Број 3473  вторник, 04 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Најнови вести








Site Meter

Поглед

Пациенти маратонци

Јасмина Јовановска

За да стигнат на лекување во болница, пациентите ќе станат маратонци. За да добијат болнички упат, болните ќе мора да минат лавиринт од амбуланти. Матичниот лекар повеќе нема да може да издава болнички упати, е новината што ја планира Министерството за здравство и тоа, најверојатно, до крајот на јануари. Ова значи дека пациентот за да дојде до болница, освен кај матичниот лекар, ќе мора да затропа и на вратата на специјалистот од поликлиника и на вратата од специјалистот во болница. Ако болничкиот специјалист оцени дека треба да остане во болница, пациентот ќе мора да се врати кај специјалистот од поликлиниката зашто само тој ќе има единствено право да пишува болнички упати. Ова нема да важи за итните случаи. Но, како и да е, болните додека да дојдат до болница или ќе оздрават или ќе појдат на оној свет.

Новиот модел на упатување на болните кон болниците падна како гром од ведро небо. Лекарите се затечени, а пациентите исплашени. Од Министерството за здравство се' уште не е промовиран моделот и затоа и многу не сакаат да го објаснуваат. Но, новината е дел од проектот за регионализација и категоризација на болниците, со кои пациентите нема да можат да изберат болница каде што ќе се лекуваат, туку тоа ќе им го одреди државата. Кој ги прашува пациентите, па тие имаат права, но само на хартија.

И оваа реформа што се протнува во здравството пак е на штета на болните. Па, нели здравствената каса, како што се пофали Владата, е полна како никогаш досега. Или, пак, се' се гледа како да се заштеди здравствениот денар, па бариерите се само начин како болните да се откажат од лекување и да не прават трошоци. А оние со подлабок џеб да го полнат приватното здравство.


#
Статијата е прочитана 903 пати.

Испрати коментар

Од: citatelka
Датум: 04.01.2011 12:17:22
Odlicen komentar - pacienti maratonci koj prezivee mozebi i ke stigne do specijalistot do koj sega se stignuvase mnogu poednostavno. Za kakvi reformi govori Osmani ova e se katastrofa. Taka li se polni budzetot na grbot na pacientite koi se otkazuvaat od koristenje na uslugite za koi plakaat za smetka na kopitot na lavot ili kolonadata na sudot. Ova e veke dnoto ne znam dali moze da odime i pod nego. Pa so vakvo zdravstvo verojatno -da
Од: zoran
Датум: 04.01.2011 12:41:48
za da dobies bolnicki uput treba da stanes maratonec i da pomines niz mnogu lavirinti,pa ako ostanes ziv ke odis na lecenje.ova e uste edna reforma na ovaa vlast.
Од: Трпе
Датум: 04.01.2011 12:49:08
Кој е виновен ,што македонскиот народ неможел да ја свати програмата на актуелната власт. плус и надоградена и проширена.Сигурно тоа се стоте чекори кои ги оди која и самата не ги знае во кој правец.Има една српска поговорка која гласи :Више волим себе,него тебе.На здравје со болно здравство.
Од: trcajte
Датум: 04.01.2011 13:05:14
Trcajte vo privatnite bolnici, pred se kaj Kamcev.Celta na Vladata e da go zgasni javnoto zdravstvo. Izgleda pogolem e procentot kaj privatnite bolnici. A kolku gragjani mozat da odat vo privatnite bolnici? ni 10%. Drugite vo Butel.Ke se resi i nevrabotenosta.Ostvaruvame!!!!!!
Од: Veke izoden pacient
Датум: 04.01.2011 18:30:45
Ako ..ova udeja se usvoi predlagam na olimpiski komitet da dostavime ..predlog za nova disciplina Maraton na bolnite....a na site ucesnici poklon mrtovecki sandak ..za da im se najde....!!!
Од: Kirce
Датум: 04.01.2011 18:55:21
Za vreme na bivsa Jugoslavija imase parametri za kvalitet vo zdravstvoto. Togas ako nesto ne se znaese se odese za strucen sovet "pogore". Sega e katastrofa bidejki tamosnite leciteli (i politicari) ne znaat so koj da se sporedat. Nekoi od niv mislat deka mnogu vredat i nikoj ne im e raven, a se raboti vsusnost za eden vid licna halucinacija.Novinarkata ubavo objasnuva, no za nesreka ostanuvame samo so objasnuvanjata. Komnetarot ne e ozboruvanje, tuku e strav za idninata.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 04.01.2011 21:12:31
Зошто просто,кога може да е сложено!Добро го осмислиле ова!Што помалку граѓани,тоа повеќе парички за надгробни кичспоменици и луди проекти како „Луна парк 2014“!Колку повеќе умираат болните,смислиле,толку поздрава нација!Веќе нема да имаме болни кои ќе Трошат за непотребни лекови,апарати,протези,струја,храна,туку сè сами горди Македонци,на кои,наместо лекување во болница,државата ќе им обезбеди „бесплатно“лекување (на нивен трошок)со некоја од лековитите кичфигурини!Оние на кои ќе им биде најитно потребно лекувањето ќе може да го сторат тоа откако ќе закажат преку специјален телефон,со посебно барање,а потоа да се молат дека некоја инфантилна комисија во детската градинка „Весели цветови“од „Илинденска“б.б.,ќе успее да им го открие вистинскиот пат до лековитата кура!Дечињата си играа архитекти,економски експерти,програмери,уметници,а сега почнуваат да си играат и доктори...Сè повеќе сум убеден дека стануваат опасни по нашето здравје! (ajvandoktor.blogspot.com/2010/12/blog-post.html)
Од: Od doktor
Датум: 04.01.2011 23:04:06
Ovaj mlad minister Osmani nema nikkvo iskustvo i praksa od rabota vo zdravstvenite ustanovi , pa povlekuva vakvi diletantski reformski potezi i napravi "dar-mar" vo zdravstvoto. Odamna trebase da se smeni i na negovo mesto dojde lice so licna praksa iskustvo i kredibilitet, odnosno covek koj prakticno rabotel vo zdravstvoto i ja znae problematikata, a ne da ja cita od razni stranski spisanija i da kalemi na "topola portoikali" Site onie t. n. eksperti i menadjeri od tipot na Osmani , Lazarevic i sl. nemaat ni den rabotno iskustvo od zdravstvoto i pravat nekakvi diletantski reformi, koi nemaat blage veze so stvarnosta i go donesoja zdravstvo na ova deredje. .

Најди! во Утрински
Насловна
Напуштената љубовница уценувала со многу пари
Колку УДБ-а беше нашата судба (21)
Резил дипломатиjа
Тиквешански
Долг и тежок пат до болница
Тутунарите ги блокираа регионалните патишта
Тутунарите повторно со блокади и протести
Бензините не' изгореа
(Без)надежна и (не)извесна година
Ќе паднат цените на извршителите
Денеска делумно затемнување на Сонцето во Македонија
Новата надеж за Македонија
Братот на Пенелопе Круз причина за разводот
Ветија - сторија, каматите паѓаат
Вранишковски нема да биде екстрадиран во Македонија
Годишен хороскоп за 2011
Празно по улиците, во кафеаните, дуќаните...
Иран ги покани ЕУ, Русија и Кина да ги посетат нуклеарките
Мајка и ќерка пронајдени мртви во Карпош 4
Милошоски на средба со израелскиот колега Либерман
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks