Број 3395  четврток, 30 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter

Карла Бруни

Носејќи панталони прекршува закон

Панталоните и оваа година се хит во женската гардероба на Модната недела во Париз, но модно свесната жена, како што е Карла Бруни, но и многубројните туристи, не знаат дека со носењето пантолони во Франција го прекршуваат законот стар 200 години. Полицијата тогаш издала наредба со која им се забранува на жените да носат панталони и таа наредба никогаш не ни била повлечена - се вели во новата книга на Кристин Бард, која се занимава со историјата на овој специфичен начин на облекување. Ова би значело дека оваа недела првата дама на Франција, Карла Бруни, го прекрши правилото на својата земја, поради тоа што странските претставници во Елисејската палата ги поздрави во панталони.

„Со наредба на полициското заповедништво, во 1800 година на жените им е забрането да носат панталони, освен ако немале посебно одобрување. Ова правило никогаш не беше поништено, што значи дека се' уште е во сила“, објаснува историчарката Кристин Бард, која напишала книга „Политичката историја на панталоните“. Таа додава дека женското носење панталони било социјално табу и дека правото да се носат панталони е резултат на борба во кој се рефлектира половиот сооднос. „Панталоните не се само симбол на машката моќ, но, исто така, и на сепарација на половите. Жена која носела панталони можела да биде обвинета за трансвестија“, објаснува историчарката . „Оваа жена била закана за природниот ред за нештата, како и социјалниот, моралниот и политичкиот поредок“. Во книгата се оддава почит на Марлен Дитрих, која носела панталони во 1933 година, но на модната писта не се облекувале се' до 60-тите години на минатиот век. Носењето панталони масовно се прошири во 1970 година благодарение на борбата за женските права за фармерки и за спортска облека во САД. А големо влијание имаше и Ив Сен Лорен, кој сонуваше за жените да креира еднаков еквивалент на машката гардероба. Но, историчарката вели дека денес е еднакво важно и правото на неносење панталони. Она што е најважно е слободниот избор на гардероба.


#
Статијата е прочитана 1702 пати.

Испрати коментар

Од: ДОБРО СЕГА СО САРКОЗИ
Датум: 30.09.2010 12:45:31
А со другите триесетина познати луге со разни професии со кои била мажена носела и фустани.
Од: D.V
Датум: 30.09.2010 13:14:36
Ma kakva mazzena, nikogas so nikogo ne bila mazena i sekogas se izjavuvala protiv brakot. Sega za prvpat "pristanala" da se omazi , odkako Sarkozi ja prasal majk i"' madame, dali kje mi dozvolitee da vi ja pobaram rakata na kerka vi..."? " Nemam nisto protiv", mu odgovrila i site zaedno , srekni,se pojavile za prvpat vo "dizniland", za da ja "objavat"vrskata pred svetot....i taka se vencale i srekno si ziveele ....Na svadbata prisastvuval i "praviot" tatko na nevestata, bidejki"kriviot" veke bil pocinat, ama i go ostavil cerlokupnoto bogatstvo....

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Колку сме добри!
Лустраторите одлучија
Грчките црвени линии - црвен картон
Грчките превозници ги прекинаа протестите
Газење по институциите
Како се гради замок со техники од 13 век
Друцас ја нападна Македонија во ОН
Политичари има, лидери нема
Германија плати за Првата светска војна
Еволуција
Аеродромите се градат, ТАВ уште бара пари
Антимуслимански поход во Европа
Купување алкохол пак до 19 часот
Карикатура
„Мајки“ на Манчевски на Берлинале
Отворен паркот на Фредерик Шопен
Бела ноќ“ утре во Скопје
Стил
Лига Европа
Албанскиот селектор доби мозочен удар
Свети Наум добива споменик во Охрид
Во Србија веќе нема задолжителна војска






Bulgarian police raid suspected radical Islamists, locals protest
When all roads lead to Rroma
Borisov supports Turkey's EU bid