Број 3473  вторник, 04 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Најнови вести








Site Meter

Мислења

(Без)надежна и (не)извесна година

Слободан Најдовски

Се надевам дека годинава ќе биде пресвртница во државата и, главно, ќе се дебатира за економијата, а помалку за голата политика

Колумната ја пишувам во првиот ден од годинава. Човечки е на самиот почеток од 2011 да се биде развеселен и оптимистички настроен. Уште повеќе што колумната ќе излезе меѓу новогодишните и божикните празници. Затоа се мислев како во овие денови да поттикнам позитивни размислувања кај луѓето. Иако прославата на Нова година на плоштадот во Битола ми го поматува таквото размислување, бидејќи беше најслабо посетената во изминатите петнаесетина години, што само по себе го отсликува расположението кај граѓаните. Најголемиот дел од нашите граѓани се во ис��екување и неизвесност за својата иднина. Во таквата атмосфера се вклопија и државните функционери, кои во своите изјави само навестија дека 2011 ќе биде година на предизвици и зафати. Поедноставно речено, ни' предупредија дека годинава што претстои ќе биде неизвесна, без да кажат на кој начин како вистински државници ќе се справат со предизвиците за да влеат самодоверба кај граѓаните. Но, и покрај тоа, ако не можам да бидам оптимист за годинава, сепак, моите очекувања се искажани преку надежта дека има начини за подобар живот.

Се надевам дека оваа година ќе биде пресвртница на јавната сцена во државата и, главно, ќе се дебатира за економија, а помалку за голата политика. Се надевам дека Владата, конечно, ќе ја промени економската политика, која во изминатите пет години не дава позитивни резултати, туку напротив, го зголемува бројот на сиромашните. Затоа, се надевам дека ќе ја преиспита висината на вкупните давачки со кои е оптоварено нашето стопанство и ќе предложи мерки за растоварување, со што ќе се отвори перспектива за зголемено производство и отворање нови работни места. Се надевам дека ќе запрат нерационалните трошења на буџетските пари и, барем оваа година, буџетот многу повеќе ќе биде во функција на поттикнување на економскиот развиток. Во таа насока, се надевам дека ќе изостане задолжувањето на Владата на домашниот пазар преку издавање државни записи, ќе ги ослободи банкарските средства и ќе создаде услови за кредитирање на стопанството. Тоа што посебно се надевам е дека парламентарното мнозинство, Владата и претседателот на државата нема да ја злоупотребат апсолутната власт и да постават гувернер на Народна банка, кој наместо државните, ќе ги штити партиските интереси, со што ќе ја наруши макроекономската стабилност на државата.

Не сакам да ме напушти ни надежта дека во оваа година, дефинитивно, ќе видиме вистинска, неселективна и бескомпромисна борба против корупцијата. За таа цел, се надевам дека извештаите на Државниот завод за ревизија ќе добијат адекватен третман и од Државното јавно обвинителство и ќе бидат процесуирани. Се надевам дека нивните наоди за ненаменско и незаконито трошење на државните пари нема да останат само на хартија.

Во поглед на меѓународната афирмација на нашата држава, се надевам дека како граѓани ќе разбереме што се крие зад изјавата на министерот за надворешни работи, кој најави дека во наредните шест месеци ќе се реши спорот со името. Да се надеваме дека и на сите ќе ни биде соопштено што содржи разумниот компромис, кој го прокламира државниот врв. Во тој правец, дефинирајќи ги стратегиските државни интереси околу кои сите политички фактори ќе изградат заеднички став, и кои нема да ни служат за меѓупартиски препукувања пред следните избори - ќе се зголемат надежите за етаблирање на Македонија во европското семејство и во НАТО. Се надевам дека и многу меѓународни политичари нема да ги прогласуваме за наши непријатели, во зависност дали ни се допаѓа или не нивната изјава, нема да ги караме кога ќе ни соопштат за нашите мани, туку ќе ги искористиме за промовирање на македонските интереси.

Се надевам дека болните во 2011 година нема да ги испраќаат од болница до болница, дека по пет години најавување, ќе се реализира „големиот тендер“ за набавка на нова опрема, а вработените во здравството да го добијат статусот што го заслужуваат во општеството.

Се надевам дека ќе се создаде клима за вистинска независност на медиумите. Притисоците врз медиумите и нивно селектирање за подобност само врз основа на наклонетоста кон Владата се надевам дека ќе остане во минатата година. Но, се надевам дека и новинарите ќе се изборат за својата независност, ќе се профилираат во вистинска општествена сила и во креатор на јавното мислење, кој нема да дозволи да биде злоупотребен само за остварување на нечија цел.

Како битолчанец, се надевам дека битолските политичари нема да бидат препознатливи само по изјави што ќе конкурираат за гафови на годината. Напротив, се надевам дека, дефинитивно, ќе ги артикиулираат интересите на Битолскиот регион и ќе придонесат за издигнување на Битола во политички влијателен фактор во државава.

Надежта не ме напушта во првите денови на годината, но и неизвесноста е се' поприсутна. Неизвесноста е резултат на непридвидливоста на потезите на нашата Влада. Неизвесно е дали и покрај досегашното порекнување, власта ќе се одлучи да оди на избори наесен или ќе го чека редовниот термин, следната пролет. Од тоа ќе зависи и квалитетот на решенијата на ��ногу проблеми со кои секојдневно се соочуваме.

Сепак, се надевам дека по 365 дена, оваа година ќе биде запаметена по многу убави работи. Најверојатно, нема да биде како штотуку завршената 2010, во која ни најнаклонетите владини медиуми во своите ретроспективи не можеа да најдат позитивни настани од општ интерес за сите граѓани, па затоа како најголеми настани што ја одбележаа минатата година, ги прогласуваа концертите на Цеца и на Чолиќ!

На крајот, се надевам дека овие мои желби за подобра иднина на македонските граѓани во 2011 нема да останат само во рамките на надежите, туку најголем дел од нив ќе се реализираат. А, на кој начин? Е, тоа зависи од политичарите на власт, а оцената ќе ја дадат граѓаните, иако многу политичари не можат или не сакаат да го сфатат тоа. А, ако не се реализираат, тогаш се надевам дека 2012 година, или самиот нејзин почеток, ќе ја дочекаме со нова Влада.

(Авторот е поранешен пратеник)


#
Статијата е прочитана 817 пати.

Испрати коментар

Од: a_nesto
Датум: 04.01.2011 12:24:17
Аман веќе од овие политичари, очигледно никогаш нема да се откажат од политиката, препуштете им го местото на експерти кои не се политички извалкани и на луѓе кои не се збогатиле во политиката.
Од: jovan
Датум: 04.01.2011 13:54:04
Godina ista kako i site predhodni polni so problemi. Samo sto ovaa godina ke bidat malku zgolemeni.
Од: do Slobodan
Датум: 05.01.2011 03:16:00
Dzabe se nadevas na kompromis.Nema da ima nikakov kompromis za nisto.Slusaj gi vnimatelno izjavite na lugjeto od vladata i treba da ti stane jasno deka nema da ima promena na imeto.

Најди! во Утрински
Насловна
Напуштената љубовница уценувала со многу пари
Колку УДБ-а беше нашата судба (21)
Резил дипломатиjа
Тиквешански
Долг и тежок пат до болница
Пациенти маратонци
Тутунарите ги блокираа регионалните патишта
Тутунарите повторно со блокади и протести
Бензините не' изгореа
Ќе паднат цените на извршителите
Денеска делумно затемнување на Сонцето во Македонија
Новата надеж за Македонија
Братот на Пенелопе Круз причина за разводот
Ветија - сторија, каматите паѓаат
Вранишковски нема да биде екстрадиран во Македонија
Годишен хороскоп за 2011
Празно по улиците, во кафеаните, дуќаните...
Иран ги покани ЕУ, Русија и Кина да ги посетат нуклеарките
Мајка и ќерка пронајдени мртви во Карпош 4
Милошоски на средба со израелскиот колега Либерман
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks