Број 3473  вторник, 04 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Најнови вести








Site Meter

Фељтон

Колку УДБ-а беше нашата судба (21)

Прогласени за непријатели и свирепо ликвидиран

И по половина век никој од удбашите не кажа каде се коските на Ангеле Петковски, Ефтим Џабирски и Киро Гарев

Виктор Цветаноски


Семејството Петковски од Скопје и по половина век, не дозна каде се фрлени коските на нивниот Ангеле, кој пет и пол години помина во голооточкиот пекол. Кога втор пат го затворија, протестираше со глад и почина по еден и пол месец. Тогашните власти отидоа дотаму што на семејството не му го дадоа мртвото тело за да го погребаат како секој човек. Ангеле Петковски во јуни 1958 година од УДБ-а повторно бил затворен поради наводно нови закани кон државата однадвор.

„Не стигнаа да го испратат втор пат на Голи Оток. Бев сведок кога дојдоа да го апсат рано наутро. Се сеќавам дека тој тогаш им рече дека немаат основа за тоа, дека не сторил ништо“, раскажува Драган, најмалиот од четворицата браќа и единствениот од нив кој не бил затворен за време на Информбирото. „Присилно го одведоа и од истиот ден започнал штрајк со глад. Како што дознав подоцна, му ја отворале устата и со сонда му пикале јадење. По долгата исцрпеност од глад, го префрлиле во затворскиот дел на Клиничкиот блок и таму почина по 47 дена гладување. Јас и чичко ми бевме единствени што го видовме последен пат неговото безживотно тело во Одделот за судска медицина. Каде го фрлија неговото тело, не дознавме. Татко ми и мајка ми умреа жалејќи по него, посебно поради тоа што не му го дознаа гробот. Го баравме, но секогаш наидувавме на ѕид на молчење. Не беше криминалец или убиец за да се однесуваат спрема него така. Не можам да сфатам какво злосторство направил за да не им го дадат на мајка и татко мртвото тело на нивното чедо“, ја раскажува Драган Петковски трагичната судбина на својот најстар брат.

Ангеле, очигледно, и мртов бил опасен за тогашните власти. „Сакавме да го погребаме пристојно, граѓански, со сите адети. Кога разбравме дека починал, објавивме некролог за да знаат и пријатели и непријатели дека повеќе го нема. Најблиските роднини дојдоа дома и сите отидовме на семејниот гроб во Бутел. Се плашевме да организираме некаква комеморација, зашто страшни беа тие времиња. А и кој пријател би имал храброст во тоа време да дојде да му оддава почит на информбировец, па макар бил и мртов“, раскажува братот Драган.

УДБ-а толку сурово се однесувала спрема мртвиот Ангеле Петковски заради повредената суета на тие што не успеале да го скршат, како што ги скршиле повеќемина информбировци и во фактот што тој не потклекнал пред притисоците, не се покајал за тоа што се определил за Резолуцијата на ИБ и не го ревидирал ставот.

Страшните времиња на Информбирото го проголтаа и делчевскиот трибун Ефтим Џабирски. Една ноќ го затвориле, по што исчезнал без каква било трага. Повеќе од 60 години од него нема никаков глас, не е на списокот ниту на умрените ниту на живите. Избришан е и од книгите на родените и од книгите на умрените. За да докажат дека тој некогаш живеел, неговите роднини морале да се повикуваат на сведоци. А тие години, кога многумина настрадаа по ИБ, тој беше еден од првите луѓе во Делчево, претседател на Околискиот одбор на тогашен Народен фронт на околијата.

„Бевме четворица браќа и една сестра. Најстариот Ефтим беше комунист уште од 1937 година, интерниран и во кралска Југославија и за време на окупацијата од Бугарите. За да го снема од овој свет, виновник е Методија Митевски-Брицо, тогашен секретар на Окружниот комитет во Штип, кој му се налутил на брат ми кога се избирале сојузни пратеници. Можеби дел од причините треба да се бараат и во тоа што мојот брат бил соработник и добар пријател со Ченто“, раскажува Никола Џабирски, најмалиот и единствен жив од браќата.

Прв од браќата настрадал Ефтим, кој веднаш по објавувањето на Резолуцијата на ИБ бил уапсен, однесен во штипскиот затвор, измачуван и ликвидиран. Неколку месеци потоа бил затворен брат му Киро, кој тогаш работел во Белград, и бил испратен на Голи Оток, каде што поминал пет години. Жестоките удари на голооточкиот камшик две и пол години ги поднесувал и братот Ѓоко. Во удбашката мрежа единствено не бил фатен најмалиот Никола, кој вели дека и нему му било наместено да се удави во Вардар. Тој и ден-денес се потресува кога ќе го слушне зборот УДБ-а.

Семејството Џабирски сиве овие изминати години се распрашувало за тоа каде се закопани посмртните останки на Ефтим за да му оддаде почит, да запали свеќа и да му одржи парастос. Дел од вистината за трагичниот крај на Ефтим дознале многу години подоцна, кога во Делчево навратил еден иселеник Турчин, кој по завршувањето на војната работел како полицаец. Еден ден тој случајно го сретнал ослепениот татко на Ефтим и притоа сакал да му каже за крајот на животот на неговиот син и со тоа да ги симне од душата гревот и тешката тајна што го притискале дол��и години. Тогаш на таткото на Ефтим му признал дека тој го убил неговиот син по наредба на високи функционери на УДБ-а кои му се заканувале дека ако не го направи тоа, тој ќе биде убиен.

Тогаш младиот Турчин му објаснил на скршениот старец дека Ефтим бил закопан на падините на Голак, на место каде што биле погребани и некои Бугари кои за време на Информбирото доаѓале да шпионираат во Македонија и биле откриени од УДБ-а. Подоцна, братот Киро го барал точното место на коските на Ефтим, но не можел со сигурност да го утврди, зашто на истиот простор биле закопани и други луѓе.

По испраќањето на синовите на Ѓоко Џабирски на Голи Оток, другите членови биле интернирани во Староец, Кичевско. „На 27 јуни 1950 година нашата куќа беше конфискувана и ние седум души, сите членови од фамилијата: татко ми, мајка ми, двете снаи, две мали деца и јас, бевме исфрлени на улица. Татко ми, единствен маж на 75 години, ја смести својата фамилија во шталата со кравата и со едно свинче. По два дена во 8 часот наутро дојдоа четири вооружени милиционери со автомати и со камион и не' интернираа во Стаорец, Кичевско“, раскажува Фима Џабирска-Јаниќ.

За време на интернацијата починала мајката на Ефтим. Преде да умре, постојано ја гледала сликата на своите синови и повторувала: „Зарем нема ниеден околу мене да ми помогне и да ме утеши во оваа трагедија што ја снајде нашата фамилија“.

Страшните имформбировски години ќе бидат кобни и за браќата- близнаци од Куманово, Кирил и Методија Гареви. Кирил ќе го снема по затворањето од УДБ-а, и за него повеќе ништо не се дозна, заврши без трага, а Методија ќе одлежи четири години на Голи Оток. И двајцата биле предвоени комунисти, родени во 1915 година.

Кирил бил професор во Електростопанското училиште во Скопје. Тане Таневски, еден од неговите ученици, раскажува: „Киро Гарев го знаевме од училиштето, ни предаваше електрични мерења и беше најдобар професор. Во мај удбашот Благоја Алексоски ме викна на сослушување. Киро Гарев е затворен. Мене ме иследуваат и сакаат јас да го товарам Киро, но бадијала, јас за Киро зборувам се' најдобро, ги напаѓам што го затвориле, им велам дека таков човек повеќе нема да се роди. Воопшто не можам да помислам дека него повеќе го нема; овој скот што мене ме мачи, него веќе го ликвидирал. Јас отидов кај жена му Ѕвезда Гарева. § кажав за се' што ме прашаа за Киро и ја прашав каде е тој. Таа рече дека пред еден месец го испратиле во Прилеп, на терен, но тој, по сите изгледи, од железничката станица во Скопје не е заминат подалеку; го имаат земено и оттука го имаат ликвидирано. Ѕвезда дотогаш не работеше, живееше од платата на Киро, таа и својата ќеркичка Светлана, па јас им носев брашно, што ми го праќаа од Белчишта. Ѕвезда се мачи, се бори на сите страни, овие гледаат сеир, сакаат на секој начин да му го уништат топлиот дом на скромниот и умниот Киро“, раскажува Танески.

Каде згрешиле браќата Гареви за да бидат прогласени за тешки информбировци? Од документите на тетовската УДБ-а може да се види дека тие, всушност, биле уште во времето одбележани како „шарловисти“. Методија Гарев бил испратен на Голи Оток во 1949 година, каде што останал до јули 1953 година. Во женскиот логор била и неговата сопруга Сара. По затворот, работел во „Југохром“. Меѓутоа, не можел да го поднесе постојаното следење и провоцирање од луѓето на државна безбедност, со сопругата емигрирал во Австрија, од каде што се префрлил во Бугарија, а бидејќи неговата сопруга била Еврејка, решил да замине во Израел.

Танески контактирал со Методија Гарев, кој се распрашувал на сите страни за да дознае нешто за својот брат Киро. Побарале прием и кај Александар Ранковиќ, но не ги примил. За трагедијата да биде уште поголема, сопругата на Киро, Ѕвезда, и неговата ќеркичка Светлана загинале во земјотресот во 1963 година, со што целосно се уништило семејството на Киро Гарев.



(Продолжува)


#
Статијата е прочитана 2468 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 04.01.2011 14:06:29
Informbirofcite bea ljugje koi iskreno veruvaa na komunistichkata parola "proleteri na site zemji obedinete se". Iako toa ne mu beshe namerata, voden od megalomanski instinkt, Tito pridonese navistina za pobrzo raspagjanje na komunizmot vo Evropa. So toa shto komunistichka Jugoslavija ne pristapi vo Varshavskiot Pakt, SAD bea vo podobra strateshka polozhba. Zapad ja pomagashe ekonomski Jugoslavija za da gi pottikne i drugite komunistichki drzhavi da se oddelat od SSSR.
Од: kole ohrid
Датум: 04.01.2011 16:56:20
Bugarite vi bea vinovnici za site zlodela vo Macedonija .................. yyyyyyy bugari .........yyyyyyy...... !!!!!?????
Од: алек
Датум: 04.01.2011 21:00:50
Делото на УДБА и денес може да се види. Например на нашиот МУЗИЧКИ ИДОЛ се случи на неколку кандидати кога ќе им речат : ``Ај сега запеј нешто македонско народно`` Кандидатот започнува: ``Кукавицааа, ти си само једна више кукавицаааа``
Од: aristid
Датум: 05.01.2011 07:57:29
Site produkti na komunizmot , a toa se

Најди! во Утрински
Насловна
Напуштената љубовница уценувала со многу пари
Резил дипломатиjа
Тиквешански
Долг и тежок пат до болница
Пациенти маратонци
Тутунарите ги блокираа регионалните патишта
Тутунарите повторно со блокади и протести
Бензините не' изгореа
(Без)надежна и (не)извесна година
Ќе паднат цените на извршителите
Денеска делумно затемнување на Сонцето во Македонија
Новата надеж за Македонија
Братот на Пенелопе Круз причина за разводот
Ветија - сторија, каматите паѓаат
Вранишковски нема да биде екстрадиран во Македонија
Годишен хороскоп за 2011
Празно по улиците, во кафеаните, дуќаните...
Иран ги покани ЕУ, Русија и Кина да ги посетат нуклеарките
Мајка и ќерка пронајдени мртви во Карпош 4
Милошоски на средба со израелскиот колега Либерман
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks