Боно Вокс
Лажен инфаркт?!
Фронтменот на „У2“, Боно Вокс, неодамна претрпе срцев удар, јавуваат медиумите, но портпаролите на бендот силно ги демантираа озборувањата врзани за лошата здравствена состојба на музичарот.
Откако се пожали на силна болка во градите, Боно минатата среда помина повеќе часови на кардиологија, но не беше задржан во болница. Веќе во петокот беше забележан како со сопругата и пријателите ужива во ноќниот клуб „Сас кафе“. Минатата година Боно беше присилен да го откаже настапот во Гластонбури поради ненадејната операција на грбот, па затоа бендот на сите начини се обидува да ги сопре муабетите врзани за неговата лоша состојба со срцето.
„Боно не претрпе инфаркт. Во одлична здравствена состојба е и се наоѓа на југот на ��ранција, на одмор“, велат портпаролите. |