Број 3663  вторник, 23 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter

Хокеј на ролерки зад Соборниот храм

Репрезентацијата на Македонија мораше да најде алтернатива за арената кај салата „Борис Трајковски“ што се реновира

Миодраг Мицковиќ

За првпат во историјата на македонскиот спорт нашата држава ќе има и репрезентација во хокеј на ролерки (Ин лајн) која од 2 до 4 септември ќе настапи во квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во јуни идната година. Квалификациониот турнир ќе се игра во Софија. Во групата со репрезентацијата на Македонија се селекциите на Бугарија и Турција. Само победникот на турнирот ќе се здобие со право да игра на светскиот шампионат.

Во втората група во Валјадолид покрај домаќинот на турнир, Шпанија, ќе играат уште Португалија и Северна Ирска.

Веќе десетина дена хокеарите на Македонија со ролерки, кои се дел од Хокеарската федерација на Македонија, тренираат под раководство на двајца руски тренери секој ден од 17 до 19 часот во салата „Борис Трајковски“, учејќи ги првите чекори на овој, за нас се' уште спорт во зародиш. Тоа се, главно, поранешните хокеари, некои веќе во поодминати години, но и многу млади кои досега тренираа хокеј под раководство на руските тренери, но само во сала.

Меѓутоа, поради реновирањето на хокеј арената кај салата „Борис Трајковски“, репрезентативците на Македонија во вечерните часови, по 19 часот тренираат на платото меѓу двата блока згради во Градски ѕид во центарот на Скопје, поточно позади Клубот на новинари, бидејќи тука има рамна подлога на која можат да возат ролерки и да тренираат без страв од повреди. Поради вадењето на пластичната подлога, теренот во арената е нерамен, засега не е подготвен за каков било тренинг, се' додека не биде завршено реновирањето.

Хокеарската федерација на Македонија е во преговори со „Веро“ кај банките за да може нејзините играчи да тренираат на паркинг-просторот што, исто така, одговара за тренинг со оглед на рамната и мазна подлога. Малку е чудно и несфатливо, репрезентативците во хокеј на ролерки да тренираат практично на улица, но засега нема услови за тренинг на Арената за хокеј и на спортскиот центар „Кале“, кој поради подолго време не беше во употреба и има многу пукнатини на бетонската подлога.

Репрезентацијата на Македонија на квалификациите во Софија ќе настапи во состав: Николче Симитчиев, Ѓорѓи Механџиев, Стефан Десковски, Алек Трајков, Зоранчо Грковски, Влатко Леов, Самуил Арсов, Ивица Тасков, Иван Бачовски, Владо Мангаровски, Ѓорѓи Грчев, Ристо Никовски, Нино Перковиќ и Филип Контевски.

Предводник на оваа прва генерација на хокеари со ролерки е Алекс Трајков, кој играше во Шведска и кој ќе биде главниот адут во Софија. Се игра со стапови за хокеј на мраз, плочката е пластична, тежи од 80 до 100 грама. На теренот има 4 + 1 (голман) хокеари.


#
Статијата е прочитана 1313 пати.

Испрати коментар

Од: tomislav
Датум: 23.08.2011 09:43:58
a sto ke se sluci dokolku hokearite bidat pobednici i se kvalifikuvaat za Svetskoto prvenstvo? E, togas ke dojdat mnogumina , ke se fotografiraat so heroite, ke gi udiraat po ramenjata, nasmeani od uvo do uvo. Ke gi prasuvaat se i sesto i ke se obiduvaat da bidat del od paradata na slavnite. SRAMOTA!!!!!! Kade se sega, koga najmnogu im treba pomos, dobar zbor, poddrska. Prasale li so kakva oprema ke igraat? Od predistorisko vreme. Pa neli tamu ke se vee Makedonskoto zname?! Jadna e ovaa Makedonija.
Од: goran
Датум: 23.08.2011 09:52:58
Koga ja napravija arenata za hokej kaj Boris Trajkovski i koga pobrgu pocnaa da renoviraat. Katastrofa!!! Odgovorni??????
Од: Bravo!
Датум: 23.08.2011 15:02:43
Bravo entuzijasti!

Најди! во Утрински
Насловна
Од утро до вечер банките ѕвонат за неплатен долг
Владата реши да се фокусира на економијата
Почна бербата на „шардоне“
Холивудските ѕвезди вечераат во ресторанот на Македонецот Димитри
Не ја менувам Битола за ништо
Триполи е речиси освоен
Пирова игра со шумите
Сити и Арсенал се договорија за Насри
Лажен инфаркт?!
Скопје како бехатон-коцка
Во Либија лов по полковникот Гадафи
Тој пиеше додека Анџелина уживаше на Бриони
Македонски слонови и клонови
Спасов
Медиуми – 20 години на удолница
Јорданчо Давитков селектор на Кувајт
Поранешниот в.д. директор на „Охридско лето“ именуван незаконски
Тадиќ - Во решавањето на конфликтот да се внимава на стабилноста
Карикатура
Јоханес Раиндл нов главен извршен директор на „ЕВН Македонија“
Стил
Жестоки борби се водат околу резиденцијата на Гадафи
Собранието против барањето на Цаноски да се расправа за Космос
Онлајн вести

"""