Број 3395  четврток, 30 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Лустраторите одлучија: Ивановски бил кодош

Претседателот на Уставен суд има рок од 8 дена да поднесе жалба до Управниот суд, а Комисијата за лустрација ќе мора да ја чека конечната одлука

Светлана Унковска

Претседателот на Уставен суд, Трендафил Ивановски, вчера во својата канцеларија го очекуваше конечното решение на Комисијата за лустрација, која едногласно го потврди заклучокот дека првиот човек на највисоката судска инстанца соработувал со тајните служби. Ивановски не сакаше да ја коментира одлуката на Комисијата, но за денеска најави дека на прес-конференција ќе се произнесе за ваквото решение, како и тоа што натаму ќе преземе.

Претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, по вчерашната седница ја соопшти одлуката дека изјавата на уставниот судија не одговара со фактите и документите што тие ги поседуваат и со тоа е донесена првата одлука дека судијата Ивановски е кодош.

„Имавме редовна седница на која донесовме решение дека ние и натаму остануваме на заклучокот оти подносителот на изјавата не ги исполнува условите за вршење јавна функција и ние ќе му го доставиме ова решение“, изјави Аџиев.

За дилемите во јавноста дали Комисијата за лустрација со системот на надгласување носи кредибилни одлуки кога се работи за факти, тој вели дека тие се носат со мнозинство гласови, како што е утврдено со законот. Во донесувањето на заклучокот за уставниот, тој рече дека не биле земени во предвид изјавата и изнесените аргументи со кои Ивановски на отворената седница во понеделникот се бранеше и ги отфрлаше обвинувањата дека бил кодош.

„Ние го сослушавме, но не сме должни да ги оценуваме неговите изјави. Ние ги оценуваме податоците, односно документите со кои располагаме, а што ни беа доставени од органите. Неговата изјава е дали тој се согласува со нашиот заклучок или не се согласува, а тој кажа дека не се согласува“, рече Аџиев. Претседателот на Уставен суд има рок од 8 дена да поднесе жалба до Управниот суд, поради што Комисијата за лустрација ќе мора да ја чека конечната одлука.

Но, се чини дека за Ивановски одлуката на лустраторите е очекувана, бидејќи тој уште во понеделникот најави дека ќе поднесе жалба до Управен суд, а потоа ако треба и до Врховен суд. Процесот го нарече битка на Давид и Голијат на „вешто исконструирани атак и хајка, политичка пресметка и обид за дискредитација на носител на раководна функција во институција што не постапува по политички диктат“. Во постапката за жалба сега станува нејасно и по кој закон ќе се води, дали по Законот за лустрација или по Законот за управна постапка. Одредбите што го предвидуваат правото на жалба по одредена одлука во овие два закона се во колизија, бидејќи Законот за лустрација одредува дека конечната одлука ја донесува Управниот суд, но по решенијата од овој суд според Законот за управна постапка конечна одлука донесува Врховниот суд.

За обвинувањата на дел од политичките партии дека одлуките се резултат на политички пазар претседателот на Комисијата Аџиев, вчера рече дека тие не подлегнувале на политички притисоци. Тој информираше дека досега не утврдиле некој од 120 пратениците дека е кодош, но за еден од нив се' уште трае постапката на разгледување на документацијата.

За пратеникот Борис Стојменов повторија дека немаат никакви документи со кои би се докажало дека тој соработувал со тајни служби. За него, најгласни во обвинувањата беа од партијата на Љупчо Георгиевски, ВМРО-НП. Од оваа партија вчера рекоа дека ќе чекаат Комисијата да ги каже имињата на двајцата пратеници „за кои во Комисијата се надгласувале“ алудирајќи дека едниот од нив е Стојменов. Дури потоа ќе можеле да го разгледаат неговиот предлог за можен дуел со Љупчо Георгиевски. Во партијата знаат дека според актуелниот закон, имињата на кодошите не смеат да се објавуваат, но рекоа дека ќе поддржат измени во тој дел.


#
Статијата е прочитана 1460 пати.

Испрати коментар

Од: kosta
Датум: 30.09.2010 12:27:10
Од оние членови на комисијата за лустрација кои имав можност да ги видам и слушнам не видов некој кој е дораснат за една таква вис��ка и одговорна функција. Има и еден од Прилеп,па тој е тотално неписмен и неук и се чудам кој него го постави таму,па уште седнал до судијата Трендафил Иваноски и замислете тој треба да го лустрира Претседателот на Уставниот Суд;БРУКА НЕВИДЕНА.Сега е повеќе од јасно дека комисијата за лустрација е формирана за лов на вештици и за уништување на неистомислениците и непочитувачите на тоталтарниот и фашизоиден режим што го спроведува оваа влада на чело со Груевски
Од: simo
Датум: 30.09.2010 12:44:32
Sistemot na LAVRENTIJ PAVLOVIC BERIJA vo Makedonija pocna da funkcionira besprekorno.......
Од: tihi
Датум: 30.09.2010 13:09:36
Preporaka za istrazuvacko novinarstvo!!!Najdete gi negovite drugari so koi formiral grupa za obedineta Makedonija i rasprasajte se kako i kade zavrsile tie.Se drugo e samo seenje magla .
Од: сашо
Датум: 30.09.2010 13:16:48
нај битно е тоа што спионот го фатија и сега треба како што ги предавал другарите порано да ги казе и сегашните негови другари кои сеуште не кодошат и плус спионов замислете цел зивот на функција е а вика дека бил жртва на два резима цццццццц СПИОН ДОМА
Од: Трпе
Датум: 30.09.2010 13:19:10
Најглавен суд во РМ,е судот на дпмне-овците.Од друг суд или друга институција нема потреба.Тие делат на наши и ваши.Тие пресудата ја носат по брза постапка без право на жалба.Но народот што си бараше тоа и си го пронајде.Па сега нека си трпи и ќути.Каде се вистинските интелектуалци да го подигнат својот глас.Или секој си го чува сопствениот газ.А за другите баш им е гајле,
Од: Itar Pejo
Датум: 30.09.2010 13:21:54
Komisijata soslusuvala no nevodela smetka za negovite izjavi. Ova e VMROvsko sudenje. Presudata ja ima donesena partijata predhodno. Srecna Nova 1936 godina.
Од: Професорка
Датум: 30.09.2010 13:36:21
Како може да важи селективно лустрацијата? Ова е само обид за деградирање на Уставниот суд. И што значи тоа кодош? Во некоја идна ситуација, сегашниве кои работат во разузнавање, за доброто на оваа држава, каква-таква, може некој да ги прогласи за кодоши. Во оваа држава фали работа и професионализам, а не лов на вештерки. И по правило вештерките се од опозицијата. Јас ова не го купувам.
Од: zoro
Датум: 30.09.2010 14:21:51
samo edno ke kazam,vistinskite zrtvi za makedonija sto se borele vistinski vo toa vreme, ili bile vo zatvor ili progoneti ili gi "pojela pomrachina" A trendafil "nash"???
Од: navI
Датум: 30.09.2010 14:51:30
Sigurno i tie lustratorite razmisluvaat deka eden den i niv ke gi lustriraat okolu toa za kakov interes donesuvaat vakvi odluki. Kolku pari treba da im se plati za da unistat necii zivot po dekret na edna partija.
Од: "vodolija"
Датум: 30.09.2010 15:19:30
SO Ovie VREDDNOSNO NEGATIVNI DELA sto gi pravi Gruevski,obicniot gragjanin bi rekol:SAM SI GO KOPA GROBOT!! So Udarot vrz Ustavniot Sud na Makedonija, Gruevski pravi Podkopuvanje na drzavnite Temeli ! Sega e na red toa da go napravi i so ARM i da se SLUCI STO SE SLUCI SO CAUSEVSKI vo Rumunija. Postovani citateli i komentatori, zarem ovoj Gruevski nema nitu eden SO ZDRAV RAZUM OKOLU NEGO,da mu bar namigne deka negovata psihicka sostojba e PARANOICNA koja go pravi IDIOLOSKI TERORISTA i za toa se odgovara PRED NARODOT!!!???Gruevski i Gjorge Ivanov ne se KODOSI ZATOA STO NE GO KODOSAT OBAMA!? PRED SVOJOT NAROD!? SO STO OBAMA GI OHRABRIL ZA IMETO !!!???
Од: миле
Датум: 30.09.2010 15:49:19
Каде ли го најдоја овој ТА. Па човекот со ливче во рака неможе да склопи 3 реченици...Браво Македонијо - земја на чудата!
Од: L- USTRA - STORI
Датум: 30.09.2010 17:24:47
A ovie sto sega sakat da gi osudat kodosite sto mislite tolku se NEVINI za da sudat drugi luge ,toa se luge sto i rodena majka bi prodale , zatoa sakat za svojata vina da najdat zrtva za da si ja izbrisat sopstvenata ili na tie sto im nareduvat od nadvor ili od vnatre da brkat vesteki .Edno e jasno od ednata YU zaednica izlegovme a vo druga BG.ne pikaat so sila Zrtvi im se potrebni a toa sme nie MK.za da si gi sokrijat sopstvenite tragi zasto niv ke gi fatat zasto rabotat za drugi nadvor od drzavata.Vo prasanje e strav od sopetvenata sovest da ne gi fatat. Da se sigurni za sekoj slucaj
Од: Сергеј
Датум: 30.09.2010 17:34:14
„ ... За Ивановски одлуката на лустраторите е очекувана...“ и секако дека е очекувана и за него и за секој кој се’ уште не е зафатен со портокаловото лудило, бидејќи е јасно дека во прашање не е лустрација, туку инквизиција, дека конечно и отворено се отстрануваат сите кои му стојат на Груевски на неговиот пат кон апсолутизмот. Не се бараат кодоши, се прозиваат оние кои според логиката на премиерот се „предавници“. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.09.2010 17:55:56
Значи имаме ударничко ,,нее виновен,,оти немал докази ( артилерија) а нее виновен.Нон сенс на еден судија,значи секој виновен што неможе да се одбрани а вели дека е невин треба да му се верува.Уште еден доказ се просветлените одбрани на опозициските коментатори кој своите одбрани на посочениот ги темалат аргументирано на НИШТО.Гола љубов кон оној за кој мислат дека е нивен а се разбира виновна е власта.Тоа што му говорат во лице за 20 годишен кодошки стаж поткрепен со документи,уплатници за хонорар се разбира се подметнувања.
Од: karokan "gambit"
Датум: 30.09.2010 18:47:56
Saso,izgleda si istiot od Germanija.Samo pred malku ti ostaviv demokratsko pravo da se smestis vo redicata (nizata) od nepismeniot narod (taka ti gi vikas).Posle ovoj komentar,ne bidi skromen i smesti se nekade vo vrvot na redicata nepismeni!!!!!!!!! realno,go zasluzuvas takvoto mesto!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Za Kosta: Ne lov na vestici,tuku lov na vesterki. Ne znam tocno vo sto e razlikata,no slusnav od profesorot i pisatel Venko Andonovski vo edno intervju vo vrska so negoviot roman Vestica. Inaku ne si go pogresil zaklucokot za "nezavisnosta' i "nepristrasnosta" na kOMISIJATA za lustracija!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! Koga li nea ce ja lustrirame???????????????? Za ova sto sega go pravi!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: MIT BITOLA
Датум: 30.09.2010 20:16:29
Не е чудно тоа што Трендафил бил кодош, за да стигниш на толку висока функција кај нас мора да си кодош, но чудно е тоа како до сега не му „исчезна“ досието како многу други, изгледа овој човек и на двете опции повеке не им се допаѓа, а и вистина е дека У.суд е скандалозен и некомпетентен.
Од: Do MIT Bitola
Датум: 01.10.2010 08:05:39
Za da stignes na visoka funkcija mora da si kodos!Znaci kodosi se site tie sto imaat povisoka finkcija od Trendafil?Zaklucno so najvisokata,neli? Pozdrav do SASO GERMANIJA,koj od tamu ni objasni deka ne treba da barame spas vo EU!Karokan-gambit neopravdano go unapredi vo nepismen nasiot mudrec od Germanija.Uste mnogu mu treba za da stigne do nepismen!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку сме добри!
Грчките црвени линии - црвен картон
Грчките превозници ги прекинаа протестите
Газење по институциите
Како се гради замок со техники од 13 век
Друцас ја нападна Македонија во ОН
Политичари има, лидери нема
Германија плати за Првата светска војна
Еволуција
Носејќи панталони прекршува закон
Аеродромите се градат, ТАВ уште бара пари
Антимуслимански поход во Европа
Купување алкохол пак до 19 часот
Карикатура
„Мајки“ на Манчевски на Берлинале
Отворен паркот на Фредерик Шопен
Бела ноќ“ утре во Скопје
Стил
Лига Европа
Албанскиот селектор доби мозочен удар
Свети Наум добива споменик во Охрид
Во Србија веќе нема задолжителна војска






Bulgarian police raid suspected radical Islamists, locals protest
When all roads lead to Rroma
Borisov supports Turkey's EU bid