Пренесено од „Њујорк тајмс“
Холивудските ѕвезди вечераат во ресторанот на Македонецот Димитри
Димитри Димитров, 60-годишен македонски имигрант со фризура како Рудолф Валентино, широка насмевка и источноевропски акцент, како шеф на ресторанот „Тауер бар“ ги услужува ѕвездите Џони Дип, Шери Лансинг, Шон Пен и Џенифер Анистон
ВЕСТ ХОЛИВУД - Џенифер Анистон е маса 24, посакувано место со поглед на пијаното, а, сепак, заштитено од љубопитните очи со бедем од кринови „казабланка“. Андерсон Купер е маса 11, со панорамски поглед на ресторанот. Шон Пен е маса 20, освен оние ноќи кога во ресторанот е некој агент со кого е во кавга. Важен извршен претставник на студиото кој постојано вечера со не��овата ќерка, сопругата и љубовницата, ги користи пријатните места на масите 21, 22 и 12.
Како шеф на ресторанот „Тауер бар“, Димитри Димитров, ги услужува ѕвездите и филмските лица Џони Дип, Шери Лансинг, Шон Пен и Џенифер Анистон. Џони Дип преферира вградена клупа покрај прозорец во северозападниот агол. Таму вечера со мајка му и со татко му.
Лос Анџелес е огромен град, но Холивуд е мало место чии жители сакаат познати места за налевање. Можеби најжешкото меѓу нив сега е „Тауер бар“ во хотелот „Сансет Тауер“. Иако ресторанот и обновената зграда на „Сансет булевар“, каде што се наоѓа ресторанот, му припаѓа на њујоршкиот хотелиер Џеф Клајн, кој го спаси хотелот кога беше „арт деко“ дупка и го обнови во шик-засолниште, сите знаат дека личноста што го води местото е шефот на ресторанот.
Тој е Димитри Димитров, 60-годишен македонски имигрант со фризура како Рудолф Валентино, широка насмевка, источноевропски акцент, доволно театрален за да изгледа измислен, со манири кои се наметливо учтиви што потсетуваат на словенска гејша од делата на Мел Брукс. Сепак, кога Димитров ќе ја наведне главата и внимателно се поклонува, додека насмеан ги води гостите до масите во слабо осветлената сала со врамени фотографии на луѓе од естрадната ера, неговиот настап е маска за префинета и челична сила.
Во место каде што озборувањата се дел од царството, Димитров е фигура-сфинга, која знае се, а не вели ништо. И како Ерик фон Строхајм од „Сансет булевар“ неговата лојалност кон оваа кревка индустрија е страсна и апсолутна.
„Тој го создава ова мало безбедно место“, вели Анистон која редовно го посетува „Тауер бар“, „засолниште каде што знаете дека нема да бидете изневерени од келнерот, патронот или хотелската служба“.
Никој не добива маса во „Тауер бар“ без одобрување од Димитров. Никој не талка оние ноќи кога познатите личности се присутни на речиси секоја маса и си обезбедува место давајќи му напојница. Никој не го прекинува цивилизираниот тон што го наметна Клајн за неговиот хотел, обидувајќи се да извлече ајфон и да фотографира. И „никој не снима или пуши во лобито се' додека е одговорен Димитров“, вели Клајн.
„Димитри е делумна фантазија, атавизам“, вели Анџелика Хјустон, добитничка на „Оскар“. „Тој плеснува со рацете од радост кога ќе ве види. Практично танцува со вас до вашата маса. Ве тера да почувствувате како да ве чека вас за подобриот дел од годината“.
Кавгаџиите секогаш имале клучно место во филмскиот бизнис, без оглед дали продуценти се расправаат со банкари, агенти се расправаат со ѕвезди, егзибиционисти се расправаат со необучени, или оние што работат со животни снимаат со мртовечки глави, како во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“.
Токму способноста на Димитров да се справи и со егото на пеперутка и со егото на убиец, го инспирираше Бред Греј, претседател и главен и извршен претставник на „Парамаунт“, да побара Клајн да му го позајми Димитров за да му помогне да ја менаџира венчавката со Касандра Хајсентајт минатата пролет. „Тој има енциклопедиско знаење кој е кој, како и способност да ги распореди таму каде што припаѓаат“, вели Греј.
Димитров едноставно ги објаснува неговите методи на работа. „Најважната работа е да се поставите во позиција на услужување, нежен допир, скромен допир“, вели шефот на ресторанот кој невешто ја разбира англиската граматика и покрај многуте децении во Америка. „Крајната цел е кога ќе услужам некого како Шон Пен или Џони Дип, Ненси Реган или Бетси Блуминдејл. Јас сум ученик на овие луѓе, јас сум длабоко во нивните достигнувања, бидејќи на крајот не се работи за мене“.
Во периодот од шест години откако Клајн по предлог од креаторот Том Форд го спаси Димитров од опадната кариера во здодевните елегантни места, како еден локален руски ресторан каде што се нудеше харфист, лебеди од мраз и кавијар на менито, тој стана холивудска институција. Има нешто кинематографско во овој неочекуван секундарен чин. Димитров, кој поминал децении во угостителската индустрија, започнувајќи како тинејџер кој ги расчистува масите во 60-тите години во Лондон, а подоцна со делумна работа во „Риц-Карлон“ во Канада и различни одлични ресторани во Лос Анџелес, „беше во фаза на неговата кариера кога ништо не го привлекуваше во ова место“, вели Клајн за периодот кога Форд првпат му го препорачал. „Мразев кој било да ми кажува што да правам“, објаснува хотелиерот, а, сепак, кога наиде на анахроничното однесување на Димитров, веднаш увиде дека токму неговите вештини се зас��ужни за ресторанот што се обидуваше да го одбие доминантниот стил на услужување, кога келнерите носат слушалки и ги поздравуваат клиентите по име.
„Јас израснав со многу работа и класична француска услуга, но секое утро ги читав ’Холивуд рипортер’ и ’Варајети’ како библија“, вели Димитров.
Бидејќи Димитров има во главата Венов дијаграм за општествените, политички и професионални елити на градот, кои ретко се вкрстуваат, тој може да направи распоред во салата така што агентите со конкурентни клиенти никогаш не седат блиску едни до други, припадниците на џет-сетот, кои меѓусебно не разговараат, седат на спротивните краеви од салата, а Кевин Хјувејн, моќниот шеф на агенцијата „Криејтив артистс“, никогаш не е измешан со братот Стивен, кој е публицист.
„Слушнав за него пред да замине во ’Сансет Тауер’, за начинот на услужување, како се поклонува“, вели Блуминдејл, припадничка на високото друштво, блиска пријателка на Реган, која неодамна го прослави 85. роденден во „Тауер Бар“. „Веднаш се забележува зошто е толку посебен, бидејќи такви луѓе веќе не се раѓаат“.
Можеби и никогаш не се раѓале. Како „Милионер мечмејкер“, но со подобри манири, Димитров е толку наклонет да осигури дека вистинските луѓе ќе се видат едни со други, како што раскараните ги држи одвоено. Дури и во дамнешните времиња, пред појавата на ненаситната озборувачка машина, луѓето од Холивуд сакале ресторани кои функционираат како приватни клубови, често пати затворени за многу од нив. Носталгијата по тие места го напојува „Тауер бар“, го одржува во живот со ексклузивниот декор, но, исто така, и со ноќните настапи на Димитров, со ехото од другите инвенции на Холивуд, луѓето како Хершел Гегузин, кој се памети како легендарниот сопственик на ресторан, Мајк Романоф.
„Тауер бар“ е нешто како што беше „Чејсен“, вели Ричард Рот, продуцентот на „Какви што бевме“. „Во ’Чејсен’ секој имаше своја маса, Алфред Хичкок имаше своја маса, Роналд Реган своја маса, Лу Васерман своја маса“. Во „Тауер бар“, исто така, имате своја маса, а ако сте госпоѓа Хјустон или Анистон, или Бил Мареј, исто така, имате бела платнена салфетка на која е навезено вашето име со ракописни букви во боја на чоколадо. Ако сте Мајкл Гавен, директор на Музејот на уметност на округот Лос Анџелес, или пак Греј, извршен директор на „Парамаунт“, тогаш Димитров ви ги носи омилените домашни чоколадни колачиња на масата заедно со десертот. „Во град што нема ист интензивен социјален живот како Њујорк, секогаш постои ресторански живот“, вели Рот. „Луѓето од Холивуд би оделе во ’Мортонс‘ или ’Ајви‘ или ’Спаго‘ и тоа би било театрален настан, како што беше „Елејнс“ во кулминацијата. Луѓето од Холивуд се вонредно чувствителни кон фантазијата. Истите луѓе што фантазираат, ја сакаат и им треба“, додава тој.
Димитров обврзува со својот настап, а Хјустон не е единствената која вели дека се чувствува како проширена сцена на сите главни улоги од сите холивудски филмови во 30-тите години. „Тоа е момчето за кое клиентот замислува дека постои“, надвор од филмовите, вели Греј. „Мислите дека тоа момче секогаш е таму и ја води Ава Гарднер да му се придружи на Френк Синатра во неговото омилено сепаре. Но, тоа момче, можеби, не постои надвор од филмот“. (Њујорк тајмс)
Кој е Димитри Димитров
Димитри, како што е познат, е легендата на ноќните клубови во Лос Анџелес; сега има шеесетина години, а поминал речиси 30 работејќи во легендарните ексклузивни свратилишта на Лос Анџелес. Пристигнал таму на почетокот на 80-тите години, пробивајќи се низ омилените места на елитата од Тинселтаун, како „Екцелсиор“ и хотелот „Ермитаж“. Сепак, неговата ѕвезда блесна откако ја презеде должноста шеф на ресторан во ресторанот „Дијагилев“ во хотелот „Бел ејџ“ во 1984 година.
Во дведецениското владеење таму, Димитри успешно ги услужувал познатите посетители на ноќни клубови во Лос Анџелес, со неговото искуство за решавање на проблеми. Стана познат по своите магични способности да ја одржи забавата: тој е горд дипломец на старата школа. Неговото образование започнало кога имигрирал од Македонија во Велика Британија, како тинејџер на почетокот на 70-тите години. Таму работел во познатите лондонски ресторани како „Иниго Џонс“ на Ковен Гарденс, каде што го научил францускиот стил на „длабоко услужување“ и го зачудувал протоколот кога го услужувал британското кралско семејство.
„Нема ништо старомодно во добрата услуга“, вели Димитров. Тој објаснува: „Многу верувам во љубезноста и манирите, а учтивоста решава многу проблеми уште пред да се случат. Ниту едно барање не е преголемо, но не се работи толку многу за предизвиците; поентата е секоја ноќ да биде сопствена мала забава“. |