|
|
|
|
|
|
Долг и тежок пат до болница
Јасмина Јовановска
Укинувањето на правото на матичните лекари да препишуваат болнички упати, на пациентите само ќе им донесе дополнителни малтретирања и непотребни шетања низ лавиринтот наречен амбуланти. За да добијат болнички упат по редовен пат, болните ќе мора да затропаат најмалку на вратата на три амбуланти. Прво кај матичниот лекар, па кај специјалистот во поликлиниката, па на крај кај специјалистот во болницата. Ако треба да остане во болница, по упат треба да се врати кај специјалистот од поликлиниката, зошто само тој ќе има право на препишување болнички упат, за разлика од сега, кога матичниот лекар можеше право болниот да го упати во болница или клиника. Новината нема да важи за итните случаи. Лекарите се затекнати од ваквата идеја на Министерството за здрав��тво, а пациентите се револтирани и исплашени, посебно хронично болните. Министерството за здравство и натаму молчи за идејата за новата практика за болнички упати. Таа се промовира како дел од прокетот за категоризација на болниците, со кој точно ќе се знае - пациентите од кој регион во која болница ќе може да се лекуваат. Нема да може за операција на слепо црево да се прескокнуваат болниците, или пак, за еден интренистички преглед, да се прескокнуваат интернистите во поликлиниките, беше најавено со промоцијата на проектот. „И сега за да добиеме лекови на рецепт не' малтретираат да имаме извештај од специјалист или субспецијалист од болница или клиника, а сега со ова само уште повеќе ќе не' шетаат по амбуланти. Свесни ли се дека поголемиот дел од пензионерите едвај одат до матичен лекар. Што им е целта - да се откажеме од лекови на товар на државата, или на крај да се откажеме комплетно од услугите на јавното здравство, за кое сме плаќале со години“, прашува еден астматичар од Скопје.
Со слични реакции се и други пациенти. „Додека да дојдеме до болница ќе испопаѓаме по улици. Кому му текна ваква глупост, мисли ли некој на нас пензионерите“, прашува друг пензионер, кој е срцево болен.
Лекарите првпат слушаат за идејата болнички упати повеќе да не препишуваат матичните лекари, туку само специјалистите од поликлиниките и болниците. „Уште не е извршена категоризација на болниците, а се планира воведување друга новина, за која се уште нема ни најава“, велат лекарите. Од друга страна, се планира матичните лекари да станат семејни лекари, за што профункционира и центар за едукација, а истите тие лекари нема да имаат право да препишуваат болнички упати и да оценуват кој пациент каде што ќе го испратат, додаваат лекарите.
За укинување на ова право, Лекарската комора и Македонското лекарско друштво дознале на состанокот на ден пред Нова година во Министерството за здравство, на кој биле повикани директорите на болниците. На средбата со министерот Османи, како што дознаваме, му било укажано дека овој модел не е добар и да не се избрзува.
Од Македонското лекарско друштво не сакаат да коментираат додека не добијат ништо црно на бело. Со сличен став е и Лекарската комора. |
#
|
Статијата е прочитана 1469 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: kiro |
Датум: 04.01.2011 12:24:47 |
|
Fakt e deka vo losoto zdravstvo vo celost, sepak nesto ima vo drzavnata bolnica vo Skopje. No prodolzuvanjeto na patesestvieto da se stigne tamu e samo vlsuvanje na sostojbite kaj del od pacientite. I posle takvite grdni maki, pacientot pak moze da se sudri so medicinskite greski vo kl. centar koi se mnogubrojni poradi javaslukot vo rabotenjeto i nestrucnosta.Zaklucokot e stravilo.. |
|
|
|
|
|
|
Од: Мене |
Датум: 04.01.2011 12:42:50 |
|
Срамота... по културен начин за да не умрат сите, не можеа да измислат. СРАМОТА! |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 04.01.2011 12:55:18 |
|
Кој му е виновен на македонскиот народ кога не знае да чита плус меѓу редови.Тие треба да знат за кого гласат и каква партија е владеачката.Нормално таа ги подржува повисоките класи.Затоа го уништува јавното здравство а го фаворизира приватното.Надевајте се македонски народе,купете си семки од јаболко за да ви дојде умот. |
|
|
|
|
|
|
Од: Butel |
Датум: 04.01.2011 13:10:50 |
|
Nema lekovi na recept( osven onie od 20 denari), nema upat za bolnica( osven ako si pred umiranje) do bolnicko lekuvanje se doagja ako ostanes ziv od trcanje po ambulantite, nema lekovi vo javnoto zdravstvo (sam kjke si gi kupis) nema oprema ( e toa nemozes da go kupis) . Ima samo eden pravec - BUTEL |
|
|
|
|
|
|
Од: bolen |
Датум: 04.01.2011 13:51:21 |
|
Ma se se cini samo sto pomalku lugje da go koristat zdravstvot-kakvo takvo,prvo go rasparcija unistija,a sega sakaat i toa malku sto ostana da se otkazat lugjeto i da umiraat doma bezpomosni-sramota,nevidena sramota,namesto da mu olesnat na bolniot sto polesno da dojde do site lekarski uslugi se se pravi zakomplikuva sto e celta? sto pomalku penzioneri bidejki ke pocnat da umiraat bidejki se im se skratuva a bogami i mladite sto ne se mokni da odat vo privatni kliniki,krajno vreme e nekoj da mu zastane na patot na ovoj raspad sistem,od VLADATA RAKOVODSTVATA i konecno da se slusne obicniot covek i negovite potrebi.za zal kako stojat rabotite tesko. |
|
|
|
|
|
|
Од: koleshka |
Датум: 04.01.2011 14:33:53 |
|
Site sme svedoci deka vo zdravstvoto se vnesuvaat "novini" koi shto dobro ni se poznati nam povozrasnite gragani. Ovaa izmena shto ja predlaga Ministerotja beshe vo praksa pred poveke godini. Stom bila donesena odluka za izmena na procedurata, znachi bilo oceneto deka taka ke bide podobro. Se prashuvam, shto ne chineshe vo segashnava praktika. I ushte, sho saka Ministerstvoto da pokaze, deka nesho menuva, toa e vazno deka se pravat izmeni, A dali se zaprasha nekoj dali bolnite imaat pari da odat od edna ustanova vo druga, do koga ke bidat zaboraveni bolnite i siromashnite? |
|
|
|
|
|
|
Од: Rekonstrukcija |
Датум: 04.01.2011 23:14:11 |
|
Osmani e mlad i neiskusen lekar koj ne e dorasnat za funkcijata koja ja vrzi , pa e zrel za rekonstrukcija.Ednostavno ne go biva. |
|
|
|
|
|
|
Од: Дони |
Датум: 05.01.2011 00:19:48 |
|
Таман кога ќе помислам дека здравството не може да биде во полоша состојба од таа во која што е, ќе измислат уште некоја новина. Тие може да имаат само здрави пациенти, зашто болните тешко дека би го издржале сето ова. Така конечно ќе примаат плата без многу работа, а и нема да се троши многу по болниците па Фондот ќе заштеди :) Искрено, тешко ми е да поверувам. Ако некој се разболи, прво нека спреми купче пари или нека не излегува од дома. Ќе му требаат да плати за такси или за бензин, за преглед кај матичниот, па кај специјалистите и субспецијалистите, па за влез во болница, па ако треба некоја хируршка интервенција за разни „делови“ може да затребаат и поголеми суми 500-1000 евра кои после ако остане жив и ако има сила ќе треба да испроси дел од нив од Фондот назад, па за лекови,... Кога ќе помислам дека имавме навистина бесплатно здравство, до каде дојдовме, страв ме фаќа утре какви „реформи“ ќе фалат на цела уста пред телевизиските камери. |
|
|
|
|
|
|
|
|