Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Тадиќ: Во решавањето на конфликтот да се внимава на стабилноста

23.08.2011, 14:14

Србија смета дека секое решение поврзано за поединечните конфликти на просторот на Југоисточна Европа мора да ја земе предвид стабилноста на регионот и затоа е против преседани, изјави денеска српскиот претседател Борис Тадиќ по средбата во Белград со германскиот канцелар Ангела Меркел.

- Ние денеска се соочуваме со мошне комплицирани прашања, едно од нив е Косово. Србија нема излузии дека може да внесе конфликт во Европската унија и Србија сака да ги реши конфликтите на просторот на Западен Балкан, рече Тадиќ.

Тој оцени дека очигледна стратегија на Приштина е со унилатерални акции да се менува ситуацијата на теренот.

Тадиќ на заедничката прес-конференција со Меркел потсети на актите на насилство во 2004 година, кои ја измениле етничката структура на Косово. - Србите повеќе не живеат таму каде што живееја пред прогонот, нагласи претседателот на Србија.

Тадиќ истакна дека Србија очекува јасен став од ЕУ. - Неприфатливо за нас е да се наградува оној кон спроведува насилство, додаде Тадиќ.

Тој нагласи дека Србија сака да продолжи со дијалогот и оти само преку дијалог може да се постигне долгорочно и одржливо решение.

- Србија сака решение, не сака да го замрзне конфликтот. Сака слободен промет на стоки и услуги. Но го чува својот интегритет и има свој Устав и правни начела, рече Тадиќ.

Меркел, пак, истакна дека Германија се противи на еднострани потези во решавањето на косовскиот проблем.

Таа на прашањето да даде коментар на најавите на Приштина дека пред продолжувањето на дијалогот со Белград може да преземе одредени чекори на северно Косово, одговори дека треба да се спречат еднострани чекори.

- Германија сака дијалогот да продолжи и резултатите да произлезат од тие разговори и со тоа да се намали опасноста од еднострани чекори, рече Меркел.

Таа потенцира дека Германија сака Србија да стане членка на ЕУ. - Верувам дека местото на Србија е во Европа. Признаваме и се заблагодаруваме на храброста покажана на тој пат, истакна Меркел.

Германската канцеларка денеска престојува во прва официјална посета на Белград



#
Статијата е прочитана 232 пати.

Испрати коментар

Од: Nee prob. so Grcija, tuku so ON vs RM
Датум: 23.08.2011 14:51:19
Сега Република Македонија само треба да иницира Нацрт резолуција на Генералното Собрание на ОН со која се поставува прашање „дали се специфични услови за приемот на МК и статусот се во согласност со Повелбата на ОН (чл. 2 и чл. 4). Инаку ние можеме, во случај на потреба, да дадеме изјава во која сметаме дека делот од Времената спогодба, во врска со референцата/преговорите ги третираме како спротивни на Jus cogens и според тоа за нас се без правно дејство, појаснува тој. Со други зборови, како што потенцира Јанев, нема правни препреки од каков било вид преку Собранието на ОН да се побара советодавното мислење од МСП за легалитет на дополнителните посебни услови, надвор од член 4(1) на Повелбата. - Единствено на тој начин можеме да го воспоставиме уставното име Република Македонија во ОН. Мислењето се бара од Генералното собрание на ОН до Суд со просто мнозинство од присутните и кои гласаат..., истакна проф. др. Игор Јанев

Најди! во Утрински
Насловна
Од утро до вечер банките ѕвонат за неплатен долг
Владата реши да се фокусира на економијата
Почна бербата на „шардоне“
Холивудските ѕвезди вечераат во ресторанот на Македонецот Димитри
Не ја менувам Битола за ништо
Хокеј на ролерки зад Соборниот храм
Триполи е речиси освоен
Пирова игра со шумите
Сити и Арсенал се договорија за Насри
Лажен инфаркт?!
Скопје како бехатон-коцка
Во Либија лов по полковникот Гадафи
Тој пиеше додека Анџелина уживаше на Бриони
Македонски слонови и клонови
Спасов
Медиуми – 20 години на удолница
Јорданчо Давитков селектор на Кувајт
Поранешниот в.д. директор на „Охридско лето“ именуван незаконски
Карикатура
Јоханес Раиндл нов главен извршен директор на „ЕВН Македонија“
Стил
Жестоки борби се водат околу резиденцијата на Гадафи
Собранието против барањето на Цаноски да се расправа за Космос
Онлајн вести

"""