Ева Лонгорија
Братот на Пенелопе Круз причина за разводот
Два месеца по објавувањето на веста дека омилената „очајна домаќинка“ Ева Лонгорија се разведува од Тони Паркер, откриена е точната причина за разводот, и тоа во ликот на младиот и згоден Едуардо Круз, брат на актерката Пенелопе Круз.
Иако се зборуваше дека Тони ја изневерил Ева, па и дека таа поради тоа поднела барање за развод, се чини дека работата е поинаква. Европските медиуми, почнувајќи од германскиот „Билд“ се полни со пишувања за жешката романса што веќе некое време се одвива меѓу Пенелопе и згодниот Едуардо. Бидејќи Едуардо е десет години помлад од Ева, не зачудува што актерката се обидела да ја скрие оваа врска, па одела дотаму што ги бришела нивните фотографии, кои инцидентно се појавувале на Интерне�� во последниот месец.
Сепак, вистината ја откриле некои пријатели на Тони, зашто им било мака да гледаат дека Ева се претставува како жртва во медиумите. |