Број 3473  вторник, 04 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Најнови вести








Site Meter

Годишен хороскоп за 2011

ОВЕН

Нови предизвици во кариерата

Пред вас е динамична и позитивна година. Ве очекува напорна работа и дејствување. Во првата половина од годината ќе се соочите со предизвици во кариерата. Имате реални изгледи да ги совладате сите тешкотии. Веќе од мај 2011 година доаѓа поволен период за вашите финансии, кој ќе се карактеризира и со засилена мудрост и јасни мисли што, секако, треба да ги искористите. Втората половина од годината е добра за учење нови лекции, но и примена на веќе наученото. Од мај контролирајте ги своите комуникации и настапи, како јавни, така и во домашен круг. Лесно може да ги расипете односите во семејството. Оние што се во љубовна врска оваа година може да се надеваат на венчавка.

БИК

Поддршка од семејството и од пријателите

Финансиските проблеми би можело да почекаат на решение дури и до крајот на годината, а особен напредок во кариерата е можен во ноември. Трошоците ќе почнат да се зголемуваат од мај. Бидете внимателни и одмерени спрема некои нови идеи и планови што ќе се актуелизираат напролет. Постојат шанси за вложување во недвижен имот. Во текот на целата година ќе имате значајна поддршка од семејството и од пријателите. Можни се брачни проблеми во втората половина од годината. Оние што не се во брак може да ја запознаат својата голема љубов. Обратете поголемо внимание на здравјето.

БЛИЗНАЦИ

До јуни со семејни проблеми

Иако ве очекуваат тешкотии и неизвесност, сепак, наредната година би можело да биде и позитивна за вас. Од мај имате шанси за зголемување на примањата и финансиите. Ќе ве заморуваат семејните проблеми и дилеми што ќе траат до јуни. Одбегнувајте големи промени во домот. Креативната работа од ноември 2011 би можело да ви донесе богати награди. Веќе од мај, исто така, е можно да пронајдете некоја вносна работа или активност, иако тоа може да повлече и пораст на трошоците. Во секој случај бидете внимателни. Кон средината на годината се можни изразени здравствени проблеми.

РАК

Блокада од традиционалисти

Пред вас е добра година. Среќата и добрата волја ќе бидат на ваша страна, а кариерата ќе доживее експанзија кон крајот на 2011. Многу интензивна година што ќе ви донесе многу работа и обврски, кои на крајот, сепак, ќе бидат наградени. Од мај ќе имате нов прилив негативна енергија и песимистичко расположение. Не дозволувајте да превладеат. Ќе имате блокади од повозрасни луѓе, традиционалисти или авторитети. Важно е да верувате во она што го работите зашто со силата на духот ќе го победите лошото расположение. Премногу се грижите за децата. Очекувајте олеснување во втората половина од годината.

ЛАВ

Враќање на довербата

Возбудлива година за сите Лавови, но, како што ќе минува времето, така на крај лошите влијанија ќе бидат заменети со добри и ќе ви се врати довербата во некои луѓе и вредности. Финансискиот притисок ќе биде најизразен во периодот од февруари до јуни. Во секој случај, оние што порано биле вредни, наскоро ќе можат да уживаат во плодовите од своите активности. Негативните размислувања ќе потраат до крајот на април, а потоа влегувате во позитивна фаза. Ако планирате инвестиција во недвижен имот, од мај бидете екстра внимателни. Ве очекува здрав семеен живот цела година. Романтичните врски оваа година може да кулминираат со брак.

ДЕВИЦА

Мали шанси за екстра-профит

Просечна и многу променлива година за сите девици. Меѓутоа, финансиски би можело да биде постабилна, но само до ноември кога следува нов притисок. Нема да имате значаен напредок во кариерата или на работа. Мали се шансите и за екстра профит, освен ако не се занимавате со некој вид пишување или издаваштво. Семејниот живот ќе биде на завидно ниво под услов да ги контролирате фрустрациите и сомничавоста што ќе ги пренесете од 2010 година. Меѓу февруари и мај 2011 ве очекува зголемен притисок во однос на лични работи. Во почетокот на годината може да се јават мали здравствени проблеми.

ТЕРЕЗИЈА

Патувања во странство

Пред вас е година полна со случувања што би можело да биде добра за повеќето Терезии. Поволна е за семеен живот и пријателства, здрав однос со членовите на семејството, како и со пријателите. Може да сметате и на поддршка од колегите на работа, вклучувајќи ги и претпоставените. Сепак, бидете внимателни во февруари и март кога е можен финансиски стрес. Подобрувањето ќе го почувствувате од мај, кога ќе дојде до нови партнерства и работи во областите што подразбираат заедничко работење. Во ноември ве очекуваат нови работни успеси и признанија, како и неколку патувања во странство.

СКОРПИЈА

Напредок во кариерата

Позитивна година за Скорпиите. Можни се парични и материјални добивки, како и напредок во кариерата. Промените во врска со работата се можни од мај. Некои ќе бидат позитивни, а некои не. Ве очекува несакан раст на трошоците од ноември. Во почетокот на годинава се можни здравствени проблеми што ќе можете да ги контролирате и да ги решите. Можни се проблеми и тензии во бракот. Обидете се да бидете искрени со партнерот зашто во спротивно ќе има многу недоразбирања што со тек на време ќе пораснат и сериозно може да и' се заканат на вашата врска.

СТРЕЛЕЦ

Година полна со романтика

Добра година за Стрелците, во која има предиспозиции за решавање на многу битни прашања. Посебно добра од мај, а значајна за кариерата од ноември. Оваа 2011 ќе биде година полна со романтика, која за оние што се во врска, кај повеќето, може да заврши со брак. Ќе мора да бидете поумерени со трошењето, а може да сметате на поддршката од пријателите. За цела година важи да не очекувате никакви протекции. Како што ќе минува годината, така ќе се чувствувате се' подобро. Ќе имате бројни можности за излегувања и богат друштвен живот.

ЈАРЕЦ

На повидок нови пријателства

Генерално, 2011 година е позитивна, иако ќе мора да се носите со некои последици и проблеми што ќе ги наследите од претходната година. Постојат големи шанси за патувања во странство, а доколку се деловни, ќе бидат многу успешни за вас и вашата кариера. Просечна година во поглед на финансиите. Во 2011 ќе стекнете нови пријатели и ќе почнете нови односи што ги очекувате веќе подолго време. Ве очекуваат предизвици што се однесуваат на релациите со околината. Најдобро е да бидете трпеливи и тактични. Во мај може да имате некакви проблеми во семејството.

ВОДОЛИЈА

Позитивни промени на поле на кариера

Ве очекува прилично добра година, во која, за жал, нема да изостанат ниту тешките периоди. Многумина родени во овој знак може да се надеваат на нови работи, промоции и отворање на полето на финансии. Од мај ве очекуваат позитивни промени во кариерата. Меѓутоа, треба да направите добра процена и да ги канализирате активностите. Бидете внимателни и одбегнувајте ги контроверзите и подметнувањата од оние што нема да ви бидат наклонети. Во семејството ве очекува поволна клима, исто како и во односот со пријателите. Кон средината на годината можни се некои здравствени проблеми. Од ноември ќе се подобри вашиот личен статус и ќе почне посреќен период во многу области.

РИБИ

Можност за брак

Почетокот на годината ќе го запомните по некоја специфична ситуација во која, најверојатно, ќе можете некому да му помогнете. Одлуката што ќе ја донесете ќе има долготрајни последици врз развојот на одредена соработка, која или ќе се продолжи или ќе се раскине. Ве очекува подобрување на финансиската состојба од мај. Здрав семеен живот и можност за брак, доколку имате добри и чесни намери. Пред вас се реални шанси за патувања во странство. Поголемиот дел од годината ќе се чувствувате добро и нема да имате проблеми со здравјето. Повремено се можни лесни тегоби во долниот дел од телото, најверојатно, во подрачјето околу бубрезите.


#
Статијата е прочитана 2296 пати.

Испрати коментар

Од: Vancho
Датум: 05.01.2011 00:01:43
A dosta PAGANI - Bog se otkriva na Poniznite,Smirenite,POSLUSHNITE a ne na onije koi so Paganski Obichai go pouchavaat Narodot i ispadne Trula Nacija.porebna je REFORMA KOMPLETNA vo Tradicionalnata Religija koja je Pomeshana so Politika.Poznavanjeto na Boga chovek go Smiruva i pravi Ponizen,Poslushen,po LJUBEZEN.A praviot Problem vo dominantnite Religii na Balkanot je ispolnet so Mrznja, Zavist, Pohlepa,Osvetoljubivost,Arogantnost pa mislete mu za mojava poruka koi ke gi pogodi samo onije koi se LICEMERI a ne POSHTENI.

Најди! во Утрински
Насловна
Напуштената љубовница уценувала со многу пари
Колку УДБ-а беше нашата судба (21)
Резил дипломатиjа
Тиквешански
Долг и тежок пат до болница
Пациенти маратонци
Тутунарите ги блокираа регионалните патишта
Тутунарите повторно со бло��ади и протести
Бензините не' изгореа
(Без)надежна и (не)извесна година
Ќе паднат цените на извршителите
Денеска делумно затемнување на Сонцето во Македонија
Новата надеж за Македонија
Братот на Пенелопе Круз причина за разводот
Ветија - сторија, каматите паѓаат
Вранишковски нема да биде екстрадиран во Македонија
Празно по улиците, во кафеаните, дуќаните...
Иран ги покани ЕУ, Русија и Кина да ги посетат нуклеарките
Мајка и ќерка пронајдени мртви во Карпош 4
Милошоски на средба со израелскиот колега Либерман
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks