|
|
|
|
|
|
Напуштената љубовница уценувала со многу пари
За лаптопот на амбасадорот Стојановски барала 150.000 австралиски долари и 40.000 евра, а сакала и да му ја запечати политичката кариера
Тамара Грнчароска
Во Австралија продолжува љубовно-криминалната сага на македонскиот амбасадор Перо Стојановски откако неговата бивша девојка Лидија Думбалоска со обвинение за провала, кражба, уцена и закана кон него, вчера со кауција беше пуштена да се брани од слобода. Судијата Питер Двингал дозволил кауција од 10.000 австралиски долари под услов да не контактира со амбасадорот или со неговото семејство, да го предаде пасошот и да не приоѓа до аеродроми и до морски пристаништа за да не ја напушти земјата. Ослободувањето на Думбалоска беше одложено додека да се процесуира паричната гаранција поради празниц��те.
Стојановски до вчера се' уште немаше дадено изјава за случајот, под изговор дека тоа може да им штети на истрагата и на судскиот процес. Според неофицијални информации, тој вчера не се појавил ни во судот, наводно, поради тоа што тужбата е поднесена од полицијата. Австралиската полиција поднесе пријава против Думбалоска за изнуда на 150.000 австралиски долари и 40.000 евра за да го врати лаптопот. Високиот полициски функционер Даниел Стјуарт од криминалистичката полиција сведочел дека обвинетата изјавила оти сака да му ја оконча политичката кариера на амбасадорот. Се тврди дека таа контактирала со семејството на Стојановски за информациите содржани во лаптопот и дека направила копии на фајловите. Неофицијално, таа ги контактирала неговите родители во Скопје.
Се' уште не е јасно што содржат фајловите и документите од актовката со кои Думбалоска го уценувала Стојановски за голема сума пари. Од македонското Министерство за надворешни работи велат дека го следат случајот, но оти за него се надлежни австралиската полиција и судовите. На прашањето дали ќе се преземат некакви мерки кон амбасадорот што дозволил љубовниот живот да му влијае врз професионалниот, пред се', поради кражбата на актовката и на лаптопот за кои се претпоставува дека содржат службени, дипломатски работи, од МНР одговорија дека лаптопот на амбасадорот бил приватен и целиот настан го засега само неговиот интимен живот. „Нема да коментираме лични или семејни проблеми од овој вид. На секого може да му се случи нешто слично“, се вели во изјавата од МНР. Инаку, оттаму наведуваат дека на амбасадорот му биле украдени само лични работи од домот, а „целата службена документација се чува во амбасадата“.
Инаку, Думбалоска го познавала семејството Стојановски уште од студентските денови. Стојановски и Думбалоска заедно студирале на Електротехничкиот факултет, при што таа била чест гостин во нивниот дом. Контактите меѓу Лидија и Перо продолжиле и кога таа заминала за Австралија, како и пред тој да замине таму, а контактирала и со неговата сестра.
На профилот на „Фејсбук“ на Думбалоска по доаѓањето на Стојановски како амбасадор во Канбера стоела реченицата „длабоко вљубена во неверојатниот човек П.С.“. Во текот на наредните месеци нејзиниот профил бил преполн со заеднички фотографии со Стојановски, кои наеднаш исчезнале по објавувањето на аферата. Иако Стојановски и Думбалоска не ја криеле својата врска од очите на јавноста, по текстот објавен во „Утрински весник“ во август дека токму поради љубовна врска Стојановски не си ја врши дипломатската работа, таа се јави со реакција и со барање до редакцијата да се избришат коментарите на читателите во кои се споменува нејзиното име.
Думбалоска пред неколку месеци се развела од својот сопруг со кого има 12-годишна ќерка, а Стојановски, наводно, се разделил од сопругата, која останала во Скопје. За разводот од сопругот Думбалоска тврдела дека причина биле коцкарски долгови. Врската меѓу Думбалоска со Стојановски западнала во криза пред околу два месеца, а еден ден пред прекинот, 24 декември, пред Божиќ, како статус на профилот на „Фејсбук“ напишала: „Најтажните празници во мојот живот... Бог ми зеде уште една драга личност... трета во 6 месеци... Боже зошто си суров, дали навистина постоиш... и да постоиш јас веќе кренав раце од тебе... лута сум... им даваш радост и среќа на суровите... тага и жал на оние што не помислуваат лошо“. На 30 декември, еден ден пред да биде уапсена за кражбата извршена на 27 декември, напишала: „Уште еден ден... едвам чекам да помини оваа година... во неповрат да фати“.
Македонските иселеници во Австралија се поделени околу скандалот и тој е топ-тема меѓу нив. Се плетат приказни дека Думбалоска не била сама во кражбата и дека биле замешани и други луѓе, иако за тоа нема докази. Меѓу нив се шпекулира дека станува збор за местенка насочена кон амбасадорот и, како што вели нашиот извор, „се вртат секакви теории на конспирација, се ’пука’ на се'“. |
#
|
Статијата е прочитана 5154 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: skopjance |
Датум: 04.01.2011 12:32:37 |
|
Abe ova mladive Makedonski Ambasadori parce praat vo dijasporata,kako ja prezentiraat drzavata,pa kontakti so firmi za da dovadat stranski investicii,slusam imalo redici pred nasata ambasada vo avstralija od interesenti za investiranje vo MK.
poleka neka ne zapnuvaat tolku,poveke nemame mesto za fabriki vo drzavava se e prepolno. |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 04.01.2011 12:43:04 |
|
Светот треба да свати што е македонско мажиште.Кога треба да се стигне до саканата, ке помине 7 планини и 7 мориња ,ако треба и амбасадор ке се биде.Лубовта нема граници. |
|
|
|
|
|
|
Од: Naiven i nepretpazliv |
Датум: 04.01.2011 13:03:25 |
|
Za zal i makedonskata diplomatija e partizirana i politizirana do ekstremni razmeri i se zanimava ne so raboti koi treba da gi vrsi, tuku za kodosenja, za sledanja, za podmetnuvanja se socel da se ocrnat diplomatite od redovite na politickiot protivnik! Toa mosne obilno go koristeja tokmu ,,iskusnite,, ambasadori koi sega pekaat deka se zapostaveni, a vsusnost se raboti za mediokriteti, koi si mislat deka se odredeni od Boga za da bidat ambasadori i deka nikoj drug ne moze i nema pravo da im go ,,odzema,, ona sto e ,,nivno,,! |
|
|
|
|
|
|
Од: Kocho |
Датум: 04.01.2011 13:35:04 |
|
Petre - Ebivetre!!! Dade se mu e mestenka na Petre ebivetre. More toj da ti imal golema zadacha : "Da ja smiri raskaranata makedonska zaednica" Taka velat krugovite..... A toj kutriot so prvata sonarodnichka sto ja sretna ne usepa da ja smiri rabotata i ova da ne izleze na videlo, pa kamo li so iljadnicite makedonci vo Avstralija.
Zamislete tek shpioni da go mestea... Hahahahaha
Zelka e nema shto! E sega shto e i ambasador, toa mu e kako bonus, poradi zaslugi. Hahahahah |
|
|
|
|
|
|
Од: PAVLE ALIMASKA,Prilep |
Датум: 04.01.2011 13:50:57 |
|
ХИТНО ДА БИДЕ разрешен од функцијата овој недоветен и недораснат неранимајко,а замислете беше и министер во најнежниот и најавторитетниот ресор- ОБРАЗОВАНИЕ,каков пример ќе им дава на учениците и студентите.кога своето сопствено семејство,своите сопствени деца и сопруга не си ги почитува,СРАМОТА И БРУКА,СИКТЕР !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Дал’ да плачам ил’ да се смеам... |
Датум: 04.01.2011 14:13:25 |
|
Господ да чува и да брани! Го пративме на наш трошoк да си биде со швалерката и плус (на наш трошок) ем не работи ем не избрука! И МНР нема коментар! Секако! За помали работи по светов паѓаат функционери, ама и ова е „приватно“. Приватно ќе биде, другарчиња, кога сам ќе си го плаќа престојот таму! Сега нема ништо приватно во неговиот статус и тоа што не брука по светов! |
|
|
|
|
|
|
Од: Pero |
Датум: 04.01.2011 14:17:10 |
|
Toa e rabota na nasite ambasadori, da ja mnozat dijasporata :) |
|
|
|
|
|
|
Од: Sale |
Датум: 04.01.2011 15:12:18 |
|
Posle ova DUREX prv ke otvori pgon vo Mkaedonija |
|
|
|
|
|
|
Од: шегаџија |
Датум: 04.01.2011 15:20:41 |
|
Кога велев јас да праќаме амбасадори постари од 65 години ем ке беа искусни во дипломатија ,ем немаше да бидат толку многу љубовџии. |
|
|
|
|
|
|
Од: Detska gradinka |
Датум: 04.01.2011 15:55:00 |
|
Zacuduva komentarot od MNR. Pa ludje, na ovie deca voMNR neka nekoj im kaze sto e diplomatija. Diplomatite se 24 casa pretstavnici na svoite zemji. Dali e privatna rabota ako nekoj diplomat se napie i pocne da mokri na plostad vo zemjata na akreditacija. Da za eden pretstbvnik na nekoja firma toa moze da e privatna rabota, ce plati kazna i gotovo, ama za diplomatot ne zavrsuva prikaskata so placanjeto na kazna. No vo naseto mnr, koe nekoj rece deka e pretvoreno vo detska gradinka, caruva neznaenjeto, iprovizacijata, privatnite vrski i partiskite kniski. |
|
|
|
|
|
|
Од: Струга |
Датум: 04.01.2011 16:01:47 |
|
Перо е многу добар човек. Жалам што му се случила ваква работа. |
|
|
|
|
|
|
Од: Egej |
Датум: 04.01.2011 16:20:43 |
|
Koga ke se vratite 20 godini nanazad i koga ke vidite koj i kako ja prestavuvase Makedonija vo zemjata i svetot,nemoze/se/ da se ocekuva drug epilog osven BEDA/duhovna i materijalna/. |
|
|
|
|
|
|
Од: od mene |
Датум: 04.01.2011 16:21:56 |
|
...i taj i taj ama na taa imeto i programa (dumb...glupa) :o)
moralot od ovaa prikazna? ...kaj i da odime, koja li funkcija da vrseme pak si tie ostanumave... |
|
|
|
|
|
|
Од: ANA |
Датум: 04.01.2011 17:13:29 |
|
Vakvi koi ne mozze ni samite sebe da se prestavuvaat a kamoli drzzava treba vednass da se otpovikaat a ne ministerstvoto da besedi - tova se negovi privatni raboti.Ambasadorot e prestavnik na svojata zemja vo sekoj mig.Povlekuvanje pod hitno da ne,ne, bruka usste. |
|
|
|
|
|
|
Од: Od Prijatel |
Датум: 04.01.2011 19:35:34 |
|
Zatova koga go barav Ambasdorot uvek bese na teren............ |
|
|
|
|
|
|
Од: kole |
Датум: 04.01.2011 20:30:02 |
|
Ke izleze utrevecer Bicikliskion i ke rece deka i za ova e kriv Branko Crvenkovski???????????? |
|
|
|
|
|
|
Од: pero magacinero |
Датум: 04.01.2011 20:44:42 |
|
predlagam odsega navamu ministerstvoto za nadvoresni raboti da ispraka ambasadori postari od 65 god,da bida grdi i da bida skopeni i taka zenskite nema da trcaa po niv,pogledajteja lidija na slikata vistinska ubavica PA KOJ NE BI SE RASIPAL NA VAKVITE UBAVINIveli jankula slugata na sekula-solunski patrdii- |
|
|
|
|
|
|
Од: Durex investicija |
Датум: 04.01.2011 22:49:05 |
|
Kolku se secavam pred izvesno vreme vo Slovenija ministerot( mislam) za lokalna uprava) poradi toa sto od policijata bil registriran deka vozi vo alkoholisana sostoja i toa so svojeto auto, vednas si dade ostavka, a ovie nasi pravat iljadnici skandali, korupcii , rezili i nikomu nisto, Toa biilo privatna rabota na ambasdorot, kazuvaat od MNR?! Zatoa Slovenija e tamu kade e a nie sme vo blato i kal.. Ej Milosovcski! Toa e privatna rabota na Petreta Stojanosvski, no ako ne e ambasador, a koga e ambasador vece ne e privatna rabota no ja bruka drzavata! Zatoa licata od javniot zivot i od politikata imaat mnostvo privilegii , no isto taka imaat mnostvo obvrski, kon koi treba da se pridrzuvaat , bidejci ne se obicni gradjani. Ili za privilegii vo red , a za obvrskite nikomu nisto.. Sramota! A tocno deka ovaj skandal ce donese golema investicija Durex, svetski proizveduvac na przervativi, otvara ogromen proizvoden kapacitet vo Mk, bidejci se pokazavme epten erbapi na toj plan. |
|
|
|
|
|
|
Од: Makedonka vo Australija |
Датум: 05.01.2011 02:30:38 |
|
Velite privatna rabota, da Vi kazam togas nesto Petre zaboravil deka Australskiot zakon e mnogu tezok, sega devojkata negova ke bara polovina od stknatoto na Petre, ke go tuzi za moralna navreda, ke go napravat i seksualen manjak koj ja iskoristuval i sudot se ke i poveruva. Petre ovde vladee zakon i za preljuba se placa, a ako imas nesto vo kompjuterot sto i pripagja na nea, ke te tuzat za zloupotreba na sliki i ke si lezis vo zatvor. Prodavackata na smeenje ne e za bespari sega ona ke si naplati za celoto vreme pominato so tebe za sekoja minuta.Nemas komentari pred i bilo kakaov komentar da dades si trebal celosno da go poznavas zakonot vo OZI lend.Premnogu docna ti e sega da se otreznuvas od gluposta sto ja pravis na samiot sebe privatno, a za makedonija i da neboruvame.Eden sovet najdi si dobar advokat da te brani ke te rasparcat ovdeka. |
|
|
|
|
|
|
Од: Silvester, Sidnej |
Датум: 05.01.2011 07:44:35 |
|
Ambasador (demek) vo pubertet. Totalna utka. Kako i sekogas i sekade. Makedonija nema kapacitet. Se e dunji vetre.....Nisto ne e profesionalno. Znaete li kakov problem moze da prerasne ovaa kako sto veli vladata "privaten problem" - Da gi kosta siromasnite gragjani na MK milioni dolari. Vednas da se nosi doma detevo i vo idnina diplomat ne smee da bide neizzivean pubertetlija. Mora da e nad 55 godini starost. Da bide zrel covek. Vie toa i ne go razbirate, zatoa i ne ne priznavaat. |
|
|
|
|
|
|
Од: nikola |
Датум: 05.01.2011 08:59:37 |
|
kakva zenska lepotica kade li go nasla ovoj .
|
|
|
|
|
|
|
Од: mimo |
Датум: 05.01.2011 09:26:52 |
|
Sto i da sodrzele fajlovite na onoj kutar PERO, onaa zenetina ne trebalo da iznuduva pari za niv. Ednostavno trebalo da gi isprati na Wikileaks, kako sto napravile i site rdugi ljubovnici na politicari. WIKILEAKS e slobodna mreza na VITEZI na noviot poredok, a ne na ucenuvacki PACAVRI. Rabotat za ideali, a ne za nadoknada. |
|
|
|
|
|
|
|
|