Број 3473  вторник, 04 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Најнови вести








Site Meter

Празно по улиците, во кафеаните, дуќаните...

Многумина ги споија новогодишните и божикните празници, за да заминат на скијање или, пак,
да одмораат дома

Празни улици, проодни сообраќајници, без гужва во рестораните и дуќаните. Вака изгледаше метрополата во првиот работен ден по прославата на Нова година, која некои ја дочекаа во домашен амбиент, други на работното место, а трети заминаа да ја слават некаде надвор – во зависност од џебот. Многумина ја искористија можноста да ги спојат новогодишните и божикните празници и да заминат на скијање или, пак, едноставно да одмораат дома во празнична атмосфера.

Дека дел од граѓаните ги споиле празниците беше видливо и на скопските улици, каде што не вриеше како во кошница, како што знае да биде во обичен работен ден. Сепак, вработените во државната администраци��а мораа да се појават на работните места, бидејќи единствен неработен ден за нив беше саботата, а нема да работат и в четврток и в петок поради божикните празници.

Од министерствата велат дека министрите се појавиле на работа и дека се подготвуваат за владината седница, која, наместо во вторник, е закажана за среда. Премиерот Никола Груевски првиот работен ден го искористи за посета на скопскиот аеродром „Александар Велики“, а за неговите колеги во Владата ни кажаа дека, исто така, тие ги извршувале редовните работни обврски. Мартин Мартиновски, владиниот портпарол, вели дека министрите од вчера се на работа. „Неработни денови за вработените во државните институции ќе бидат четврток за православните верници и петок, кој е државен празник“ објаснува тој.

Ова го соопштија и од Министерството за труд и социјална политика, а, според тоа, Бадник, 6 јануари е неработен за граѓаните со православна вероисповед. Петок, пак, е неработен ден за сите граѓани.

Празниците не ги споија ниту банките. Овие три дена, се' до четврток ќе работат нормално, како и вообичаено, а нема да работат само в четврток и в петок. В сабота повторно ќе работат филијалите на банките. „Од ноември воведовме нова услуга за нашите клиенти, па така тие можат ратите за кредити, сметки и слично да ги плаќаат преку автомат“, ни рече Ратка Неделковска, советничка за односи со јавноста во Стопанска банка. В сабота ќе работи и ИК банка.

Дуќаните, но и рестораните вчера беа отворени, иако повеќето маси беа празни. Низ скопските улици вчера ги немаше ниту колоните ученици како одат на училиште, бидејќи за нив од вчера почна зимскиот распуст што ќе трае до 24 јануари. Но, затоа работеа државните градинки. Таму велат дека бројот на децата е намален и многумина заминале со родителите на скијање или, пак, се дома. (Ж.Ѓ.)


#
Статијата е прочитана 2566 пати.

Испрати коментар

Од: zoran
Датум: 04.01.2011 12:49:17
prazni ulici prazni kafani nema pari so ova vlast i kucite ke bidat prazni.
Од: Сергеј
Датум: 04.01.2011 13:12:39
Веројатно сметките ќе се плаќаат преку банкомат. Советничката најавува црна година кога изјавила дека сметките од оваа година ќе се наплаѓаат преку - автомат. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: saso
Датум: 04.01.2011 20:37:20
Vo pravo e Zoran, so ovaa vlast ke se isprazni cela Makedonija osven....... VMROvcinjata.......

Најди! во Утрински
Насловна
Напуштената љубовница уценувала со многу пари
Колку УДБ-а беше нашата судба (21)
Резил дипломатиjа
Тиквешански
Долг и тежок пат до болница
Пациенти маратонци
Тутунарите ги блокираа регионалните патишта
Тутунарите повторно со блокади и протести
Бензините не' изгореа
(Без)надежна и (не)извесна година
Ќе паднат цените на извршителите
Денеска делумно затемнување на Сонцето во Македонија
Новата надеж за Македонија
Братот на Пенелопе Круз причина за разводот
Ветија - сторија, каматите паѓаат
Вранишковски нема да биде екстрадиран во Македонија
Годишен хороскоп за 2011
Иран ги покани ЕУ, Русија и Кина да ги посетат нуклеарките
Мајка и ќерка пронајдени мртви во Карпош 4
Милошоски на средба со израелскиот колега Либерман
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks