agencija. Taka e kaj nas, nekoi sozdavaat, a drugi samo rusat.
Од: Фауст од Дебармаало
Датум: 23.08.2011 09:44:05
Така е кога ќе се даде Душата на Ѓаволот! После, крив ни е Цацко.
Од: Bogomil
Датум: 23.08.2011 12:29:47
Лудоста на некои персони од сферата на журналистиката нема граници, а глупоста - дно. За трагичната новинарска фигура, Пендаровски, имав прилика да се искажам под неговото мислење објавено пред некој ден во Утрински. Поголема е несреќата што тој не е осамен телал на власта. Се раѓаат секојдневно нови новинари, или конзерви, наполнети со пропагандни памфлети, збајатисани пароли, имбицилни теории. Го читам еден од нив во ,,Публика,, и не можам да се начудам, зарем до таа мерка девалвирала новинарската професионална совест. Устата му е шаржер од кој се катапултираат ступидности, главно насочени против оние што не се позициски калашников. Инаку, среќа е за новинарството што некои пера го напуштија и седнаа во скутот на власта. Такви клацкалици не му требаат. Велат времето лекува се. Можеби се ближи денот кога и на таквите ќе им дојде судниот ден.
Од: sloboda
Датум: 23.08.2011 13:49:15
Slobodana mediumi nikogas nemaloidostavekje so tie zalopojki za toa kolku bilo ubavo porano. Da bilo, zasto novinarstvoto voglavnom se soglasuvalo so vlasta (citaj KPM, SDSM). Sega vreminjata se smenija i nekomu mu smeta sto sega mediumite se soglasuvaat so vlasta (citaj VMRO-DPMNE. Nie obicnite konsumenti sme svesni za toa i ne en davete so ovaa tema. Sve je isto samo njega nema.

Најди! во Утрински
Насловна
Од утро до вечер банките ѕвонат за неплатен долг
Владата реши да се фокусира на економијата
Почна бербата на „шардоне“
Холивудските ѕвезди вечераат во ресторанот на Македонецот Димитри
Не ја менувам Битола за ништо
Хокеј на ролерки зад Соборниот храм
Триполи е речиси освоен
Пирова игра со шумите
Сити и Арсенал се договорија за Насри
Лажен инфаркт?!
Скопје како бехатон-коцка
Во Либија лов по полковникот Гадафи
Тој пиеше додека Анџелина уживаше на Бриони
Македонски слонови и клонови
Спасов
Јорданчо Давитков селектор на Кувајт
Поранешниот в.д. директор на „Охридско лето“ именуван незаконски
Тадиќ - Во решавањето на конфликтот да се внимава на стабилноста
Карикатура
Јоханес Раиндл нов главен извршен директор на „ЕВН Македонија“
Стил
Жестоки борби се водат околу резиденцијата на Гадафи
Собранието против барањето на Цаноски да се расправа за Космос
Онлајн вести

"""