Свет
Иран ги покани ЕУ, Русија и Кина за нуклеарките
Иран ги покани Русија, Кина, Европската унија и своите сојузници меѓу арапските и земјите во развој на обиколка на неговите нуклеарни објекти во обид да добие поддршка за нов круг преговори со шестте светски сили.
Во писмо до Меѓународната агенција за атомска енергија, Али Азгар Солтание предлага разгледувањето на објектите да се оддржи на 15 и 16 јануари и посочува дека се предвидени и средби со високо позиционирани ирански представници.
Понудата доаѓа пред новата рунда преговори во врска со нуклеарната програма за која Иран тврди дека е со мирнодопски цели, но Западот се сомнева дека има за цел производство на нуклеарно оружје. Новиот круг преговори меѓу Техеран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН - САД, Русија, Кина, Франција и Велика Британија, плус Германија, се очекува да се оддржи во Истанбул на крајот на јануари.
Иран веќе е подложен на инспекции од Меѓународната агенција за атомска енергија, но оваа обиколка најверојатно е наменета за дипломатите, а не за инспекторите.
|