Број 3473  вторник, 04 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Најнови вести








Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Резил дипломатиjа

Слободанка Јовановска

Амбасадорот-љубовџија Перо Стојановски ни приреди уште една срамна епизода во Австралија. Веќе неколку дена неговото име е тема број еден во австралиските медиуми, а работа имаат и австралиските судски и полициски органи. Тоа што го отфрлаат од МНР како негова „приватна работа“, станува јавна бламажа за Македонија и за македонската иселеничка заедница. Тврдењата дека нашата дипломатија го допре дното со именувањата на секакви партиски миленичиња сега почнуваат и да се потврдуваат откако амбасадорите недипломати почнаа да испорачуваат „резултати“ во земјите во кои се наоѓаат.

Да не е заштитниот ѕид на молк што го изгради министерот Антонио Милошоски околу работата на претставништвата, веројатно, ќе се изнаслушавме уште афери, како што е оваа сега во Канбера. Приватна работа за МНР е очигледно и пријавата од Антикорупциска за амбасадорот во Киев за злоупотреба на милионска сума пари, приватна работа е и што еден од амбасадорите си води кафеански бизнис, приватна работа е што друг амбасадор не доаѓа трезен на работнотото место, еден од нив место да се прочуе по контакти, се фали со шармот, а амбасадорот во Брисел место да ја внесува Македонија од НАТО, тој ја изнесува, но затоа најголем дипломатски успех му беше подготвената храна на НАТО-базарот.

За министер што си го засили тимот во Министерството со бивша девојка и со братучетка, и во чие време ваква „гратче-пејтон“ епизода имаше и во неговата институција, јасно е зошто скандалот со Стојановски е уште една приватна партиска работа.

Знае ли Стојановски зошто воопшто е испратен во Австралија? Амбасадорот, кој официјално се' уште има сопруга, и кој пред Австралијците и Македонците на овој континент требаше да биде политичко, но и морално лице на државата, место да си ја гледа работата, со месеци повеќе време поминуваше кај љубовницата отколку во канцеларија. Досега трпеше само работата, но сега трпи угледот на државата и кредибилитетот на нашата дипломатија, а под прашалник е и повеќе од тоа ако излезе на виделина она за што се заканува изневерената љубовница. Пред неколку години во време на друга влада дипломатка од Вашингтон беше вратена по најитна процедура во Македонија, бидејќи испрати доверлив факс на погрешна адреса, а на Стојановски по се' изгледа нема ништо да му фали, иако личниот лаптоп и други документи се нашле во рацете на љубовницата. Освен ако од МНР не потврдуваат дека амбасадорот освен што бркал женски, не работел буквално ништо, па на лаптопот немал документи што можат да го компромитираат.

Дипломатите, секако, не се безгрешни, но грешките, по правило, си ги плаќаат. Тоа му се случи и на Алајдин Демири кога сакаше пијан да влезе во швајцарскиот парламент и на амбасадорката во Хаг, која доби ќотек од дипломат од понизок ранг, испровоциран од нејзиното однесување. Стојановски замина од Македонија како ексминистер, чија работа ја следеа куп скандали, и во истиот стил си продолжи на новата функција, практично, од првиот ден. На „Фејсбук“ деновиве бивши девојки или љубовници на амбасадорот офкаат околу неговите проблеми, а на министерот Милошоски тоа не му е доволно да сфати дека оваа незрела и хормонална фигура имаше шанса да се поправи - но не ја искористи.


#
Статијата е прочитана 2252 пати.

Испрати коментар

Од: Moris
Датум: 04.01.2011 12:31:20
Najlosi sme najlosi nadvor od drzavata, a najdobri i samobendisani sme doma. Vaka diplomatski gafovi po cel svet sluzime za potsmev i za primer vo delot NAUCENI LEKCII kako ne treba da se odnesuva ambasador na edna drzava no i kako ne treba da se odnesuva edna drzava kon akreditirani ambasadori.
Од: zoran
Датум: 04.01.2011 12:35:40
kakva vlast takva i diplomatija se nadevam deka ova godina ke ja snema i vlasta i ovaa diplomatija.
Од: kire
Датум: 04.01.2011 12:38:59
Taa vo Hag tepase ili bese tepana? Setete se
Од: AA
Датум: 04.01.2011 12:54:37
Каков министер такви амбасадори.
Од: Kazanova
Датум: 04.01.2011 13:19:01
Ako od ovoj tekst i polovina e tocno za se sto se sluci vo MNR, neophodna e kompletna ostavka na ministerot i celokupniot rakovoden personal na MNR i na "strastnite' "ambasadorcina"
Од: Берлускони
Датум: 04.01.2011 14:06:34
Ако може секс скандалите на Берлускони да бидат негова “приватна работа”,зошто и нашата влада да не ја користи истата терминологија па нели така сме поблиску до Европа.Кутриот Стојановски,кутрата “дпмне” на нив се и е дозволено!
Од: taman
Датум: 04.01.2011 14:13:10
Mene mi se bendisuva ambasadorot vo Turcija. Seker pare, taman.
Од: Dara Buba Mara
Датум: 04.01.2011 14:32:15
Kakov Premier takov minister, kakov minister takovi ambasadori, rezil vlast rezil dem,okratija.
Од: Svaler
Датум: 04.01.2011 15:08:30
I svalerajot e zanat, nemoze sekoj da se bavi. Ambasador, a pogotovo "Diplomat" denes moze sekoj da bide, ama svaler...nemoze.
Од: Mislenje
Датум: 04.01.2011 15:15:59
Ne deka treba da se zastane vo odbrana na segašnive so nivnata gaf diplomatija, ama raka na srce i onie prethodnine ne bea nešto za pofalba. Dokaz deka sme truba I vo ovoj sektor e faktot što nikade ne nema, nikoj ne ne esapi, a toa sekako e slika i prilika kako se reklamirame ponadvor. Doduša ni doma ne sme poarni. Rešenie? Ako može ajde da ja naučime veke ednaš lekcijata za toa što e demokratija, a ne samo da ja glumime. Ako može!
Од: ZERO
Датум: 04.01.2011 16:23:37
Kkava drzava/so "privremeno" ime/,takva diplo,atija ILI narodski kazano,kakva glava,takva kapa.
Од: pero
Датум: 04.01.2011 16:49:59
Toj ne e privatno nadvor pa da pravi sto saka. Dodeka go plakjame od svoi pari, treba da se odnesuva kako pretstavnik na drzava. Ako toj vaka se odnesuva mozam da zamislam mentorot Milososki i ostanatite sto pravat!
Од: Bogomil
Датум: 04.01.2011 17:29:59
Не е виновен толку оној што го изел зелникот колку што е тој што му го дал. Дипломатијата не е наивна работа, арно ама за таква ја сметаат нашиве главатари. Испраќаат секакви празноглавци за дипломати. И не е страшно што ги срамуваат нив, туку што ја компромитираат државава. Секоја суша може да стане дипломат, според партискиот кодекс на ВМРО ДПМНЕ, ДУИ и семејната партија на Љубосав Зинго...
Од: Трпе
Датум: 04.01.2011 20:22:36
Зарем Перо,како екс министер на образование не го испративме во Австралија да ги обучува како треба да се зголемува наталитетот.Тој таму немаше задача за обединување и промотор.
Од: Goran1
Датум: 04.01.2011 22:03:34
Komentarot na izvesen Bogomil najkratko i najdobro opisal se, koj i kako ja vladee drzavava. Dodeka toj gospodin-drugar i negoviot klan ja drzat ovaa drzava vo zaloznistvo, od Makedonija ne biduva nisto. Ke bide uste poloso.
Од: vase
Датум: 05.01.2011 01:06:24
E nema smisla, navistina ministerov pretera namesto da praka kade se seta toj i sin mu ,mislejki deka e duhovit neka kaze kakov kadar e negoviot prv bratuced Janevski koj e vo ambasadat vo Slovenia i bratucetkite koi gi namesti glavni vo opstina k.voda i aerodrom.Ne e li ova nepotizam.ke progovori li javno za ovie experti??? Sramota!!!
Од: Makedonski OZI
Датум: 05.01.2011 02:13:20
Licno me interesira a nemozam da pronajdam na internet, kako se postanuva ambasador i koi se kriteriumite za da bides nominiran za ambasador, i dali site ovie predstavnici na Makedonija vo ambasadite sirum svetot se ljugje sto podnesuvaat nekakva programa za da bidat naznaceni za ambasadori.Sramotoijata ovdeka so nasata ambasada e smeska broj 1, taka da bi bilo podobro ako za ambasador se naznacat ljuge sto znaat sto e diplomatija i sto ke dostavat najdobra programa za prezentiranje na zemjata. Da se bide pretstavnik na zemja e golema dolznost sprema narodot koj te placa, a Privatnata rabota koga si predstavnik na zemja ne e privatna, osven intimata se drugo e javno.Se nadevam deka ambasadorot e zapoznaes so kodeksite na odnesuvanje pred da ja prezeme dolznosta ambasador.
Од: miki
Датум: 05.01.2011 02:14:02
ima edna sitnica ne ja spomenuvate policijata vo avstralija ne go goni ambasadorot tuku gospogata za krazba kade e diplomatskiot skandal kade se protesnite noti od avstralija do makedonija i kade e baranjeto na avstralija do makedonija da si go vrati ambasadorot nazad
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 05.01.2011 07:52:18
Ne e kriv deckoto. Gledajte gi K-15 koga Cacko (Sultan) i gi naznacuva mladite kadri za ministri i diplomati, i se ke vi e jasno. Toa e nasata zalna Makedonija. Zatoa sme marginalizirani vo sekoj segment. Kako i da ne postoime.
Од: misko
Датум: 05.01.2011 09:50:52
Замислете коментар тоа било приватна работа на амбасадорот...како тој да е во Австралија приватно...СМЕШКИ
Од: Ostavka e iluzija
Датум: 05.01.2011 10:26:32
Do Kazanova: nemoj da bides naiven koj voopsto od ovaa vlada pa i drugite, sem Antonio Pesev podnesol ostavka za mnogu bruki i sramoti.Kancevska ja fatija pvo prav aramilak pa nikomu nisto?! Pa niv i da gi plukaat i da gi brkaat so stapovi ne gi napustaat nivnite fotelji , kade mozat da kradat i pravat se sto sakaa. No za vakov narod taka i mu treba.

Најди! во Утрински
Насловна
Напуштената љубовница уценувала со многу пари
Колку УДБ-а беше нашата судба (21)
Тиквешански
Долг и тежок пат до болница
Пациенти маратонци
Тутунарите ги блокираа регионалните патишта
Тутунарите повторно со блокади и протести
Бензините не' изгореа
(Без)надежна и (не)извесна година
Ќе паднат цените на извршителите
Денеска делумно затемнување на Сонцето во Македонија
Новата надеж за Македонија
Братот на Пенелопе Круз причина за разводот
Ветија - сторија, каматите паѓаат
Вранишковски нема да биде екстрадиран во Македонија
Годишен хороскоп за 2011
Празно по улиците, во кафеаните, дуќаните...
Иран ги покани ЕУ, Русија и Кина да ги посетат нуклеарките
Мајка и ќерка пронајдени мртви во Карпош 4
Милошоски на средба со израелскиот колега Либерман
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks