Број 3473  вторник, 04 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Најнови вести








Site Meter

Бензините не' изгореа

Од денеска бензините се поскапи за 1,5 денар, а дизелот за еден

Маја Томиќ


Граѓаните се спасија од поскапувањето на струјата што се најавуваше од почетокот на годинава. Но, никако да се спасат од скокот на цените на бензините, кои во континуитет растеа на секои две недели во изминатите неколку месеци. Бензините имаат повторно нова, повисока цена. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од денеска тие се поскапи за 1,5 денар за литар, а дизел-горивата поскапуваат за еден денар. Со најновата одлуката практично се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,30 отсто, односно за 2,34 проценти.

Така, од денеска, па во наредните 15 дена, новата цена на „еуросупер БС“-95 изнесува 75 денари за литар, а „еуросупер БС“-98 ќе чини 76,5 денари. Цената на „еуродизел“ (Д-4) се зголемува за 1,5 денар и литар од ова гориво ќе чини 63,50 денари. Додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за денар и ќе се продава за 52 денара за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,070 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС што ќе се продава по 35,057 денари.

Како и секогаш, како причина за зголемувањето на цените се посочуваат повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар за 2,57 отсто во изминатите две недели и повисокиот курс на доларот во однос на денарот за 0,84 отсто.

Домашните цени на бензините го доживеаја својот максимум во летото 2008 година. За потсетување, во почетокот на јули 2008 година, во почетокот од кризата во САД, кога нафтата на берзите достигна максимални 139 долари за барел, цената на „еуросупер 98“ изнесуваше 78,5 денари, додека МБ 96 (што сега не е во продажба) чинеше 80,5 денари за литар. На крајот ода јули 2008 година, кога светската цена на барел нафта се' уште беше на високите 134 долари, домашните цени на бензините паднаа за 2,5 денари.

Многу веројатно дека бензините и во наредниот период ќе одат угоре. Всушност, пред една недела цената на нафтата во САД, поради снежната бура, порасна како резултат на зголемената побарувачката на масло за домаќинствата. На 28 декември 2010 година американската лесна нафта за испорака во февруари, на Њујоршката стоковна берза, се зголеми за 31 цент и достигна 91,31 долар за барел. Како што пренесоа агенциите, освен ниските температури и снегот на американскиот источен брег, врз поскапувањето на нафтата влијаело и слабеењето на вредноста на доларот. Во последнава недела истовремено поскапе и европскиот „брент“ на меѓународната берза за нафта во Лондон. И тоа за 19 центи, достигнувајќи 94,04 долари за барел. А, завчера барел нафта во Азија вредеше 92 долара. Азиските трговци очекуваат дека неговата цена и натаму ќе расте. Во минатата година просечната цена на барел нафта на светските берзи беше 79,72 долари, а неговата цена најмногу скокна лани во декември, кога еден барел чинеше 92 долара.

Македонија не произведува горива и е целосно зависна од увоз, а оттаму и од движењето на цените на светските берзи, како и од курсот на доларот спрема денарот. Цените на бензините ги одредува Регулаторна по барање од единствениот преработувач на деривати, ОКТА, која доставува нови пресметки на секои две недели.


#
Статијата е прочитана 1673 пати.

Испрати коментар

Од: Tase
Датум: 04.01.2011 12:15:46
Ајде сега малку математика. Значи јули 2008 доларот беше 38,5 денари, а барелот 139 долари, односно 5351,5 денари. Сега доларот е 47 денари, барелот 92 долари = 4324 денари. Како може сега да е литар 98-ка 76,5 денари, а тогаш беше 78,5? Дефинитивно потврда дека нешто "смрди" во математиките на поевтинувањата и поскапувањата на горивата. Поздрав!
Од: забеган.
Датум: 04.01.2011 12:20:02
Грешен наслов. ГРУЈО-не изгоре треба да стои.Кај може барел да е 80 долари а литар бензин 76,5 денари.*БАНКРОТ*
Од: Nato-Jato
Датум: 04.01.2011 12:24:47
Super! cenite na benzinite se isti sega na 92 $ barel kako koga bese 135$! Veselata matematka prodolzuva-ostvaluvame -cenite vo Makedonija povekje ne zapilaat!!!
Од: Трпе
Датум: 04.01.2011 12:37:29
Колку повисоки цени на нафтените деривати и било на кои други производи,толкку повеке пари во буџетската каса.Бизнис си е бизнис,владата мора да продолжи со своите лудори.Кога тие не водат рачун за здравјето на народот што останало за другото.
Од: na prvo mesto
Датум: 04.01.2011 13:12:39
Sega sme na prvo mesto vo Evropa po cenata na benzinite. Ajde nea nekoj rece deka po nesto ne sme prvi.EU trteba da "uci" od nas! Ostvaruvame
Од: Milan
Датум: 04.01.2011 13:49:43
Vo tekot na 2011 ocekuvajte benzinot da dostigne 90 denari, pa posle videte dali "proekciite" na Vladata, NBRM, ekspertite..... ke se ostvarat. Ke se ostvari samo toa deka narodot uste ke osiromasuva, a drzavata ke se "spasuva" so novi krediti, pozajmici...... Podobro na vreme, barem psihicki da bideme pripremeni na teskotiite, a raznoraznite "proekcii i analizi" od tipot "ke bide podobro, zakrepnuvame" i slicni optimizmi, svatete gi kako prvoaprilska zaebancija.
Од: tatoo
Датум: 04.01.2011 14:43:55
Најлоповска влада во 20 годишната историја на Македонија. Ние си ломотиме а владата перманентно ни врши инвентаризација на џебовите. Се знае само како се справува со ваква влада. Гледајте и научете нешто од Романците. Само така овие лопови можат да се сотрат и народот да здивне.
Од: germanija
Датум: 04.01.2011 15:07:56
vo germanija diselot bese do pred 1 mesec 1,22 evra sega e 1,33 evra vo gradovite a na avtopat + 7 do 10 centi ...........bozem poradi ladnata zima ;) a benzinot e 1,48 evra tuka vo tekot na denot moze pet pati da se pokaci ili namali cenata ........ a vo makedonija go zemaat prosekot i toa e za narednite dve nedeli . Spored paltite vo makedonija ... gorivoto vo Mk e najskapo............. AMIN
Од: TRAJKO
Датум: 04.01.2011 15:24:28
Ja proveriv matematikata na Tase i gledaj cudo -tocna e do 3 decimali.Koj ne veruva neka proveri.KOMENTAR NEMAM ,A I DA IMAM DZABE E, NE' ODRAA.
Од: ivica
Датум: 04.01.2011 18:48:52
Sramota kako ostvaruvaat,"osmanliskoto ropstvo e malo dete za niv". Samo neka si ja osvesti glavata nasava vlada,koj ke gi glasa pak,najgolem bojkot ke ima na slednite izbori. Da se potsetime na 'konfucie",-"ne pravi go toa,sto ne sakas tebe da ti go pravat". Site odat vo progres,a vladata saka da odime peski i so magarinja!!!
Од: patriot
Датум: 05.01.2011 09:07:14
Преку нафтата се контролира светскиот поредок.Затоа се водат војни, се фрлат незамисливи пари за шпионажа, комромитирање, завери...„Големата игра“ има една цел.Профит и моќ. Следната алатка се водата и храната .Преку тие основни ресурси „парче“ ќе не направат.Но не плашете се , над моќните е Свемоќниот.

Најди! во Утрински
Насловна
Напуштената љубовница уценувала со многу пари
Колку УДБ-а беше нашата судба (21)
Резил дипломатиjа
Тиквешански
Долг и тежок пат до болница
Пациенти маратонци
Тутунарите ги блокираа регионалните патишта
Тутунарите повторно со блокади и протести
(Без)надежна и (не)извесна година
Ќе паднат цените на извршителите
Денеска делумно затемнување на Сонцето во Македонија
Новата надеж за Македонија
Братот на Пенелопе Круз причина за разводот
Ветија - сторија, каматите паѓаат
Вранишковски нема да биде екстрадиран во Македонија
Годишен хороскоп за 2011
Празно по улиците, во кафеаните, дуќаните...
Иран ги покани ЕУ, Русија и Кина да ги посетат нуклеарките
Мајка и ќерка пронајдени мртви во Карпош 4
Милошоски на средба со израелскиот колега Либерман
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks