Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Почна бербата на „шардоне“

Лозарите шокирани од ниската откупна цена од 11 денари килограм

Во самиот старт на гроздоберот, кој почна со берба на винското грозје од сортата „шардоне“, лозарите останаа шокирани од откупната цена. „Шардонето“ се откупува по само 11 денари за килограм. Лозарите се незадоволни зашто во минатото оваа сорта грозје важеше за висококвалитетна и за неа добиваа и по 18 денари за килограм.

Општинската комисија за лозарство што работи во рамките на кавадаречкиот Совет вчера одлучи активно да се вклучи во преговорите меѓу лозарите и визбите и да помогне во спроведување на Законот за вино. Претседателот на Комисијата, Борис Давидов, информира дека е договорена интензивна посета на винарските визби со цел да се соберат податоци колкави количини винско грозје се подготвени да откупат визбите, но и кој и колку должи за откупено грозје во минатите години.

Но, додека се преговара, на терен работите се поинакви. Некогашниот прв човек на Агротиквешија и актуелен претседател на Комисијата за лозарство вели дека продолжува агонијата што трае со години.

„Ова е радикален пад на цените. За мене е ова лоша увертира на она што допрва може да се случува во Тиквешко. Се плашам што ќе се случи со некои други сорти за кои своевремено велеа да се садат оти биле висококвалитетни, а сега, по се' изгледа, никој нема намера да ги откупи. Состојбата може да биде лоша како лани, но и полоша“, дециден е Давидов. (А.Д.)


#
Статијата е прочитана 949 пати.

Испрати коментар

Од: lozar
Датум: 23.08.2011 00:17:49
e ajde sega lozari kaj vi e ARIZANOV golemiot vi lider sto si baravte toa si dobivte. sega e kasno izborite si pominaa vie si izbravte. pazarot e nemilosrden samo reakcija i toa jaka od vladata ne spasuva
Од: Risto
Датум: 23.08.2011 08:13:40
Ajde sega pak na protesti ama ovoj pat da se blokira i Avtopatot i se ostanato
Од: bitola troa skolovan
Датум: 23.08.2011 08:18:43
Pocna filmot za otkupot na grozjeto da se prozektira na starata lenta,dodeka nasiot si minister za zemjodelie kaza deka go resi ovaj dolgogodisen problem vo sorabotka so proizvoditelite i odkupuvacite i sega ne razbiram sto se slucuva.
Од: Pero
Датум: 23.08.2011 08:20:49
Koj pie na balkanov shardone. Smederevkata e del od nashata tradicija.
Од: Mile
Датум: 23.08.2011 08:52:50
Sto e lozari, sto drugo osven sokiranost. Vie si biravte, vie si glasavte, eve vi sega 11 denari za kilo sardone. A, ke zaboravev i 2 denari plus od vlada. Kade e brko - arizanov da izleze da kaze 2-3 gluposti? Ne smee da krkne do 2013, pa posle pak ke izigrava pregovarac. A da, da prasam dali gi zemavte parite za 2009? Ne? Ooooh, epa corba.
Од: kumanovec
Датум: 23.08.2011 10:49:51
bez komentar site prethodni komentari kazuvaat se.Toa shto go baraa lozarite si go dobija.
Од: makedonec
Датум: 23.08.2011 14:00:37
Ne mozam da im se iznacudam na tie so glasaa, za status quo!

Најди! во Утрински
Насловна
Од утро до вечер банките ѕвонат за неплатен долг
Владата реши да се фокусира на економијата
Холивудските ѕвезди вечераат во ресторанот на Македонецот Димитри
Не ја менувам Битола за ништо
Хокеј на ролерки зад Соборниот храм
Триполи е речиси освоен
Пирова игра со шумите
Сити и Арсенал се договорија за Насри
Лажен инфаркт?!
Скопје како бехатон-коцка
Во Либија лов по полковникот Гадафи
Тој пиеше додека Анџелина уживаше на Бриони
Македонски слонови и клонови
Спасов
Медиуми – 20 години на удолница
Јорданчо Давитков селектор на Кувајт
Поранешниот в.д. директор на „Охридско лето“ именуван незаконски
Тадиќ - Во решавањето на конфликтот да се внимава на стабилноста
Карикатура
Јоханес Раиндл нов главен извршен директор на „ЕВН Македонија“
Стил
Жестоки борби се водат околу резиденцијата на Гадафи
Собранието против барањето на Цаноски да се расправа за Космос
Онлајн вести

"""